Не се секирај, уживај додека ги немаш пошто ќе се вратат. И кај мене ги снема на 2-3 дена и се вратија уште појако
Нормална појава. Може да ги снема скроз, па одеднаш пак да се појават. Може да им се засили или намали интензитетот, или па ич да немаш (како јас во првата бременост). Вториов пат затоа ми се врати ко бумеранг Инаку, првото тромесечие ниеден ден не ми беше ист. Имаше денови кога се истурав од повраќање и денови кога ми беше ко да не сум трудна. Немој да се секираш и да мислиш на глупости
Без грижи радувај се кога ги нема. Не си исцрпена и имаш енергија. Беба секако е во меше,нема кај да бега
Оли читај ме назад Иста бев.Нагло ми исчезнаа сите симптоми,мачнините особено. Се грижев да,ама излезе дека организмот едноставно побрзо ми се навикнал на хормоните. Се е во ред,немај гајле
Накај 10та,почнувајќи од кај 8ма. Само уморот ми остана до кај 13та,сега терам 15 и сум ко 3 ред бул-а да сум испила Цел стан го превртувам
Е среќничка си, кратко ти траеле мачнините Мене од 7ма недела до 12та ми беа 24/7, сега сум 13+2 и за нијанса се поднамалени ама неможам ни вода да се напијам.
И мене ми се променливи , некако сега како поинтензивни да ми стануваат , Бог да чува , 11+6 сум , иначе вчера бев на матичен измери само нухален набор 1.72 што мислите ? Рече дека било ок , ама мн мрдаше бебе и се плашам да не не измерил убаво хахах , вторник сум Систина па ке ги разрешам дилемите до тогаш мн се плашам , рече дека имало носна коска и непце , но не ме гледаше детално па затоа ке се стрпам до вторник , уф упте цела неделааа
Во систина сигурно подетално ќе ти кажат. Јас прв скрининг бев на државна и ништо не ми објаснија. Набрзина ме завршија, еве ова му е срцето и толку. И едвај чекам наредна контрола кај матичната да видам како е ситуацијата.
Верувам , јас отидов чисто да видаѓ дали е тука сонцето дали му чука срценцето аххаха место не ме држеше , а за ова демек скрининг ми направи , се умрев од смеење па викам се мислам за пренатален тест и вика ааа нема потреба супер е се , хахах нухалниот иначе треба да биде под 2 така ? Иначе мн се плашам дали се ке биде во ред
Незнам за нухалниот, не ми праеле такво нешто досега, ама опушти си ја душата. Се ќе биде добро. На времето нашиве мајки ништо не испитувале па и витамини не пиеле па здрави прави сме
@Milicka* Да нифти - 670 е (41.500) Фала ти, се надевам дека ќе биде, инаку 10 недела сум. а тестот се прави од 9 до 14 недела.
Јас вчера не издржав и отидов на гинеколог и инсистирав на ехо да ме гледаат. Докторката ме прашс прво за последна мендтруација и според тоа излегува 7 недела дека сум, но и објаснив дека имав задоцнета овулација и рече епа ај ќе видиме дали ќе се види нешто. Рече дека има сакус во матката но е без ембрионална структура бидејќи многу е рано. Да сум одела за 2 недели и ќе се гледало повеќе а и срцева акција ќе имало.. Еве ме чекам да поминат две недели.
Важно во матка е сакусот, а плодот ќе си го видиш за две недели кога ќе одиш пак. Две недели = година
Да ептен ми олесни.. на форумов ме исплашија, бетата не се дуплирала,да сум проверела пак, некои во ЛП ми пишаа дури како имале вонматерична а не знаеле...докторката со која пиев кафе ми рече дека мора да се види дали е во матката.. И од психа не заспивав.. Јајник ако ме боцнеше одма филмови си правев. Добро е сега ми е полесно.. А сега ептен ќе ми олесни откако ќе слушнеме срценце, после тоа ќе чекам 12 недела и после тоа друго ќе чекам па трето.. Така ќе ми мине времето во исчекување си сакав си добив тоа е.
На форум секакви муабети ќе прочиташ, потруди се да не те стресира тоа. Ако осетиш дека негативно ти влијае форумов, изолирај се малку од тука. Не е лесно, ич не е. Цело време нешто ќе ни се врти во главите, но ќе си ишкаме лоши мисли И не знам што е тоа пишување дополнително црни сценарија и во лични пораки на трудница која е на почеток и ништо не и е познато. Како да не беше доволно тука.