Јас сум бремена 4 недели кај мене веќе се виде точкичка на ехо...Матичниот ми кажа некаде на крај на месецот да отидам за срцева реакција...Која недела најрано може да се слушне срценцето
Како на 4 недели? Мислам дека тебе неколку дена ти доцнеше, па после ја провери бетата. Четири недели си бремена кога треба да добиеш, ти тогаш нели не знаеше дека си бремена. Едит. Ако беше на преглед со 12 дена доцнење, тогаш си била според циклус повеќе од 4 недели бремена кога го виде точкичето, скоро 6 недели. Четврта недела е многу рано да се види. Се рачуна според прв ден од циклус
Мене последната менструација ми беше на 05.09 Во вторникот дознав а бета среда правев.Па што знам незнам како рачунат докторите. Но матичниот кога ме виде на ехо кажа дека се гледа и јас самата си видов. Па матичниот според бетата и дата на последната менструација ми кажа дека се работи за бременост помеѓу 3-4 недела,и кажа за две недели да отидам да биде дали има срцева реакција.Збунета сум ова ми е прва бременост
Ќе отидам на крај на месец....Мислам дека само да слушнам срценцето и ке ми олесни...Многу ми е страв да не има нешто лошо
Јас тие менструални болки ги имав некаде до кај 8,9 недела, а сега последниве две недели не се толку изразени како што беа во 6та или 7ма (тогаш само во тоалет трчав мислејќи ми дојде). Сега еве при крај на 11 недела одвреме навреме ме врти стомаков/јајниците, чувство како да ме затега понекогаш надолу па мислам дека е од тоа матката што расти. Така да, можам да кажам дека свикнувам на сите затегања и сл. Нормално, прва бременост и не знаеме што е ок што не....Само ме измачува како што и претходно пишав желудников, и ми се повраќа а мн ретко повраќам. Ми се јади на 2 сати, ако не каснам мислам ќе исповратам, ужасно чувство. Ама тоа е....Одвај чекам на втор преглед за една недела...
Мила имав менструални болки во предниот дел на матката нели кај што се осеќа пред добивање и пецкање кај левиот јајник.Половината и бубрезите не ме болеа.Крварењето ми почна поизразено,си реков стара крв,ама беше некако апла црвенка како втор ден мензис,но слични се и крварењата кога се има хематом,па си викам ај од тоа е.Се засили крварењето и матичната ме прегледа со ехо и ме прати на клиника каде се испостави дека е вонматерична.Но тоа беше кај мене.Кај тебе не мора да е тоа,можеби сакусот ќе се види подоцна.Ако нешто сумљаш и ако си од Ск.појди до клиника или до приватниве за да си начисто,зошто матичната ти споменала,според мене не чекај,и не дај Боже доколку се установи вонматерична не е страшно,но да се види навреме.Пишуваш и дека крвариш па ќе ти дадат терапија.Ти посакувам плодот да е кај што треба.Мачнини немав,ни нагон за јадење.
Мене ми се појави во 5 недела,веќе во 6 ми потврдија дека е вонматерична.Ако е откриена на време не остава последици,поминува,и потоа се остварува бременост и се истерува до крај.
Јас сум 11+4 и скроз исто се осеќам, посебно делот за јадењето Иначе, за другите членки... На почеток сите ги имавме тие 'менструални болки', па после следи болка на секое кивање или кашлање, па болка како истегнат лигамент (претпоставувам дека е од ширењето на стомакот), па желудникот, па ждригање како невоспитана итн итн. На повеќето ни е прва бременост и сме исплашени ама горе доле знаеме што не е нормално, а и нема потреба од толку потресување. Еве сме дошле до моментот што сме го чекале толку време, сега само треба да уживаме додека трае. Ве гушкам
Добро утро? Од 2 сум будна, свежа, како којзнае колку да сум спиела, а не само 5 саати. Го слушам мм како си хрка и му завидувам, се превртувам и не можам да заспијам. Оваа ми е најголемата промена откако сум бремена и ми фали спиење од 22 до 6, но што да се прави, тоа е. Блазе вас што сега си спиете.
Женски, утрогестан 2*200 ставам од 6 недела и треба се' додека одам на контрола сега за 1 недела. Е сега, вечерта пред да одам си велам да не ја ставам таблетата и сабајлето исто бидејќи мислам дека брисеви ќе ми прави. Ќе ја прашам сестрата сепак, а вие како сте правеле во овој случај?
И јас сум истата , ставам за во тоалет и мижам да не се расонам, но кога ќе легнам се измачувам со не спиење, кај 5 h или 7h ќе заспијам ... но не е тоа тоа денот веќе почнал.
Јас би ги ставала, независно од земањето брисеви. Но нека кажат поискусните како правеле. Леле исто со мижењето, демек да не се расонам. Сум призаспала околу 5 и нешто до 8. Ај барем вкупно да се собираат 8 саати
Ме интересира дали некаде по аптеките во Мкд се продаваат амп. Прогестерон депо на Галеника ? Ако некоја од вас знае да ме информира . Да си знам . Фала