Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. Sani.Z

    Sani.Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Здраво женички, бремена сум 7 недели бев на лекар има срцева реакција, но ми рече дека на десен дел сеуште не е прилепено целосно и дека е нормално до 3 месец, дали има некој слично искуство.

    Фала
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Macufceee11

    Macufceee11 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички, од кога се рачуна бременоста, од денот на пункцијата?
     
  3. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    Бременоста било да е по природен пат или по пат на ивф, се смета од денот на последен циклус:)
    Честито!
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Macufceee11

    Macufceee11 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ахам, значи од денот кога завршува менструацијата претпоставувам. Ти благодарам Нора :inlove:
     
    На Nora.A му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Не мила од денот на прв ден на менструација.Пример си добила денес, и од денес ќе ги рачунаш гестациските недели,кои потоа во зависност од развитокот на бебуш се корегира овој термин за отприлика една недела пред и по предвидениот термин.Секое добро.
     
    На Anomis11, Macufceee11 и Nora.A им се допаѓа ова.
  6. Macufceee11

    Macufceee11 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Девојки желудникот ми е страшно подуен и имам цело време болка во него (на допир) и кога ќе се протегнам како воспаление на мускули да имам, дали е нормално? И кажете ми лек за одење по голема нужда, мака мачам деновиве а не сум имала таков проблем тоа дополнително ме натиска и ме боли доле.
     
  7. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Баш сега прочитав во врска со одење по голема нужда да пиеш 2 лажици маслиново масло на сабајле ма гладно
    Не ми е пробано пошто досега сум немала проблем срека, ама го прочитав на друг форум од трудница во 34 недела која си имала мака :)
    Со лесно
     
    На Macufceee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    Зар може некој да голтне масло :^) јас би повратила..
    Презреано овошје, суви сливи, има и сирупи на природна база за таа намена.
     
    На Sexybaby86 и Autumn_ им се допаѓа ова.
  9. MajaLeon123

    MajaLeon123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички 4та недела сум од бременоста земам PreMama Duo матичната не ми е тука на одмор е до 26 јули бев на ехо кај др доктор ми ги препиша само тие сега ја чекам да се врати и Да збориме за боловање бидејќи работава ми е 8 сати стоење и работам со кабли кои се прскани со отрови сакам да прашам за ваше мислење?
     
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    ако работата е опасна за трудници би требало со препорака од лекар да те преместат во друг оддел
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MajaLeon123

    MajaLeon123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Така ми велат земи си најубаво боловање а за преместување исто е во цела фабрика иначе стоењево 8сати не ми е проблем сега за сега дека сум на почеток после ке ми смета
     
  12. охриѓанка

    охриѓанка Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2017
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Сигурно има замена твојата матична. Не знам баш дали е паметно да ја чекаш до 26 јули а работата ти е со токсични материи. Тие сите скоро имаат влијание некакво. Побарај си боледување одма, мој совет ти е тоа.
     
    На Anomis11, duffi и Martka им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Сируп Дуфалак земи, безбеден е за трудници. Јас го пиев првата бременост, докторката ми го даде, зошто страшни проблеми и болки имав од запек околу 10-та недела. Гаден е за пиење, ептен благ, ама помага, во смисла не да протерува, пошто не е лаксатив, туку само ја омекнува столицата и поттикнува полесно празнење на цревата.

    Од храна, јогурт со ленено семе ми помагаше, суви сливи исто, праски, кајсии...
     
    На Macufceee11 и duffi им се допаѓа ова.
  14. MajaLeon123

    MajaLeon123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Има замена, но немам одено кај неа докторов ми рече малку е незгодна нема да ми даде боледување Др нед си зедов одмор и сепак најпаметно е со неа да разговарам
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    Распрашај се по колеги, претпоставени, која е досегашната практика за работа на трудници во тој оддел. Сигурно имате некои олеснувања и посебна заштита.
     
  16. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Женски јас сум во 9- та недела од бременоста, на првото ехо докторката виде две жолчни ќесиња и само еден плод, ми кажа дека и изгледа мн чудно, ми препиша хормонална терапија и исто така кажа дека матката може сама да го отфрли едното жолчно ќесе, тоа и се случи, имав кафеав исцедок и на вториот преглед се виде само еден плод, кафеавиот исцедок кај мене продолжи па повторно отидов да видам што е работата, ме прегледа и ми кажа дека се е супер па наредна контрола ми е на 9-ти, проблемот е што имам цело време исцедок, не многу но на бришење го имам, претходно имаше кафеава боја а сега е како жолто зелен, до сега наоравивме 3 еха, цело време и кажувам на докторката за секретот и вика се е супер, но јас многу сум загрижена, дали има простор за паника, дали да чекам до закажаниот преглед или да одам да инсистирам да ми земе брис, презагрижена сум...
     
    На Nora.A му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.294
    Покриена си со терапија, само одмарај и се ќе биде во ред. Многу бремености започнуваат со исцедок , завршуваат сосем успешно.
     
    На Septemvri и lejlla им се допаѓа ова.
  18. mici-22

    mici-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    911
    Девојки првиот скрининг во 12та недела кај го правевте?
    Плс за препорака и искуство од докторот?
    Се мислев и кај матичната да го правам но сепак носам две и сум на 100 памети.
    Ви благодарам :*
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Гордана Петровска - Систина. Скрининзи и се специјалност, а плус е одлична докторка, голем професионалец. Ми ја водеше цела прва бременост, скрининзи, се' кај неа правев, и ме породи на крај. Презадоволна сум. Сега пак ќе одам кај неа и за оваа бременост, здравје боже, само да биде се' ок. 5-та недела сум и баш следнава недела имам закажано кај неа :)

    Инаку, прв скрининг може и кај матичната, но штом си со близначиња, јас би на приватно, ако имаш можност. Најтопла препорака за докторката од мене :)
     
    На Sofi.ja, duffi, kavadar4anka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство со прв скрининг кај Елена Петрова во Ремедика. Еве и вториот го закажав кај неа. И јас носам близначиња.
    Специјалност и се скрининзите, јас лично сум презадоволна од првиот. Детално објаснува, убаво, смирено... Топло ја препорачувам! На крај ќе си одлучите вие секако :)
     
    На Coco31, Nora.A, *malenavolena*87 и 2 други им се допаѓа ова.