@mal.ecka не можам да ти пишам лп, па ај тука ќе те прашам. Дали ја креваш бебка твоја во раце? Нели не смее да се крева тешко првите 12 недели, знам др ми збореше за тоа минатата бременост и ми нагласуваше, ама не можам детето да не си го земам во раце некогаш, па си ја кревам и си се галиме. Тек во понеделник сум на прва контрола, а ептен ми е мисла и страв пошто бебка моја 13 кг има Утеши ме некако
Сама сум по цел ден до неа,кој ќе ми ја крени. Со мислата сум Господ ќе не чува и се ќе биде добро. Е мојата 10кг.е...и по цел ден во раце сака.
Јас на работа одам, и штом влезам дома ми се фрла и бара да ја земам и да се галиме и играме. И кај по цел ден не ја гледам, не можам да не си ја земам. Сега и екстра внимание бара со запчињава, ептен е кенкава и нервозна и спас бара во раце. Тоа викам и јас, Господ нека не’ чува само. Си викам зар сите трудници со мали деца дома не си ги земале во раце дечињата, а сепак на крај било се’ ок
Другарками е бремена веќе 6ти месец,нормално си функционира. Нејзиното е скоро 2години. Неизбежно ми е да ја кренам.
Sexybaby86 да не има нешто за честито кај тебе ако си пишала во некоја др тема , а јас не сум прочитала се извинувам
И моето е со таа килажа, досега двапати го имам кренато, еднаш во болница и еднаш за да го внесам во градинка, значи кога било ептен неопходно. Ако не ти е забрането кревај си го, ама ако ти забранат верувај дека многу брзо се навикнуваат, си научи сам по скали, да си седне на стол, бара во раце само ако се збуни пошто некој друг го кревал, баба/тато. Зависи и колкаво е поголемото нормално. На година ипол се одвикна моето, си се гушкаме на спална најнормално
Година и 5 месеци е мојата. И она сама прави све, ама сепак е мала уште и си бара блискост, со мене особено. Ќе видам што ќе ми каже докторката на преглед.
И кај мене малиот е 2ипол години, тежок 16 кг, а јас 5-6 недела бремена. Тој си сака внимание и гушкање, навечер се успива на спална, па морам да го префрлам во креветче... Само Господ да не чува и нас и вас, со лесно и добра мисла нека е на сите Денес сум на преглед, па ќе видиме што ќе ми каже докторката....
Денес бев на преглед ама многу малку се гледаше, може и јас многу рано отидов, петта недела сум. Некоја нестрплива како мене да има?
И јас мила попладне едвај чекам да си го видам точкичето. Според мојата апликација сум 6+1... генерација ќе си бидеме. Поздрав и секое добро
Здраво жени! Утрово кивнав и ме уби сила болка во кичмата цел ден на работа. Седечка работа имам, ама болката не помина. Сеуште боли. Пробав со масажа, топли облоги на кичмата и лежење на страна со јастук меѓу нозе. Не помага. И некакво чудно чувство во стомакот Некој со слично искуство?
Миле Паника на повидок Не се плаши мешка, не е тоа така залепено како што викаат постарите И мене ми се има случено кога ќе кивнам да ме прободи болка во стомак и да се мислам што ме снашло. Те разбирам потполно, всушност сите те разбираме бидејќи сите сме исти. Фала на Господ досега таквите ситуации при кивање не биле за загрижување. Која недела сте?
Здраво идни мамички Не ми се верува дека јас ова го пишувам, но ете, вчера открив дека сум бременка. Гради отечени, огромни, суви очи, подуено стомаче. Гадење среќа немам, апетит машала. Би сакала да прашам доколку некоја од вас има дијагноза хашимото, хипотиреоза, за да си се допишуваме и консултираме. Исто страдам и од анксиозност, не е една мака Почнав да пијам Премама денес, па да видиме. Убав ден на сите.
Јас сум со хашимото. Не се секирај не е страшно ништо. Само редовни контроли и по потреба ќе ти ја регулираат терапијата. Дури никогаш подобри хормони не сум имала како во бременоста.