Штом веќе има скрининг правено само Приска ќе прави на ГАК. Упатот и е за лабораторија и е без термин.
Мајки а тие резултатите од приската кај матичните ги испраќаат или вие си го земавте? Минатата недела правев приска 2, кој знае што беше тоа, без везе ... па мислам дека ми спомнаа кај матичната дека ќе ги пратат, од што ми е страв незнам дали да се јавувам да прашам како се
Моите ги пратија кај матичната,ги земавме и пишуваше -low risk. Нема од што да се плашиш ако има нешо и на ехо се гледа тоа.
Ехото беше се супер, во 12та недела го правев (сега сум 19та) и ниту јас сакав приска ниту докторот што ми го правеше скринингот ме советуваше да ја правам...ама матичната се запна за приска 2 и ајде прифатив јас колку да се малтретирам и вака да не сум рает, знам дека се тоа статистики, глупости ама ми фуфка бе
Јас па не те разбрав баш и ти кажав за мојата од 12та недела,а и овие приски баш не ги разбирам. Значи ти правеле една во 12та недела и сега уште една се прави во 19та недела??
Здраво девојчиња, јас минатата недела правев тест и ми испадна позитивен. Утре имам закажано на гинеколог, ке бидам 6 недела + 2. Мислите ке се види нешто или требаше за подоцна да закажам? А имам и болки во стомакот, а и денес кога се бришам како бледо розева крв да има на хартијата. Кои симптоми ги имате вие овој период? Втора бременоста ми е, ама од предходно се сум заборавила како беше.
Дечки, во првово тромесечие јас проверив само крвна слика и група. Наредно др ми рече да појдам во 13 недела. Дали дотогаш се прават некои други прегледи/брисеви...? Таа ништо не ми рече, па си викам можеби понатаму да не треба....?
Здраво девојки, завчера дознав дека сум бремена. Вчера бев на гинеколог, 4 недела сум, ми препиша Dabroston i Utrogestan, без некакви индикации, чисто за секој случај за да се задржи плодот. Дали ова е вообичаена терапија на самиот почеток од бременоста?
- Честитки за бременоста Јас кога бев бев 6 недела и 3 дена се виде точката/ гравчето а и се слушаше срценцето. Мене ми се јави еден ден темно кафено како валкано и ми даде вагинално да ставам Утрогестан од 200мг 2 пати по едно. Мислам дека во 6 недела ќе се види нешто....
Заради превенција знаат докторите да дадат бидејќи нема штета од нив, напротив. Како ти рекле, така прави. Со лесно нека ти е.
Ај и од мене здраво, не ми се верува дека пишувам овде Според некои мои пресметки сум 4+2, дознав дека сум бремена пред пет дена. Повремено имам менструални болки, некоја поинаква внатрешна болка во градиве, зевам цел ден, надуена сум и ич (ама ич) немам апетит и јадам сосила. Сабајлево се извадив од памет, оргазам доживеав додека спиев, бог да чува Не е опасно се надевам, контракциите од оргазмот се надевам нема да наштетат. Искуство некоја со вакво нешто? Или изрод сум
Убава таа Со лесно уште еднаш. Ќе доживуваш во сон, ехеее Ми се случило и мене во рана бременост. Истото прашање и јас си го поставив. Уживај
И јас имав до накај 3 месец и се вадев од памет,но фала Богу истеравме до крај.Али се незгодни и трчав во вц како штракната.Секое добро мила и честитки
@0ли Од хормоните ти е,и јас не знам колку пати сонував секс и “имав” оргазми.Го зезав м.м дека го убив од варање на сон. И мене страв во коски дека не смеам да имам односи и контракции,постелката ми е скроз доле. Ке имаш болки во наредните недели,и во кичма,и боцкања и менструални,како ке наближува крај на 1во тромесечие,така ке се намалуваат,само биди без гајле. Не носи тесен џинс,ке те притиска а сега имаш повеќе гасови и ке ти ствара боцкања и болки,чисто да не се вадиш од памет
Дали ви се случило да не можат да ви испитаат уринокултура ? Кај мене пишуваше дека била контаминирана и дека има присуство на антибиотик , да поновам пак , денес однесов пак па да видиме , си велам да не пречи кринонот ? Бидејки во урината има парченца како урда хаха морав некако да опишам хаха .
Немам вакво искуство @Milicka* но верувам не е страшно,за ден два ке се повториш.Инаку урината не е никогаш бистра,во чашката само се приметува дека е од блиску.