Леле исто и јас, преку цел ден имам мачнини, денес црева истурив. Докторката ми кажа ако ептен ми е лошо да купам сируп имбифем нешо пишува... ако продолжи ова вака ке го пробам.
Денеска бев на преглед. Го видов моето мало срценце. 9+4 сме но докторот рече одговара на 10+1. Големината на плодот е 32.1мм. Е сега незнам дали се добри вредностите но тој вели дека супер напредува. Нареден преглед некаде 12 та недела приска Многу е малечко душата ми трепери кога го гледам како чука срценцето Солзи ми идат од среќа
Јас сум 10+4 и исто со повремени болки во долниот дел и многу мачнини. Последниве неколку дема стомакот ми е подуен, дури мислам ќе експлодирам. Наутро рамен даска, по јадењето како балон и ми прави притисок. Вчера зедов сода бикарбона па малку ми се смири.
Исто и кај мене, наутро нема стомак се дури не седнам да јадам не можам да дочекам до 12та недела психа ме изеде
Бремена сум 4 недела и некој ден, дознав во средата, прво имав како бодежи во јајниците , вчера цел ден имав зголемено мокрење , вчера бев малку под стрес и вечерта имав менструални ама слаби болки нормално ли е ? Ми е страв малку. А на сабајле ме боли половината доле.
понеделник сум на гинеколог, и едвај чекам и малку ми е страв, дали ќе биде се во ред, само таму ми е паметот.
утре ќе бидам 4+5 што мислите дали ќе се види плодчето ако е се во ред ? Вие кога за прв пат бевте на гинеколог од како дознавте дека сте бремени?
Многу е рано. Почекај две недели за прво ехо. Може и срце ќе си слушнете. Мојот прв ехо преглед беше на 6+4. Тогаш слушнавме и срценца. Почекај, не брзај. Знам дека чекањето е многу тешко
Честитки за бременоста , со убаво и лесно Дознав многу рано дека сум бремена ,ама првиот ехо преглед ми беше кога бев 6 недели +6 дена . Веднаш си слушнавме срценце . Моја препорака ти е да причекаш со прегледот и да отидеш во шестста недела а во меѓувреме само земај си пренатални витамини . Ова е се разбира доколку немаш никакво крварење ,тогаш е друг случај се оди за да ти дадат подршка . Доколку е се во ред причекај .
Бремена сум 5 недели и 3 дена, сабајле кога станав ми се слоши и реков да каснам нешто ама ми се лошеше од се и само малку јогурт се напив и наеднаш почна да ми се лоши уште повеќе се препотив и ме облеа жештина некоја, жива вода станав одма легнав и за некое време ништо не ми беше ми помина, ова прв пат денеска ми се случи, нормално ли е ? Имала ли некоја други вакви симптоми? Многу ми е страв бидејќи претходно имав еден абортус. Среда сум на преглед за срцева акција се надевам ќе биде се во ред.
Нормално е, не се секирај. Револуција во организмот се случува Мене во 7 и 8 недела истото чувство на два пати ми се јави. Не се загрижува...
Нормално е, сепак промена е, мене пред два дена во аптека ми се слоши, жештини ме фатија иако надвор не беше топло, малку фалеше да паднам стравот секако е присутен зошто и јас имав еден абортус ....
Добар ден идни мамички Денеска сме 11+3, утрово кога станав почнав да чувствувам болки околу папокот и во левиот јајник, не се толку силни но така како прободнувања и често мокрам, се осеќам подуена... Немам проблем околу лошењето засега за разлика од 7 ма и 8 мата недела Ме фаќа страв, на преглед сум дури понаредната недела....