Јас точно знам кога имам. Имам големи болки тој ден,исцедок а и кога планирав бременост правев од тие овилацидките тестови. Ама јас правев тест со еден ден доцнење па може затоа толку бледа цртка.
Исто и јас знам кога имам болка во јајници и зголемен исцедок. Исто и јас со еден ден каснење тестот излезе со таква цртка
Вака да ви раскажам за мојот стрес денес на ГАК. Бев на прв скрининг и PRISCA, почнува да ме гледа докторката, си ги мери димензиите и од еднаш стана многу озбилна, ме стискаше малку повеќе со сондата, зема друга и со таа ништо, и се гледаше на ликот дека не е во ред ама не коментира. Ајде ми рече да се соблечам и почна да ме гледа со вагинална сонда, јас веќе во мене душа немав 1000 филмови ми поминаа низ глава, и на крај ми вика мислев дека срцето не му работи, со обичните сонди не гледала срцева акција ама супер си е бебето. Лелее животот ми се скрати. И на крај се излезе дека е океј и мерките од PRISCA ама сега ми го стави црвот во глава
Да ама траат нели неколку дена тие денови на овулација, па може и на последниот ден да се фатило Исто и јас со ден доцнење правев (односно на 32ри ден и беше бледа мн), ама имам некогаш циклус и на повеќе од 31ден, а обично ако е редовно е на толку. Секоја втора ја вадат од памет таму...
9+2 сум. Во последните неколку дена имам премногу секрет, а денес бев пораздвижена и буквално ко отидов у вц после неколку саати ѓаќите ми беа ептен како мокри како да сум помочана... Нормално ли е ова? Пред 5,6 дена бев на преглед се беше во ред ама веќе се нервирам од премногу секрет што имам.
Има секакви доктори затоа најдете си еден и одете само кај него. Мене некоја докторка Ива Панова ме прати во 38 ма недела на ендокринологија да ми дале инсулин дека сум имала повеќе плодова вода. Таму докторката се чудеше шеќерот ми беше 4,62.
Кај некои жени цело време има воден секрет, а се е уредно. На следна контрола кажи му на докторот/докторката да те видат дополнително, иако ако брисевите се чисти, не треба да се грижиш. Исто ако ставаш утрогестан, и од него се прави воден секрет. Јас од 12 недела постојано сум утоп. Сега сум 39та бебе уште има доволно вода и нема абер да излегува.
Не знам дали е нормално ама исто беше и кај мене тој период ако се движам премногу. Сега сум 13та и немам таков проблем. Немој да претеруваш со движење и работа. Првите 3 месеци се најважни. Лежи и одмарај, нека ти помагаат домашните по дома барем сега. Јас сега чистам поактивно по дома. Иначе, пуштав перална, диплев алишта и бришев прашина. За се друго барам помош. Ако идеш на работа тоа нека ти биде физичка активност, дома одмор.
Што мислите дали е ок да се патува со кола во прво тромесечие? Се работи за 200км. Докторкава ми рече јас не можам да ти забранам...
Јас сум денес 7+0. Имам патувано и повеќе од 200км, но другиот ден бев целата укочена. Слушај го телото свое и докторката. Ако можеш патувај, ако не можеш никому не се правдај. И од мене се очекува во нареден период 200 км, ама мало Морген. Поздрав мешиња!
Јас во 10 та недела бев на одмор со кола,1600+ км се возевме,од кои јас 200,а имав и неколку пати кафеав исцедок за кој д-рот ме убеди дека е стара крв и не доага од кај плодот. Не знам оти др-ката така ти рекла,ко да ке леташ со параглајдер).200 км се возат трудници од внатрешноста за контрола во Ск на пример.
Идеме кај свекрвата и свекорот, се немаме видено одамна а веста преку тел им ја кажавме Секако таму нема ништо да работам, ќе си лежам Јас супер се чувствувам ама сите околу мене викаат пази се, лежи... Ај ќе размислам
Со полна 14-та недела мислам дека почнува, така јас ја сфаќам сликичкава. Но можеби почнува со 13+1, нека кажат поискусните. Ако си полна 12-та, имаш уште две недели ако со полна 14-та се почнува второ.
@0ли оти ја мислам дека од како ќе наполнам 13 недела полна, таа ја завршувам , а со тоа и 3 триместар, после од 13+1 нели веќе 14 ја терам и почнува второ тр. тоест 4 месец? како и да една-две недели не менуваат ништо бебо нека си расте правилно тоа е најважно, а времето ќе летне другарка денес слави 1 роденден на ќерка и, а како вчера да се породи а 1 година помина .