Малата ми е 13 месеци. Бремена сум 7 недели. Вчера бев на гинеколог и прашав. Одговорот и беше дека до 15 кила можеш да држиш до 3-то тромесечие (освен ако осетиш болка).
Ве молам за помош! Цел ден денес имам големи и неподносливи болки во половината и стомакот, не знам што да направам дали да одам на брза помош. Иначе сум 5та недела и немам појдено на доктор бидејки не сум во мк и сум на термин.
Оди на доктор. Ќе ти дадат нешто за поддршка на бременоста. При јаки болки треба да се реагира. Јас така те советувам. Се надевам дека се ќе биде во ред.
Женски, дали некоја имала проблем со покачен крвен притисок во рана бременост? Јас сум 10 недела, и еве веќе 2-3 дена имам главоболки, како пулсирање во главата и мерам вчера и денес притисок 135/90 а обично ми е низок до кај 100/60. Се јавив кај докторкава и чекам да ми кажи шо да правам....ама некако читам ова не е баш нормално. Некоја совет некој?
6та недела и 2 дена сум, идната недела на преглед и се надевам ќе го чујам срценцето на моето срценце. Али ме мачи, истовремено гладна сум и ми се гади. Градите не праам муабет. Стомакот отечен ко 5ти месец да сум. Да споделам дека од кока кола ми поминува гадењето, може да пробате ако имате проблеми со тоа. Промената на времето уше толку ме доутепа.
И каj мене е исто.Jас и киселини имам,10 + 2 сум. Градите ми се отечени исто како пред менструациjа.Такви се првите недели,к'е помине. Со лесно
Јас сум 9 + 2 и сега за сега добро се чувствувам, немам мачнини, но имам потешкотии со одење во тоалет, некогас се случува и по два дена да не одам па кажете некоја исхрана за тоа, како се справувате со тоа?
Денес цел ден имам морници по телото, гадење и главоболка. Неподносливо, едвај издржувам на работа. Некој ги има симптомиве? Дали е од промена на времето не знам, но одвратно се осеќам
Јас сум 7ма недела и повраќам од 2 до 4 пати на ден. Мутава сум како хормоните да ме удриле во глава,ама онака ептен јако и дури како пијана сум, немам желба ни тв да гледам. Мислам дека и твоиве симптоми се нормални сигурно ке помине ,која недела си? Докторката ми рече дека тоа што ни се гади е знак дека бебето се развива,така да мисли на тоа и опушти се со лесно.
Јас сум 7ма недела и 5 дена, пред малку си повратив. Лошото е што сум на одмор кој од поодамна го резервиравме и уплативме. Знзм дека не смеам на сонце, ќе се трудам да се пазам. Со страв јадам иако откако ќе повратам ко преродена сум, ми олеснува. Гладна сум црева кркорат а страв ми е да јадам. Му го слушнав срценцето на бебушот пред неколку дена и тоа ме храбри. ❤️
Јас сум 6+4, денес прв пат бев на Др. затоа што беше на одмор. Ми утврди бременост преку обично ехо и ми дадоа од кај нив бесплатно Folic Acid + Iodine (фолна киселина) да ги пијам до 3ти месец. Треба да идам за 10 дена за срцева акција да видат. Од симптоми, болки во градите, чат-пат во стомак. Доколку имам мачнини ми рече Б6 да пијам. Од кога обично почнуваат мачнините, повраќања ? Е сега не знаеме што да правиме, имаме закажано одмор од 5ти, дали да одиме дали не. Докторот рече дека може со тоа што да не се изложувам на сонце. Мене ми е страв. Ваши искуства и препораки ?
Здраво Најпрвин честитки , убава и лесна бременост . И јас сум бремена и во 8 недела бев неколку дена на море .Мене лично толку ми годи морето и климата и се чувствував одлично што буквално на моменти заборавав дека сум бремена ,што не е случај кога сум си дома повраќање , целодневни мачнини итн итн .. А таму како нова, абе преубаво ми беше идвај чекам да одиме пак средина на август . Си се однесував како и најнормално , седев по цел ден на плажа дури и се сончав малце си пливав .. и ништо од тоа не ми пречеше . Еве сме тераме 11 недела и сме супер , едвај чекаме пак да пливаме со бебо Така да јас не гледам никаков проблем во врска со одењето на одмор ,ама сепак ти најубаво си знаеш како се чувствуваш .