А кога ти кажа пак да идеш? Отиди си ти на друг лекар,за што е таа доктор за да не ти каже ништо и плус со телефон да си сликаш
Кога е ептен рано и е многу малецко не се ни слуша само се гледа едно точкиче минијатурно како трепка. Ако ти рекла во ред е, тогаш не се секирај.
А докторот е за слика да ти даде? Не сите имаат печатари за слики, посебно матичните. Најбитно е да е стручен и да знае што гледа. Чудо големо ако сликнеш со телефон. Од цела бременост сликите се најнебитни. Ќе оди на скрининзи ќе добива и слики. Ако рекла во ред значи е. Ако нема доверба нека ја промени или оди на приватно.
Мене ми е битна пошо ми е прва бременост зошто да немам спомен и да покажам на своите? Ако добро ме прочита очигледно не знај ни ехо да напраив а не за стручност.. си одам на приватно за твоја информација појдов колку да видам шо се десава во меѓувреме.. за тебе ако е чудо големо одмини пост. Неможе човек да праша нешо овде од вакви како тебе
Само сакав да ти помогнам да не се вознемируваш за непотребни работи. Ама... добро. Со лесно нека ти е.
Женички дали може сакусот да напредува, а да нема срцева реакција? Онаа недела бев 6-та сега напреднало 7ма недела сум, но матичниот неможеше убаво да види дали има срцева реакција. Вели неможам убаво да го фатам да видам. Уфф А онаа недела во Ск ми рекоа срце си работи.
Па девојчето објасни дека ништо не и кажале конкретно.Ни сакус што одговара на таа недела, пистелка ќе се формира на тоа и тоа место, срцева реакција има да и пушти да слушне.Сепак тие работи секоја трудница сака да ги чуе нели.Јас не се фатив конкретно за сликичката.Таа и не е толку битна .
Не зборуваат сите доктори исто. И не објаснуваат. Ако не ви се допаѓа го менувате и толку. Не знам што толку се фативте за мојот пост.
Кај нас имаше дури и во 5 недела срцева реакција, не знам од каде си за да би ти препорачала гинеколог ама ние си одбравме првиот преглед да го направиме во Ремедика, а потоа ќе видиме иако сме преезадоволни од докторката. Одма ни пушти да го слушниме срценцето и после тоа на сликите кои ги добивме ни објасна точно што и како. Ако ти кажале дека е се во ред, не се грижи ама те сваќам.. чувството кога ќе го слушниш е неопишливо. Поздрав и све најдобро
Аууу немој така, иако првите три месеци треба пазење сепак ова е претерано. Пешачење се препорачува уште од сега, а со поголема активност во второ тромесечие. Трудници кои се активни и пазат на здрава храна по лесно се породуваат. Уште во 5тата недела бев на гинеколог кога ми потврди дека е се во ред, викендот бев главна на свадба Уживај во бременоста максимално, понашај се нормално (само не кревај тешко)
Здраво идни мајкички, скоро истово го пишав во ,,труднички муабети" ама повеќе одговара тука за две недели огромна промена кај мене, знам дека секоја бременост е различна ама можеби и кај други се истиве симптоми па ќе си помогнеме на некој начин меѓусебно. Веќе сум во 7ма недела, од денеска почнаа утринските мачнини (без повраќање само ужасно лошење), надуеност веќе 1 и пол недела. Од мало рамно стомаче со тенок струк, сега сум буквално огромен балон како да сум 5ти месец Чаре? Со лесно нека ви е на сите
Драга друшке, јас сум ти напатена душа. Пет години кубурам да стигнам до тука, подеми и падови има во нашиот пат до бебе. Јас сум должна максимумот од себе да го дадам во оваа бременост. Можеби поинаку ви постапувала и би се чувствувала ако природно сум забременила после извесен период од брак... Не велам дека постапувам во ред, постапувам онака како што ми се ствара мир внатрешен. Сепак, најважно е сите да го дочекаме крајот, како-така да истуркаме некако. Се најдобро во посакувам
Здраво феминки, За два дена ќе влезам во 8ма недела, само што си дојдов од гости не знаев дека жената е нафрлена имаше осип и таа не знаеше дали се сипаници, алергија или некој вирус .. имала и темп пред некој ден.. сипаници имам прележано вакцинирана сум и се.. Се исплашив малку од што ја гледав мислам се почна да ме чеша... а и искрено неможам да се затворам дома не знам кој е што е и дали има нешто.. внимавам се пазам и се може нема ништо напразно паника, но прв пат сум бремена и малку се исплашив.. Ќе се напијам Ц витамин др нз.. да не си раат мислам неможиш да се допазиш..
здраво,дали некој правел TORCH испитувње во 12 недела,прашав на микробиологија во мојот град немале реагенси а и исптувале само дел,сакав да прашам дали мојот матичен мозе да ми даде упат на клиника и како точно да глади упатот
Јас правев мила во 14 недела со упат од матичен гиниколог на клиника заедно со микробиолошките брисеви.
Мајки еве веќе четири дена немам добиено, направив два тестови кои беа позитивни, сеуште не сум била на лекар, денес доста пешачев, кога се вратив дома на бришење имав многу малку кафеав исцедок, се преплашив, од памет се извадив а минативе денови исто имав мн малку исцедок на бришење како светло зелено, што да правам незнам, далеку ми гледа понеделник за на доктор, можеби згрешив веднаш што не отидов, но сите ми викаат не брзај чекај....
Светло зелен исцедок е симптом на некоја инфекција. Барај понеделник и брисеви под итно да ти земат. Одмарај до понеделник ако и покрај тоа имаш кафено оди да те зирне дежурен може ти треба прогестеронска подршка.