Здраво Еме. Најпрво честитки за успешната борба! Тежок пат си поминала кој многу добро ми е познат. Јас сум малку помлада, имам 29 години и цели 5 години се боревме со неплодност. Сите испитувања ок, а ние тапкавме во место. Имавме тератозооспермија ама ете се "фаќаше". После втората биохемиска, матичната моја ме прати во МАНУ да испитам вродена и стекната тромбофилија. Се покажа дека имам вродена тромбофилија и генетска мутација мтхфр 677 и ф1. Матичната не знаеше комплетно да ми интерпретира се од резултатот и ме прати кај Кочо Димитровски. Тој е на државна, а има и негова приватна биохемиска лабораторија. За да не чекам за да дојдам на ред кај него, одлучив да одам на приватно. Таму е достапен, нормално. Направив уште еден куп други испитувања кои според него имаше потреба. Пари еден куп. Се ок. За на крај кога излегоа последните резултати од проверка на антителата, се покажа дека сум позитивна на антителото Anti Beta 2 Glicoprotein Iga кое се наоѓа на слузниците, вклучувајќи ја и слузницата на матката. Така, антителото го детектира раниот плод како страно тело и го напаѓа, а со тоа и исфрла. Ме стави на д3, к2, инофолик и строго безглутенска исхрана (антителото се хранело од глутенот). Интралипидна инфузија задолжително (ако сеуште ми е покачено антителото) во случај да дојдеме до постапка за ивф. Го контролирав антителото на секои 3 месеци. Макотрпна постапка е. Бавно одеше намалувањето. Многу малку за долг период. Стигнавме до ивф. 7 дена пред трансфер тој ја дозираше интралипидната. Имав прво успешно ивф во Ремедика кај доктор Петановски. Сега сум 31+ и со Господ напред, ќе бидам мајка на близначиња. Тоа е мојата приказна. Незнам како се поклопија коцките, ама јас стигнав до тука. Заради тромбофилијата и мутацијата цела бременост сум на метилирана фолна и боцкам клексани. Сума сумарум, конкретно за мојот проблем, терапијата која ми помогна за да успеам и да ја одржам бременоста се клексаните, метилираната фолна и интралипидната инфузија. А можеби и не! Можеби едноставно така требало да биде... Петановски за мене е мојот херој, а јас сум борец кој никогаш не крена раце во оваа макотрпна битка. Со дисциплина и упорност се движам полека кон целта! Посакувам да имаш лесна и успешна бременост, тебе и на сите жени. Патот за многу од нас бил многу трнлив но, со упорност се се постигнува, порано или подоцна!
Ти благодарам, честитки Бела и со лесно. И јас мислам приватно да одам бидејки на државно многу се чека а неможам да си дозволам толку чекање ради страв од годините што си ги имам и маката толку години што ја носев. Ке видам само дали Ремедика или Систина (Ремедика поевтини се па мислам таму да одам)
Јас кога и да прилегнам заспивам инаку, првите недели бев повеќе пасивна, но сега почнувам со работа па ќе видиме како ќе биде...
Јас па само зевам, а не спијам. Се будам околу 4 ноќе и толку е од спиењето. И едвај еден час можеби дремнувам некогаш попладне. Дури и ми е криво што не спијам многу, а сите пишуваат дека спијат. Само јас ококорена
Лееле,јас сум веќе 14та нед,ама до 9-10та,се враќав од раб и спиев ко мече,а работам со пола раб време) Функционирав сепак,но многу ми се спиеше.Плус и кафе само по едно пијам.
Спиј си @0ли ич мака да немаш Се оформува сега тоа гравчето па цела сила ти ја зема Мене маж ми ми забрани да возам,на семафор еднаш задремав
Се надевам, тука кај Органџиски ми велат веќе и на ехо се гледало со оваа вредност, ама сега ќе се среќавам со една докторка на кафе па ќе видам таа што ќе каже, најверојатно за една недела ќе се јавам кај матичната...Ако издржам толку
mene so 1250 beta nemozese nisto da se vidi, koga bese nad 2000 se gledase, rano ti e ne brzaj za na doktor da ne se razocaruvas, uzivaj super ti se rezultatite
Пошижо ди имаме мски до мачнини и повраќање па да си се тешиме тука женски Дали ти траат уште мачнините? До кај е ситуацијата? Јас сум 12та недела и мислам дека се поднамалени ама едвај чекам скроз да ги снема, да се изнапијам вода како човек.