Богами стомакот ми е надуен и не можам да се утегнам во ништо, сафра ме фаќа, си носам комотни алишта. Крвната слика малку ми е чудна, тромбоцитите ми се покачени, но се тешам дека сум покриена со Аспирин и Фраксипарин. Само да биде добро сè.
Јас дури сега почнувам по малце да сум надуена , имам мн гасови и болни гради , навечер мн гадење , се си јадам хаха ,ништо не ми пречи , на почеток не јадев благо и ослабнав 5 кг , сега ми се враќа апетит и за благце хахаха , само скринингот да биде како треба па малку да се смирам , но имам време уште уффф.
Оли честитки и мн. ми е драго, незнам зошто ама многу пати те имав приметено и во другиве теми каде што пишуваш па затоа ептен мило ми падна што бидна работата само слушај инструкции од доктор и уживај, со лесно
13-та недела сум, имам воденикаст исцедок дури ми се намокрија гаќичките, имам цело време исцедок но не толку силен, сега дури се исплашив кога осетив дека ми тече нешто Дали се има случено на некого вака Прекина но сепак се исплашив
9+2 ,со лесно да ти биде и тебе и да си имаш школска бременост , без мн плашење иако јас цело време сум стресена хахаха но ке си се тешиме сите , тоа ни останува , лежи читкај , гледај филмчиња и чекај го прегледот хахах Нон стоп ми течи како водичка веројатно е ок , хаха ,по 3-4 влошки менувам на ден
Нон стоп имам исцедок,варира од воденкаст до белузлав,нормален е,и како одминува бременоста мислам дека се зголемува.Да,непријатно е кога си надвор и осеќаш како ти тече,помислува човек на лошо Ставај секојдневни без мирис ама,и менувај во зависност од количеството,не е убаво да е влажен вешот,совршена средина е за размножување на бактерии.
И јас имам исцедок и баш ме загрижува, понеделник сум да ми земат брисеви, кој знае што ќе излезат резултативе. А и некако опседната сум со стомаков, само се гледам на огледало, поручек кога ќе се најадам имам меше, а на сабајле е мало
11+5 @elimkd Ако ти е прва бременост покасно ке почне да се познава,плус ако имаш затегнати мускули на абдомен тие ја држат матката дополнително. Немој да се грижиш,сите викаат дека буквално преку ноќ се испакнува
Имаш меше зошто си подуена навечер, сабајле спласнува стомакот. Рано е за меше, не се секирај. Мене во 23 недела почна да ми се познава мешето, до тогаш одев у нормални панталони, а после 27ма нагло скокна. Сега во 35 недела стомакот е 3мин пред мене
И јас сум 13+1. Тука сме Исто и јас уште немам меше, после ручек по малку Едвај чекам да почне да се познава Прва бременост ми е а никогаш несум имала стомак, онака кога прејадам само
@dunika, @srce-9 и @KuklickaSk ви благодарам многу Не ми е прва бременост лани ова време не ми се разви плодот заостана во 7ма недела, што дополнителмо ме плаши немав никакви болки, симптоми ниту крварење ... Иначе слабичка сум ама мисла ме мачи Ви посакувам се најдобро
Ќе биде се во ред, ти имаш поминато и прв триместар веќе. Само не слушај коментари од околина, луѓето си даваат за право да коментираат за се. Јас добивав коментари во 17 недела како може да сум трудна кога немам ич стомак, па после со денови се нервирав и мислев дали е се во ред. А немало воопшто потреба од нервирање.
Бремена сум 7+2 прееска кога станав од кревет наеднаш ме сецна од десна страна јајникот не многу јака болка за неколку секунди ми помина и после ептен ептен слаби менструалнни болки и боцкања во јајникот. ова ми се има случено и кога ќе кивнам доле да ме пресече наеднаш. нормално ли е ? многу ми е страв да не се случи пак нешто лошо.
И мене така некое време ми беше, едно време ме боцкаше од лева страна кај јајникот па помина, па еден цел ден од десна страна ме штрекаше па и тоа помина и така.. Да не е само некоја јака неподнослива болка изгледа вакви сецкања се нормални. Одкако влегов во 14та недела почувствував олеснување некако..
Среда сум на контрола. Докторот рече почесто ќе идеш бидејќи претходно имав еден абортус . И се надевам ќе биде во ред овој пат иако стравот е голем.