За еден саат му имаат предвидено идна професија на детето И тебе алал да ти е што си издржала со сондата внатре
Ivanovski , imam klebsiela vo urina , ko so citam dosta e opasna predizvikuva spontan , mozebi zatoa mi dade , znaci premnogu se plasam zosto Bozeee , samo da e se ok so bebceto ,
Тогаш пиј без да се мислиш. Знае тој. Не се секирај. Земи и пробиотик обавезно додека го пиеш антибиотикот. Се ќе биде во ред со бебето, не се нервирај
Здраво ,дознав за бременоста во 6та недела градите многу ми порсднаја и беа болни , сега сум негде 8ма во 9та недела и ми се намалени дали е во ред и нормално ? малку ме плаши..
Женски, можеби имам пишано претходно, не памтам-кога ги правевте првите брисеви за бактерии? Мене сестрата мислам ми рече во 12 недела се правеле (а докторката ми рече следен преглед во 13 недела). Сега се думам дали порано да си појдам. Сега влегувам во 9та недела....
Јас правев во 12 недела. Тогаш правев прв скрининг, брисеви, приска, крвна слика и урина. Ти кога ќе правиш скрининг? Можеби во 13 недела ќе направиш се што треба, сепак прашај си матичен
Не брзај,не е грешка ништо,таман си е,прв скрининг и приска се прават најкасно до 14та недела. Биди трпелива и уживај си во бременоста
Мила првиот скрининг се прави 12-14недела,вториот од 18-22(ако не грешам)и третиот (некаде не го прават),јас го правев заедно со брисевите33-35недела.Секое добро
Пеперутка се е многу индивидуално. Имало еден куп трудници кои имале болки, кафен исцедок, па дури и крварење, а сепак бременоста се одвивала уредно. Јас немав некои изразени болки, многу ретко, без јак интензитет. Исцедок со некаква боја исто не сум имала. Пак ќе кажам, се е индивидуално. Само гледај да си покриена со терапија ако имаш некаков исцедок или посилни болки. Се најубаво ти посакувам.
-Искрено не знам кога ќе правам бидејќи ништо не ми спомна матичната освен дека ако се е во ред следно да појдам во 13 недела. Мене и не ми текна да прашам, мислев подоцна се прават тие испитувања. Како и да е, ќе се распрашам
Здраво , ме интересира дали секогаш исцедокот кој го имате ви е како водичка , мене ми се промени сега ми е како бело прање, и оние што стававте кринон овие денови мн лесно оди апликаторчето ама ми истекоа поприлично парчиња застарен , тоа значи дека повремено сам се чисти кринонот ?
Ми варира,од воден до растеглив,густ...Се додека нема јак мирис,боја(зелена,жолта) и чешање,мислам дека е нормално. После пешачење или било каква активност ми тече повеќе. И да,досаден е,на моменти ко подмочана се осеќам,ама сепак штити од инфекции. Немојте само да миете скроз внатре,и користете само наменски гелови за интима,обичните ја нарушуваат Ph вредноста.
Здраво девојки. Со лесно на сите, се изначитав зошто прва бременост 8+5 сум и паники колку сакаш Во 7 недела ми се јави розеникав исцедок што јас не го сметав за сериозен но отидов во Ремедика и ми дадоа една инјекција прогестерон а редовно си пијам Дабрастон од прв преглед, Фембион 1 и магнезиум. Редовно си имам тапи болки што некогаш ме паничат ама др. Рече е нормално бидејќи организмот се бори да створи менструација. Две недели бев на боледување ми препорача мирување и никако секс, а по денешниот преглед не ми кажа за двеве работи ( а и јас изумив да го прашам, зошто прашував друго ) Само ми рече ти не си болна бремена си ) за шо и да прашав. Се си е нормално и растење и врвца и се по ред таму, сакам да прашам за ваше мислење дали можам да си продолжам да функционирам нормално ( да пешачам, да седам нормално - не како укочена како што кажаа и др девојки ) бидејќи не сакам да досаѓам да прашувам, а следниот преглед е после скринингот на 18.10. Со лесно на сите
@Dance989 прво честитки за бременоста. Јас не би паничела на твое место. Честа појава е светло розев до кафеав исцедок.Само да не е класично крварење.Ете си изреагирала на време и те покриле со терапија. Функционирај си најнормално,без ектремности нели Односи и мене ми се забранети заради placenta previa.
Девојки здраво. Конечно да пишам и јас тука. За месец дена ке полнам 40 години и по долги 9 години конечно и кај мене 2 цртки . Многу емоци од радост до паники. Се спремавме за ин витро но не стигнавме да поднесеме документи . Ме интересира, кои испитувања ги правевте, кај кој трансфузиолог да одам (приватно или задоволни сте и од државна), ендокринолог, нефролог. Има ли некоја од вас со автоимуно невролошко заболување и како се однесува организмот со таа состојба. Леле многу прашања ама верувајте ми во шок невиден сум а несакам по интернет да читам за статистики туку ме интересираат лични искуства и како да постапувам понатака. Инаку 7+5 недела сум поздрав и на сите со лесно