Само да ве поздравам девојки! И јас западнав во некои филмови изминатите недели, затоа ме немаше Супер место е форумот за размена на информации и поддршка, мислам дека би требало повеќе така да си влијаеме, охрабрувачки, мотивирачки... Сега ми е јасно колку е важно доброто расположение во бременоста.
Така е @Филотеа, позитивност и те како ни треба Јас сум 14та недела и сеуште у фазон на блуцкање па колку и да сакам неможам да сум расположена... Но решение нема освен да се издржи - (р'жи не се држииии) и што е најсмешно толку сум гласна што го будам мм од сон Другите како сте?
Да ви се придружам во темава . Јас сум 5+5 недела , и ако до вчера бев само со вртоглавица . Денес ми се гади , неможев да помирисам од ручекот. На боледување сум , бидејќи работата ми е со луѓе минатата седмица одев и само киваа кашлаа , и решив дома да бидам. А дома депресија ме фаќа и еве сега спуштам филмови да разбијам монотонија, комедиии И така ве поздравувам
Еве и јас да дадам извештај Сега сум 11 недела и 2 дена, некако последниве денови повеќе имам мачнини за повраќање, а претходно не беше толку страшно. Но еве неколку пати кога повраќам нема ништо, само тој ужасниот напор кој го правам и од кој дури желудников ме стега, друго нема.Се случува и малку само како водичка да повратам, некогаш е незначително малку така некоја храна, но нема обилно. Многу често имам ужасни болки во желудникот и тоа само навечер....Друго што многу ме нервира е што јас и од поодамна си имам како слевање на секрет од синусиве кој оди дирекно на грло, и кога така ќе ми се собери толку ми иди да повратам, што се случува само тој шлајмот да излези. Ставам капки солен раствор, ама тоа си го имам од поодамна. Станувам за веце, па одма ми се пријадува и си го кршам сонот.... Друго, чекам да влезам во 13 недела па да правам брисеви и скрининзи.Често сонувам глупости, 2-3 пати така фино лепо во сон си имам доживеано оргазам , односи немаме бидејќи до 13 недела др рече да се пазам, а и да ви кажам право чудна работа ама воопшто на тоа не ни помислувам Околу 4 часот на пладне ме фаќа огрооомна дремка ама ретко кога можам да си дремнам. И така, си се крцка Велам само се' да е во ред, бебчево да си биди се' како што треба а другото ќе се издржи. ААА, и да, ќе треба да си прикупам нешто поголем бр на пантолони/фармерки -веќе како да ми се тесни тие штo ги имам. Штом облечам, веднаш ми иди да се раскопчам и неколку души веќе ми рекоа дека почнувало да се познава (си имам како мало мешенце добиено, особено поизразено приквечер и навечер). И така засега, позз до сите
Еве ме и мене, само во ниедно време. Денес 8+2, многу ретко мачнина ми доаѓа, генерално сум океј. Јадам почесто по малку, забележав дека кога сабајле ми е празен желудникот, тогаш малку ми е мачно. Почна честото мокрење, поточно почесто имам потреба иако не ја мокрам таа количина како претходно, веројатно почнала матката да притиска на бешика. Ќе се разбудам околу 3-4 за во вц и потоа призаспивање малу морген. Па ококорена така два саати лежам, не се заспива. Накај 6 пијам апче и ставам Утрогестан и заспивам до 8, па се будам за Аспирин и толку. Малку спијам, зевам цел ден, не спијам попладне. Подизлегувам до продавница демек нешто да купам ситно само за да излезам малку, инаку ќе збеснам само дома. Се уморувам многу брзо и после ми треба да се одморам. Облека си носам од претходно, само покомотни работи, сафра ми е во тесно. И тоа. @lavinija28 и јас го имам тој проблем од поодамна со слевањето и ноќе како да ми се собира секрет во грло, па ајде станувај со солен раствор се прскам и така засега функционирам. Денски немам гајле, пијам доста течности и не осеќам дека се слева.
Здраво Да ви се придружам и јас и да прашам дали имплантациско крварење се случува кај сите? Кои се вашите искуства? Читав на нет дека го има само кај 15 до 25% од жените. А на форумов гледам доста кажуваат дека им се десило.
Јас денес ќе одам да ми земат крв за да се види точно која недела сум според бета. Мајка ми инсистира дека е рано за на гиниколог. Кога го направивте вие првиот преглед? Дали да чекам 6/7 недела?
Најдобро е да си испиташ прво преку крв,доколку станува збор за ептен рана бременост. Прв преглед најчесто е ококу 6та недела горе доле. Кај мене беше 5+4 првиот преглед. А крварење се појави од кога го направив тестот,испитав преку крв околу 4 и пол недели кога бев. Но,индивидуално е немора да значи дека ке го има. И тоа не е крварење него е како стара крв,како последен ден од циклус. Барем кај мене така беше.
На 5+2 бев на прво ехо, но се виде само сакус и жолчно кесе, па пак за една недела бев и срце слушнавме. Сепак почекај до 6-7 недела ако можеш да се стрпиш, ќе си слушнете и срце.
Јас закажав за следната недела, тогаш според апликацијава ќе сум 5та недела. Ама сега се мислам дали да откажам и да закажам за таа после неа Ама ај да ги видиме резултатите од крв па ќе одлучам
Девојки по позитивен тест направете си контрола за да се види дали е имплантирано во матка и дали е положбата ок,може и контрола на БХСГ и потоа за две недели контрола за срцева акција.Имплантациско крварење може да се јави,но и не мора(но количината е минимална),се случува да е и пообилна(кога станува збор за хематом),но во тој случај на контрола веднаш,за да добиете терапија.Секое добро
Јас кога направив тест и преку урина и преку крв бев некаде 6 недела. После тоа со резултатите отидов на гиниколог, само ми поставуваа некои прашања, ми дадоа некои совети, упути за испитување крв, мокрача и толку. Вториот пат отидов со сите тие резултати и секако се надевав дека ќе ме гледа на ехо, но не беше така, ме гледаше само вагинално, рече во ред е плодот е во матката. Тогаш изнервирана и реков како веќе сум некаде 7ма недела зар нема да ме гледате на ехо, рече не на ехо во третиот месец(некаде 10тата недела ако не и повеќе имам закажано за 4ти ноември), се зачудив, но овде бидејќи не живеам во Македонија гледаат да го избегнуваат ехото, не дај боже сега ако е нешто лошо тогаш има исклучоци. Препорачуваат ехо во 3ти, 6ти и 9ти месец. Нормално сега чекам некако до 3ти, но после тоа сигурно би отишла не би чекала до 6ти месец. Според мене почекај барем 7ма недела, знам дека си нестрплива, но издржи некако.
Не секогаш е точно тоа на апликацијата, може тебе ти е точно немој да ме сфатиш погрешно, но ете мене на апликацијата ми покажуваше 4/5 недела, а кога го зедов резултатот од крвта испадна дека сум 6та недела, така да почекај види резултатите па после одлучи си.
-Јас кога добив позитивен тест истиот ден одма проверив бета (тогаш бев 4 недела) и сакав одма да појдам на др ама по препораки почекав , па бев во 6 недела и 3 дена. Имаше сакус + срценце
Добра вечер, сакам да ве прашам нешто, последната менструација ми беше на 13.09 пред 3 дена направив тест ми покажа бременост, отидов на преглед гинекологот не виде нисто на ултразвукот рече дека р многу рано, ми даде да проверам хормон Бета преку крв, денеска ги земав резултатите и бетата ми е 1118 а по последната менструација јас сум 5та недела, па не знам дали овој износ на бета е добар во пваа недела ? Во понеделник имам пак контрола кај гинеколог...Ве молам споделете ги искуствата, многу се плашам пд вонматерична бременост...