Од 6та недела . Се надевам нема да ме држат уште долго Вака ми е многу мака , најмногу поради тоа што од секоја храна ми се гади а од друга страна па кога сум гладна ми се лоши наеднаш и морам да јадам во најбрзо време . Хаос ! Само да е се во ред со бебето ама искрено ми е страв поради тоа што периодов храната што можам да ја јадам е исклучиво нездрава Комплетна спретивност од тоа што го јадам во нормални услови . Е, сега чувствувам аверзија спрема здрава храна . Маж ми се храни нездраво , па го зафркавам дека ќе да е метнато на него А го замислував периодов сосема различно , мислев дека нема да јадам ништо друго освен нутритивно богата храна ... Кај тебе ситуацијата каква е ?
Изгледа сите ние сме замислувале нешто сосем друго, но реалноста е таа . Јас сèуште немам некои поголеми мачнини и гадења, освен насабајле морам да каснам нешто штом се разбудам за да ми се смири желудникот. Во однос на храната гледам да внесувам повеќе витамини преку овошје и зеленчук, користам микс од семиња (чиа, црно семе, од тиква, интеграл...) како додаток на пр. со смути или јогурт, месо ми рекоа да јадам за железото, а да избегнувам лубеница, праски,благо зашто мн шеќери содржат и лесно можеш да качиш кг. А да прашаш да ги пиеш Пре мама ? Мене ми рекоа после 3ти месец, но моја пријателка и сега ги пие во 1/3.
Пијам јас мила Фемибион 1 , ама сепак мидлам дека и исхраната е уште повеќе важна од суплементите. И јас порано секоја вечер си пиев смути од овошје си јадев салата обавезно ама сега .. само што пимислам на нив ми се гади . Ова не сум јас .. Така ептен на зор ќе изедам некоја салата и повраќањето не ми бега.. Се надевам дека е период и дека ќе се стабилизирам да можам да се хранам по избалансирано . Баш фино што немаш мачнини се надевам ќе те прескокнат , како една моја другаркасо двете деца ниту еднаш не почувствувала мачнина
Трудници дали се бањате во езеро\море во првите 3 месеци ? Сакам да го прашам гинекологот дали ке ми биде дозволено бидејки минатата недела малку прокрварев и одмарам сега пијам Дабростон.. И спијам постојано на стомак мислам ке наштетам нешто на плодот, има ли врска? од утре 8ма недела сум. Поздрав
Nema vrska dali ke lezis na stomak ili ne vo prvoto tromesecie a stom si prokrvarila cekaj da pomine prvoto tromesecie pa posle odi na odmor
Добро утро женски јас сум 9+2 недели ама имам неиздржливи главоболки и болки во желудникот неможам да издржам веќе докторот ми кажа реглан да се напијам ама не помага ни парацетамол ве молам кажете нешто друго инаку мн повраќам
Сигурно е тешко ама пробај само со реглан, за желудник незнам дали нешто друго можеш освен така со лесна храна и мирување и да чекаш да поминат барем повраќањата. А за главата ако ти е од низок притисок пробај кока кола мене ми помагаше,апчиња никако. И само одмарање колку повеќе толку подобро. Со лесно
Девојки здраво Денска сум 7 недели и 1 ден Бев на лекар денеска, се вративме утрово од одмор и сакав да видиме ккао напредува бебенцето Рече добро се развива засега но ми рече многу да внимавам, да не излегувам никако на топло, на исхраната да внимавам многу, дури и боледување да земам ако е вака топло наредната недела бидејќи јас секојдневно патувам до работа 40 мин Да не ме тресе патот барем следниов месец максимално да внимавам Ми даде дабростон обавезно да пијам секој ден до 12 недела, таблетки ако имам мачнини На ехото се виде срценцето како пулсира Пресреќна сум
Ау што ми се дешава освен повраќањето, месо не можам да смислам ни да помирисам ок никогаш не сум била љубител, ама сум сакала мелено, плескавици, сега ми се гади само од помислата
Ќе помине. Период е. Јас до 14 недела никако не можев месо. Со сила јадев телешко бидејќи знаев дека морам. Одвај го голтав. До 14 недела можев само на овошје и зеленчук да живеам. Е сега веќе... Јадам буквално се. Во мојот тањир ништо не останува.
Девојки здраво 7+3 сум, еве од кога се вративме од одмор неможам да јадам нормално, наутро ми се лоши, немам повраќано до сега но ете ме мачи цело време желудникот. Месо неможам да смислам, од помислата на некоја храна ми доаѓа да повраќам... Пијам антиметил по една но пак ми е лошо. Киселина ми иде како да ми гори во грлото. Докторот рече нормално е да се јават мачнини но на топлово тешко се поднесуваат
Јас сум по мое мисмење веќе 8 ма недела , деновиве ќе отодам на проверка кај гинеколог . Инаку си проверив и крв и се. Утрински мачнини имам секоје сабајле во текот на денот немам некој си шрпблеми и тешкоти освен што брзп се изморувам . Повеќе ми се леже отколку да седам или пешачам. Едноставно немам енергија. Инаку пијам и фемибион . Имам и грчеви во мешето од време на време .
Девојки здраво Денска сум 8 недели и 2 денa Бев на лекар денеска и срце видовме јас и маж ми сме пресреќни. И јас немам повраќано само ми се лоши и киселина има понекогаш. А за спиење да не зборуваме хаха 12 часа спијам и пак сум уморна . Ама кога денес прв пат видовме срце на се заборавив пресреќна сум. Позз до сите
Честитки мила и со лесно Јас сум 7+6, минатиот петок и ние видовме срценце и знам колку сте среќни Секако повеќе спиеме,побрзо се уморуваме, мачнини, болки понекогаш и така....
Здраво девојки како ви поминуваат деновите во првото тримесечие. Јас сум од денес во 12 недела апетит немам .. пијам фемибион 1 . Повеќе ми се одмара и лежи . Мачнина само наутро имам и тогаш ми р најтешко да јадам .. на сила по малку јадам . Одредени денови имам болки и грчеви во стомакот а пак дриги ништо .
Здраво јас сум 8.4 и до денес се беше супер, а денес мачнини,нагон за повраќање и пролив. Пијам линекс :/ Ти цело време имаше или сега ти почнаа? Држи се, не дозволувај да прегладнуваш, мене досега тоа ми помагаше. А ќе осетам мал глад и ко мачнина, дај му залче леб нека се занимава желудникот. Ама ете денес некако не ми успева
Честитки и со лесно Јас сум 9та недела Мене понекогаш на вечер ме фаќаат грчеви и болки во стомакот, а мачнини во различни интервали во денот. Не повраќам ама многу ми се спие и одмара