Со полна 14-та се почнува 4-ти месец Јас барем така сметам и така знам, и првата и оваа бременост исто
Мене ми дозволија да патувам во 7ма недела, истата километража. Важно е да правиш чести одмори, и нормално таму каде што ќе бидеш да си одмараш.
Здраво, ме немаше поради обврски со факултетот. Утре имам закажано на гинеколог бидејќи поминаа 2 недели од денот кога видовме сакус, сега треба срце да слушнеме. Можеби малку е глупаво прашањево, но прв пат ќе одам кај овој доктор бидејќи сите други си продолжија викенд, дали докторот би дозволил да влезе и таткото на бебето да слушне и тој срце или тешка работа?
Секако дека може, не гледам причина зошто да не може. Мажот ми го снимаше екранот, си имаме видеа од прегледите
Фала ви @0ли и @Babyiscomming .. Инаку јас не знам точно која недела сум утре ќе ми кажат,вие кога споделивте со најблиските? Ние кажавме само на една личност бидејќи околностите беа такви, друг никој не знае, планираме после 12 недела да кажеме ако се биде во ред.
Јас одма раскажав на најблиските а одма и на пријатели блиски, неможев да ја чувам среќата во себе, сакав на цел свет да кажам а дури сега сум 12+6 . Незнам зошто би чекала, тоа што Господ решил да ти го даде ќе ти го даде инаку мојот гинеколог вика дека критичниот период поминува во 14+6 до тогаш демек ништо неможе да се предвиди.Тоа е многу време ќутење
Последна менструација ми беше на 05.09 На 16.10 бета 1355,а денеска помината само 8денови ја повторив и е 5650 Па сакав да прашам што мислете дали е добро растењето на бета...
Јас не знам многу околу бројкиве. со толкава бета знам дека можеш на ехо одма, ќе се гледа убаво. Јас имав 235 бета, по 2 дена 382. Ми правеа стресови дека не се дуплирала правилно, но докторката вели дека над 35% зголемување за 48 часа се смета за нормално.Сакам да ти кажам не се оптоварувај, закажи преглед. Со среќа
Фала мила.. Кај мене претходниот Вторник пред да ја правам бета бев на ехо се виде точкичка, матичниот ми кажа дека е добро вгнездено,а за ехо треба да отидам после 28ми месецов,се надевам дека тогаш ќе можеме и срценце да слушнеме
Нема зошто да не дозволи да влезе и таткото секако тоа е радост на вас двајцата. Јас откако останав бремена ниеден преглед не пропуштил сопругот јас не ни прашувам дали може си влегуваме и двајцата дури и еден преглед имаме со братучетка му на сопругот бидејќи и она сакала да види
@Veki4kaa уште две недели имаш до 4ти,со полна 14та недела почнува.Трети месец мислам дека 5 недели трае
Ве читам постојано и баш сега завршив со читањето на она што ми беше пропуштено деновиве. Сте пишувале дека сте имале мачнини,гадења,лошења... Јас искрено ништо такво,нема ми се лошено. Единствено одвреме навреме некоја тежина под грлото чувствувам. Единствено од цигари ми се повраќа,а бев пушач. Немам проблем со храна, можам и тестенини дури со тешки мрсни сосови.. Не дека сакам да имам мачнини и гадења,но сепак чудно..сите имате , а јас не..
Не се секирај,јас еве при крај сум па ни еднаш немав ни мачнина ни гадење, многу лесно поднесов се. Околу 30% од жените ја имаат таа среќа, така да биди среќна што си во тоа малцинство
Немаат сите, еве и јас немам. Не ми се лоши, не повраќам, супер сум. Прво се секирав дали е сè во ред без лошења, но прекинав да се замарам со тоа.
И јас немам и тоа не ме загрижува. Мислам дека симптомите не може кај сите да бидат исти, кај некоја трудница едни симптоми се понагласени, кај друга други...
Уфф биди среќна што од тие.. јас се утепав од повраќање со првата бременост и ништо не можев да јадам од се ми лошеше. Поточно јас ќе си се најадев било што ама после пола саат одма ме тераше на повраќање.. и тоа ме држеше подолго околу 4-5 месец. И таман се стабилизирав и како влегов во 9ти почнаа киселини неподносливи и со тоа пак повраќање цела бременост се поправив вкупно 8кила од тоа повраќање А не ми текнува од кога почнуваше лошењето. Си викам сега со вторoво каков апетит имам машала ако не почне да ми се лоши може и 30+ ке станам до 9ти
Женскии како сте? Вчера бевме на прв преглед, ја видов најубавата точка на цел свет По последна менструација јас сум 5та недела, а на сликата со точкичката ми пишува 4та, зашто? За две недели докторот рече да дојдеме да слушнеме срценце. Инаку @Fallen.Angel и јас сега за сега немам мачнини