Исто сум и јас со хашимото... Редовна терапија и редовна контрола. Првата бременост ми беше како песна, а сега имам гадење и главоболки... како и да е со лесно и добра мисла. Јас пијам Фемибион 1 тие се на Мerck исто како и Еутирокс
Јас сум хипо. Еве уште некој ден и влегувам во 9ти. Правев почести контроли и доста ми се зголеми терапијата. Само проверувај се редовно и се ќе биде како што треба Иначе јас ги пијам Фемибионот,поради јодот.
Srcka cestitki pred se sakam da mi kazis kako se spravuvas so anksioznosta I Jas stradam a isto sum bremena Dali nesto ke zemas pozz
Јас имам хипотиреоза, хашимото, антителата веќе 3 години поголеми од 1000 Тераме 18 недела, од пренаталните ги пијам центравит пренатал, без јод се тие Ова со препорака од доктор Плус имаат и селен во составот кој редовно го примам како терапија На контрола одам на 4 недели Поздрав и со лесно!
Здраво, како се справувате со мачнини? значи веќе ќе пукнам, нон стоп ми е лошо, не јади лошо, јади, пак лошо, чат пат ќе си повратам, во последно време и повеќе од чат пат, минимум еднаш два пати дневно. Пробав со скоро се, да јадам пред да станам, ѓумбир, лимон, лижавчиња, уште б6 немам земено. Искрено се плашам дека бебуш не добива ништо хранливо од мене а веќе сум 9+3, имам закажано ехо неделава (овде така закажуваат покасно), за првиот преглед отидов многу рано, сега за сега само знам дека е таму
Ништо не помага ќе си трпиме, јас пијам и б6 и докторот ми препиша таблети антиметил, нема врска нон стоп имам мачнини, некогаш повраќам некогаш само се мачам. Обично кога станувам и ме држи може до 16h и после 20h пак почнуваат мачнините како аларм. Јас сум 8+2 и неможам да си најдам лек уште од самиот почрток ми е вака, и од вода ми се повраќа. Ако некој знае нека ни помогне
@Scorpio87 јас сум хипо. Пијам Фемибион,прво 1 сега 2. Во нив има јод и тоа ми одговара за жлездата. Јас пред да останам бремена ми беше покачен ТСХ кој што всушност и не дозволувал бременост па ми беше покачена терапијата 75/100мг. На почетокот одев на 3 недели на контрола, последен пат бев почеток на јуни, терапијата остана непроменета а на резултатот докторот ми напишал да одам на контрола после породување. Тоа ќе му дојде после 5-6 месеци од последниот пат. Знам дека во почетна бременост е многу важно овој хормон да е под контрола,додека се развива плодот. @starish @MumToBe без грижи јас скоро до 5ти месец повраќав и ослабев 5кг. Докторката фино ме смири дека плодот си црпе се што му треба и се додека нормално се развива нема причина за паника. Кога јас цела исцрпена и испаничена отидов кај неа,она ми рече повраќањето е знак на здрава бременост,ќе помине. Мене ми помагаше кока кола,некако ми даваше сила,а во деновите кога бев ептен за никаде пиев по малку од сокот за спортисти Исо спорт од лимон,го има по маркетите. Од таблети ми беше дозволено Рупурут и Гастрогард, но од нив дали по една земав.
И јас имав кафеав исцедок и ми дадоа добростон си ги пијам редовно и ми се среди и сеуште си ги терам бидејќи биле добри од не дај боже крварење или пуштање.. со лесно
За мачнина нема спас за жал. Мене ми помагаше сабајле само крекери, банана по малце и многу вода. Не се плашете ако ослабнете. Јас отидов -4кг, после второ тромесечие се нормализирав. За жал и мене мачнини многу рано ми почнаа, од 8ма до 18та недела имав. јадев како маче. Антиметил еднаш земав и повратив. Од тоа ѓумбирот мислам како змеј бев, душата ми гореше. Течности се спасот. Преку 2л пиев сигурно. За бебулки не се плашете. Тие си земаат што им треба. Е сега јас на крај лижев Гастрогард, да прашате дали смеете. Јас доцна дознав ама многу ми помогна, ми се гадеше пак + киселини. Со лесно на сите. Јас си се навикнав на гадење. сега ми е смешно ама тогаш плачев...
Кока кола и јас по малце пијам, моментално ми помага ама не ми е воопшто убава, за време на јадење си ставам пола чаша за да ми оди полесно јадењето инаку без кока кола јадам и мислам назад ми се враќа. Еве денес цел ден ми се повраќа и неможам ни да заспијам уште не ми се смирени мачнините а кога ќе ги отворам очите насабајле пак ми се гади што значи без престан е тоа. Од поручек почна да ме боли левата страна некаде под ребрата, над спојлерите, му пишав на докторот ми рече најверојатно е бубрег или жолчка да се напијам кетонал и спасмекс, се напив некаде околу 6часот но не ми помина, во 9 пак му пишав ми рече чаеви од брусница и увин, испив околу пола литар од брусница но еве неможам да заспијам пак ме боли, ми рече може и преладено да ми е од климата, овие денови постојано ми е пуштена пошто ми паѓа притисокот. Исто ми рече ако ме боли многу да одам до болница, ама овде во Струмица само во брза помош може да отидам и не очекувам ништо од таму, така да му пишав до понеделник ако не ми помине ќе одам докај него во Скопје.
Исто имав и јас болка, но не толку силна за апче.. баш прашав ми рекоја доколку си имала претходно камен или песок во бубрег може пак да се направи така да потребно е повеќе течности и ако имаш болки тоа спасмекс.. шо повеќе течности тоа подобро.. и јас забушавам али се трудам колку можам толку со лесно ако имаш многу болки на лекар најдобро..
Можно е да е бубрегот затоа што пред да останам трудна си пиев некаде и до 3л вода ( само вода пиев и цедени сокови друга никаква течност) сега дали пијам по пола литар денес едвај 1л и плус чајот. Многу, многу ми се повраќа од вода, не знам дали некој имал толку одбивност кон вода како јас Инаку болката не е толку силна колку што е непријатна, како нешто полека да ме прободува, не е наеднаш како штрекање
Малку бизарно ама полесно ми е кога знам дека не сум само јас Инаку мм ќе ме збудале, мислам дека стварно не очекуваше дека ќе биде вака веќе сто пати повтори дека не е нормално волку да се мачам. Ќе пробам со кока кола, вчера неуспеав ништо да задржам, дури вечерта накај полноќ збутав еден двопек. Ама после тој вчерашен егзорцизам денес ми е полесно
Не бре ништо не помага, синоќа во 3 повраќав сабајле во 8 9 пак исто. Еве сега јадев пак ми се повраќа, нема спас од ова состојба, мора да се помирам. Ни можам да мислам на јадење, ни да гледам, дури и од читање ми доагаат нагони..
дали во 13 недела е нормално да имам болки во левиот дел кај јајникот како да ме прободува нешто,не се мн силни ама се непријатни,или да појдам на лекар?
Јас еве истите како со нож да ме боцка нешто ги имам во 6та недела, ваљда и кај мене е нормално појма немам. Исто не се страшни само така лево па десно потсетуваат дека нешто се случува
Здраво женски бремрна сум за прво дете 22год имам, во 10 недела сум многу не работам не се изморувам но левиот колк ме боли премногу да седнам и не можам после да станам да цапнам на нога.ве молам за совет
Zdravo lugenca, sakam da prasam dali od bremenosta imavte glavobolka? Jas sum 12 nedela mnogu mi se gadi I imam gkavobolki plus sum na noze 8 saati takva mi e rabotata nekako nemam ni sila poveke so ovie macnini