Женски, едно прашање. На 25 август требаше да ми дојди, но на 26 правев тест и беше позитивен и Бхцг 628.18 истиот ден. На лекар во среда треба да одам (утре не работат). До сега имам доста симптоми, често мокрење, тежина, градиве одвреме навреме ме болат и тежат, болки привремени во јајници или матка, сега последнава недела гадење ми се јави и одеднаш се чувствувам прегладна, минсе повраќа и морам нешто да каснам. Е сега, сношти пред легнување кога се бришев нешто како потемно да забележав на тоалетната а и утрово. Нема крв, туку при бришење како многу бледо кафена боја се познава . Од ум се вадам, дали имате некое искуство? А реално и цело време се проверувам да не ми дојди, па од сношти се подиспаничив.А според календарот, вчера ми е овулација нели за новиов месец (не ми е стопиран како за бременост) Нешто тоа да не има врска?
Немај гајле,кафеав исцедок е,стара оксидирана крв која се чисти сега во вид на исцедок.Јас сум 11 г.н од денес,го имам од почеток 1-2 пати неделно и не го рецкам веќе.Се вадев од такт на старт,сега не. Ако тезагружува тркни на лекар.
@lavinija28 Не значи дека не е ништо, барем не кај секого. Во прва бременост имав кафеав исцедок и завршив со missed. Во втора бременост во 6та недела пак ми се појави и со утрогестан престана. Најдобро е да се оди на лекар.
Да и то многу далеку, ко одев бев 5-6 недели, ко се враќав негде 4 месец. Консултирај се со доктор ама ако немаш проблеми ќе ти дозволи.
Да јас патував на почеток на бременоста. Живеам во странство и кога дојдов во Мк дознав дека сум бремена бев негде 4 недела а кога се враќав 6. Докторот ми рече дека во првите три месеци не е препорачливо летање на долги летови но мојот е околу час и 20-30 мин и ми рече дека ќе нема проблем. Сепак консултирај се со лекар. Позз
Еве и овде да пишам, денес на 6 недела и 3 ден го видовме гравчето хахаха и слушнавме срценце. Тоа кафенкото можно да било од што грлото на матката ми е помлитаво, па ми даде утрогестан вагинално да ставам (200мг * 2 пати) за да се затегни матката. Да не се преморувам и да се пазам до 12 недела. Се надевам ќе е се во ред
Девојки може инфо кога правевте прв скрининг ? А оние што правевте пренатални тестови кога ги правевте нив ? Претпоставувам ако се прави пренатален не треба скрининг ?
Девојки Денеска сум 12+1,имам закажан преглед на 12+6 но некако не ме држи место... Еве веќе два три дена ги немам симптомите како од минатите недели, градите ми се намалија, лошење немам, а и подуеноста ја нема Полесно одам до тоалет, стомакот ми е како даска, не ми се познава воопшто знам дека е рано ама сепак.. Дали од подуеноста ми изгледаше поголем... Ме плаши што одеднаш ги изгубив сите симптоми Само вагинален исцедок имам. Никако Нескам да мислам на лошо но ми спомнаа дека тоа може да значи дека плодот веќе не е жив недај боже Ве молам за совет и ваше мислење
Се случува често да се изгубат симптомите после 12 недела, јас исто преку ноќ снемав симптоми, има и други девојки исто што пишувале. Пробај да не се грижиш толку, за 5 дена си на контрола, одма ќе пројдат.