Кај мене мила имаше пецкања кај левиот јајник,но болки немав ни во јајникот,ни во бубрезите,само болка во матката и крварев како втор ден мензис.Ако ти се константни болките консултирај се со матичниот гиниколог.Кај мене во бременоста имав цело време некоја болка налагодност,но ми поминуваше,но секоја константна болка бара консултација.Но ако докторот каже дека е ок и покрај константната болка тогаш немаш причина за грижа.
И јас во текот на бременоста си ја земав целата терапија и не ми влијаеше ни на уринокултурата ни на брисевите.Оли во право си.Позззз
Утрово кога станав имав болки во левиот јајник и приметив дека малку имам оток на него, во понеделник имам контрола многу ми е страв, бета нормално расте, недај боже немам крварење а не знам што е ќе полудам...
Значи смири се прво, тоа ти е задача сега. Знам дека сега тешко дека ќе се смириш кога веќе се испаничи и умот ти е таму, но мораш. Болка во лев јајник и во бубрези имав на почетокот, а после кај бубрези исчезна, остана понекогаш на јајник. Значи, секоја болка е нормална додека нема крвавење и неиздржлива болка. Зошто одбираш да не се смириш со овие муабети, туку одбираш да се нервираш и секираш и ги земаш предвид негативните искуства? Ајде сега сфати дека е нормално да имаш боцкања во матка, менструални болки на сите места, болки во јајници, кичма, бубрези и каде веќе не. Се шири матката, си прави место, се изместуваат органите, значи хаос е внатре и ништо не е како претходно, бремена си. И немаш симптоми и знаци за вонматерична. Пиј магнезиум, земи Б6, малку ќе се смириш. Бетата нормално ти расте, сè е во ред. НЕМАШ КРВАВЕЊЕ и тоа е најважно! Ајде малку смири се, го вознемируваш малото што си расте и го замараш со нервози. Имај го на ум бебенцето што си расте и тоа е поважно и потруди се да се смириш. И готово со муабетот за вонматерична, важи? Нема да има такво нешто!
Здраво мешиња. Како сте? Здравје да е се како што треба па ќе си се подружиме некое време. Сега да ве прашам како се сметаа неделите? По менструација или како беше? Се сум заборавила после скоро 3.5 год поминати пак ми е како прва бременост има ли некои нови прегледи или се си е по старо (брисеви, приска, шеќер, скриринг во 22нед и пак уште едни брисеви пред крај) ? Нешто од нешто памтам ама за неделите не можам да се сетам како идеа мене последна менст ми беше 18.09 значи која недела ќе му дојде? Да си знам кога да одам кај гин да си испланирам за прв преглед за . Уфф како пишувам така се возбудам и убаво ама и малку стресно а тек сум на почеток.. за ќотеќ сум знам
Според менструација се пресметува, околу 4 и пол недели си бремена. Има на нет калкулатор, може да ѕирнеш за поточно. Ај добро утро и од мене. Наспана конечно без будење пред 6, лимонада со малку мед испиена, сега ќе се доручкува. Мачнини малку што имам на празен желудник сабајлечки, ми се смируваат со лимонадава. Ми се одјадува кога ќе ми текне дека за ручек имам месо, но тоа е, секако од сè ми се одјадува. Вие како сте денес?
Јас сум 11 + 4 а завчера кога објавив сум пишала 11 недела . А тогаш сум била 11+ 2 Имам две апликации симнато на едната пишува 11 и 4 а на другата 12 . Уште ги бунам . Ај белки ќе научам додека се породам Инаку имате ли болки во половината на сабајле кога ќе станете од кревет? Ја кога ќе станам имам болки ама додека се раздвижам после ништо не ми е. За лошењево најдов лек барем синоќа ми помогна. Кога си легнав ми се лошеше и станав за во вц видов орбит гринминт мастики земав една така ме освежи ми се олесни и не ми се лошеше веќе ајде убав ден мали мешиња
Dobro utro , jas ni limonada ni smuti nisto nemozam da konzumiram . Si napraviv kakao eve go se izladi ne go doprev...znaci samo voda mozam, za meso nece moci. Ubav vikend
Јас неделите ги сметам според мерките од ехо, немам датум за последна менструација. Денес 8+6, од утре 9-та полна недела Болки немам во кичма, имам менструални болки, но поминуваат. @Lady Leona Што јадеш? Повраќаш или само мачно ти е? Јас сосила се трудам барем 100 гр да каснам месо. Гадно ми е кога ќе ми текне и пред да јадам, а кога ќе почнам не ми е толку страшно. Јадам со салата и полесно ми е така некако да го убутам на ситно исецкано. Ќе биде весело
Едино што можам да поднесам до некаде оризови галети со намаз од хумус патлиџан и сирење. Двопек и кашкавал . За ручек баш мижам и ставам по некое парче мевце, иначе сум месар ама сега , и после само ми се поткрева. Јас многу тешко повраќам , ама ми се гади до фаринкс . Фрижидер не отварам . Пиев цедени лимон и калинка , изгледа ги претерав , сега гола вода . Ептен весело
Ја прочитав @Veki4kaa и ми текна дека и мене Орбит зелените гравчиња ми помагаа со мачнините, особено додека бев на работа. Едвај каснував по нешто, скоро ич, ама на секој саат земав нова мастика и ми ги смируваше мачнините. Без нив ни на преглед не можев да одам Издржете уште малку, после втор триместар ќе бидете како нови. Ќе пројдат мачнините, ќе ви се врати енергијата и ви претстои најубавиот период според мене. После, во трет триместар ќе кукаме сите од болки во кичма, колкови и карлица Се’ во свое време. Со среќа и со лесно на сите нови мешковци
Здравоо,јас сум 5+2 и за сеа како да не сум трудна немам мачнини ама апетит богами да и болни гради,друго ништо.Дали е во ред да немам се уште повраќања и сл. или е се уште рано ?
Да да, скроз е ок и кај мене тогаш немаше ништо освен некоја болка во стомак и градите ми тежеа многу. После 6та недела некаде почнаа мачнините, а повраќав само неколку пати на нагла промена на време. Главоболките и киселините ми почнаа од 11та недела, сега мачнините ми се намалуваат. Кичмата сеа почнува да ме боли... Ве читам и ми е чудно. Тие што имате мачнини не можете да јадете. И мене ми е така, ми се гади од храна ама ако не јадам ми е уште полошо. Дури нагло ми доаѓа апетит и морам во истата секунда да јадам. Ваљда секој организам е различен. By the way, утре конечно сум на прв скрининг и сум превозбудена не знам како ќе заспијам И дали знаете дали утре ќе можам да го дознаам полот?
Јас сум пред пораѓај и ниту еден ден немав мачнини, нити киселина, нити повраќање. Така што, биди среќна ако не се појават
Се е во ред. Сеуште е рано после 6 недела почнуваат Некои немаат воопшто мачнини некои цела бременост се со мачнини. Мене ми почнаа од 6 недела а нагло завршија во 12 недела преку ноќ. Така да уживај си додека ги немаш
@Jana06 тешко е да се погоди полот со сигурност во таа фаза,тек после 15та недела се оформени гениталии. @Ceculka честитки за бременоста.Рано ти е за било какви изразени симптоми,тек допрва ке продуцира хормони телото кои ке доведат до потенцијални промени. Јас имав некои 10 дена мачнини,и само поспаност.Се на се,супер го пројдов 1во тромесечие.
Такви се мачнините, на празен стомак најлоши. И одеднаш ти се пријадува, мислиш готово, мораш да јадеш под итно, ама и покрај тоа пак ти се гади. Ајде, ти си при крај на прво тромесечие, ќе поминат кај и да е. За полот, да, можно е да го дознаеш, мене ми го кажаа на прв скрининг во првата бременост. Ако бебе има фатено добра положба, и те како се гледа Сега во вторава бременост не се гледаше, па го дознав некаде 15-16 недела. Како и да е, ја знам нетрпеливоста и возбудата да дознаеш, стискам палци да биде утре