Како се справувате со симптоми на настника или вирус? Мене од вчера почна да ме боли грлото и главата, не знам што смеам, што не смеам да пијам. Имам прополис, но прочитав дека не се препорачува во бременост...
Јас мислам дека имав вирус, некои 4-5 дена имав температура 37.2 и многу бев малаксана. Ја прашав докторката, како и членките тука и можеш слободно Парацетамол, исто и за главоболка. Пиј си ц витамин, лимонада со мед, други цитрусни овошја, супи и секакви други течности. Се што можеш, колку што можеш повеќе и ќе помине.
Денес видов точка Сеа од прегледот толку ми е шубе доле Ми даде утрогестан по едно навечер превентивно. Не знам зошто... Плус уште испитувања треба да правам за токсо
Јас сеуште сум со лошење, само отворам фрижидер и од се' ми се гади. Вчера и денес сум со болки во желудник кои ми се ептееен досадни. Инаку сум 12+1 (утре +2 )) и се двоумам дали да земам гастро гард да пробам дали нешто ќе се подобри. Се надевам нема да ми се вратат старите желудочни страдања (( Засега најубаво јадење ми е зденка )) Денес цел ден како на диета сум со желудников-двопек, јогурт, кисело млеко....пукнав.
Некоја да ми каже како се концентрирате на работа да сработите нешто. Само си гледам клипчиња со бебиња, смешки, си мислам на бременоста. Никако не можам да сработам нешто
Немаш штета од Утрогестанот, ставај си го. Со тоа што не одам на работа Добро е што со убави работи ти е опседнат мозокот
Добро утро и од мене. Ова чекањево ме убива значи.. не можам да дочекам да отидам на гин а по ап сум 4нед и 5дена. Не ми проаѓаат деновиве ама ич. Си мислам другата недела да одам да бидам 6полни па тогаш можеби ќе има нешто. Кога прв пат може да се слушне срцето? Јас колку што се сеќавам за првото бев некаде 5нед и 5-6дена ама сега си викам барем 6. Во која недела слушнавте вие?
Јас во 6 недела и 3 ден Исто одвај дочекав за да видам дали е се' ок, времето пребавно ми врвеше до прегледот. Плус,ова ми е прва бременост, и понекогаш не знам на кај терам хахахах
Офф леле ќути. Јас демек искусна ама пак ми е ко прва бременост. Само што со првото покасно дознав и одма истата недела бев на доктор а вака сега чекај две недели многу сум нетрпелива а не сум таква по природа
И јас така како тебе бев и на гин отидов пак за 10 дена и тогаш имаше веќе срцева реакција, а кога бев првиот пат бев некои 4 нед и имаше само минијатурна точкичка Честитки и со лесно само
Кај мене се виде срценце кога бев 5+3 Јас уствари чекав барем 5 полни недели да сум пред првиот преглед, за да може да види докторката сакус, кога тоа излезе не само сакус, туку и на големо расчукано срценце За првото па во 6-та недела чув, ама тогаш бев да видат сакус одма после тестот, значи ептен рано. Сакус имаше, и ми рекоа за 2 недели да се вратам да чуеме срце, и така и беше. Зависи кога ти била овулацијата. Ако била рана како кај мене, можеш уште во 5-та недела да чуеш Секако ќе биде наскоро
Вака според ептен бледата цртка кај неа на тестот, мислам е касна овулацијата, зашто и кај мене така ептееен бледа покажа. Ако има трпение и може да издржи нека оди поубаво за една нед бар, ако нема како мене нека оди одма
Абе според мене и според календарчето на тел вика дека овулација ми беше на 04.10 а баш тој ден имавме односи. И да било 4ти пак е рано за било што да покаже и затоа ќе се стрпам таму наредна среда некаде да одам
Јас со на време овулација имав вака бледа црта. Имав пониска бета на резултатите од очекувано па најберојатно затоа. Се си беше ок. Со лесно.
Па и според пониската бета не значело тоа дека и покасно се зачнало? Јас поима неам кога имам овулации, ама дека не ми се поклапаа неделите со мензисот препоставувавме дека е касна овулација, па и бета да направев значи ке беше пониска (а веќе со 4,5 дена каснење бев на гинеколог првиот пат кога немаше срцева сеуште ).