И јас ги имам секој ден, но се издржливи. Се јавуваат, па ги нема, па пак и така во круг. Нормално е, без грижи.
^Цело прво тромесечие е проследено со повремени, слаби менструални болки. Додека научиш дека е нормално, загриженоста убива. Се додека се благи и издржливи, немајте гајле. Ќе ви помине тримесечието како песна. После следува "златното доба" или второто тромесечие, па за крај, се подразбира потешкиот дел (поради мешко). Да ви летне времето!
-И јас баш за тоа цело време прашував и се изначитав значи ова ми е прва бременост, постојано не знам што да очекувам, што а нормално а што не (реално јас имам 32 год и плус дополнително се плашам) и цело време мислев дека кај да е ќе добијам со тие менструални болки (само трчав во веце да проверам). Сега од денес влегувам во 8 недела и можам да кажам дека понекогаш се јавуваат ама не така често како до кај 6 недела. Мене во 6 и 7 недела (ќе видиме до кога) многу ми затежнуваа навечер јајнициве па др рече нормално е матката си се шири. Така да, ете нормални биле и тие болки. Се' ни' е нешто ново ама ќе мораме да се навикнуваме :) се' за нашите мешковци ќе се издржи
Нормално ли е да немам никакви мачнини. Гадења. Лошења повраќање? Мислам имав лошење до пред некој ден само на сабајле така по малку, и многу ми се гади од лук , неможам да го смислам. И еве од вчера немам никакво лошење а многу ми се јаде, осеќам цело време глад.
Нормално е,и јас на почетокот немав и се чудев,ги барав...е после кога се појави гадење и повраќање се покајав
Да мила се случува,но појди да ти дадат инекција прогестерон и терапија утрогестан или дабростон.Појди до систина тие даваат одма прогестерон,а на гак кога бев не ми дадоа ништо.(мое искуство).Ако имаш терапија и пак имаш кафеав исцедок консултација со доктор.Секое добро
Имам во среда сабајле дог на доктор ..ама си викам да не е нешто хитно,имам дабростен пиено кога имав циста па се среди со тоа
Јас го имав со 10 Г.Н,по еднаш-два пати неделно.Кај мене се работеше за стара(оксидирана) крв,се чистеше матката. Не беше количински многу,или на бришење само,или капка-две на секојдневна.Непријатно е и ствара немир,но мене тројца различни д-ри ме успокоија дека е сосем нормално. Тркни до лекар да те ѕирнат,и да си покриена со прогестеронска терапија,вагиналети или инекција,битно да си раат.
Женски, вие кои одите кај повеќе др заради повеќе мислења, когс за прв пат појдовте и на второ мислење? Јас само еднаш бев на вагинале прв преглед кај матичната и сега ако се е ок треба во 13 нед. пак. Но не знам во меѓувреме дали да појдам и на приватно , а не сакам насекое вагинално ехо да не не чини....оти периодов ми рече матичната и односи да немам поради тогаш тој кафениот исцедок и дека подолу е плодот. Што мислите?
Јас од почеток одам кај двајца доктори. Мене до 12 недела ме гледаа вагинално и јас имав крварење во 7 и 9 недела а сепак вагинално ме гледаа. После 12 недела абдоменално ама кога одам во систина а тоа е 1 месечно докторката ми мери цервикс а тоа е вагинално. Така да мислам дека до 12 недела гледаат вагинално после тоа не
Јас немав исцедок ама и мене ме гледаа до 13 недела само вагинално. За првиот скрининг ме гледаа и абдоменално и вагинално бебе многу мрдаше па неможеа да го фатат и затоа скоро цел скрининг бев со вагинална сонда а скринингот ми траеше скоро 1 час и немав никаков проблем. Мислам дека сите првото теомесечие ги гледаат вагинално без гајле тие си ја знаат работата
И јас во 5та недела имав кафеав исцедок веднаш отидов на лекар ме виде на ехо имаше циста, среќа се исчисти, примав терапија утрогестан
Леле @Adams еден час Машала.Мене 10-15 мин ми траеше скринингот,и моето мрдаше многу па не се гледаше ништо со абдоминално,мораше вагинално.
Девојки помош, дали некоја досега имала бактерија клебсиела во урина ? Мн сум исплашена ,го консултирав докторот да видиме што ке каже .
Да скоро 1 час се криеше се вртеше па нухал неможеа да фатат бега Ми правеше скрининг др.Таше и син му на луѓето кичмата им падна