Срамота,не срамота јас уште со сигурност не знам која недела сум,докторката претходна кажа на следно ехо според димензии ќе се утврди. Сега кај друг доктор одам, ќе се расправам пак околу неделите... Среќа што ги чувам наодите од 27 август и 12 септември и да види дека фоликулот си стои. Претходната докторка ме праша за последна менструација и ми вели аха 7ма недела накај 8-ма, и јас одма и кажувам НЕ, и таа објаснува како се сметаат недели не ми дозволува да и кажам што е работата.. И реков не знам која недела сум ама не сум 7-8, помалку сум. И дадов да види и бета колку имам и на ехо кога виде сакус вели ее да , не си била 7-8 недела. Ми кажа само за 2 недели на ехо пак. И еве денес можеби ќе дознаам која недела сум.
И мене на апликациите ми пишуваше 6та недела а кај докторката на сликата 5та. И она ми закажа за 10дена за преглед. Не знам зашто така. Ама она не беше загрижена така да нема фрка А иначе до вчера беше топ, не ми се гадеше. Денес кога станав одвај се воздржав да не повратам.
Aaa Оли сега видов 4недела и 4 дена пишува. Со едната апликација ми се совпаѓа. Со другата ми бега за 2 дена Женски одите на работа?
Јас одам зашто работата ми е умствена и опуштена. Имам добра работна атмосфера. И имам опција од дома да работам ако сакам
Super ti e betata,mozebi se bliznacinha.Inaku i dvete sme so isti den na posledna menstruacija i ista betacestitki
И мојата работа е таква, а работодавачите имаат големо разбирање за бременоста, така што ако нешто не сум ок некој ден, ја имам опцијата да работам од дома.
Јас одам на работа.Ембрио трансфер ми беше во сабота,во понеделникот нормално си продолжив на раб.Активна сум и не седнувам,во движење ми работата,и доста наведнувања.Пазам само да не кревам потешко од 10кг.
Јас пред три недели бев на прво ехо и бев осма недела. Бета хцг не ми даде упат да правам. Се прави ли во осма недела да барам упат сега сум 11 г.н? Колку често правите ехо? Јас пред три недели имам направено само едно,а на почеток на ноември сум на скрининг. Се мислам дали да направам денес едно ехо, беспотребна паника ме фаќа. После ќе ми се фати за недела ипол-две пак ехо за скрининг. Некоја тапа како слаба менструална болка имам и пецкање од време на време а за спиење да не правам муабет, како зомби сум цело време.
Сега се вратив од преглед, бебе е 17,2мм, докторот вели 8недела тоа е или 8+1 значи влегувам во 9та. Срце слушнавме, ни покажа се убаво и му вели на дечко ми, ела ваму да видиш што си направил, и почна да му кажува ова ќе биде мозоче ама гледаш уште нема ќе се оформи во скоро време мене ми кажа на исхрана да внимавам и само вода да пијам. Ни кажа секс дека може но му потенцираше на дечко ми да не се опушта многу и да не свршува во мене а он тоа го правеше ама сеа се исплаши и после во колата ми вели аа крај нема веќе штом докторот кажа не смееме нема да правам така комедии
Женски во 7ма недела правев крвна анализа, седиментацијата беше 10, денес правев пак 13+0 сега е 23, не е ли тоа многу?
Мислам дека не се испитува седиментација во бременоста јас колку што знам нормално е во бременоста да е покачена, незнам зошто ти испитале
Мамички по некој разноразни калкулатори денес сум 7+4г.н. Докторката 100 пати ја прашав да одреди термин, но таа ништо. Осеќам од прееска како да ми се грчи јајникот. Имам болки. Изминативе денови се слушав со Др и ми вика било нормално, се ширела матката. Дали некоја мамичка има вакво искуство како мене? Ми е страв да не се случи нешто.
И јас имав и се уште имам чести грчеви и болки (8+2 сум), и мене ми рече докторката дека тоа е заради ширењето на матката. Како што читам на интернет, нормално е во првото тромесечие.
Дали некоја од вас има искуство со прогестерон?Јас пред 1 недела бев на преглед и се видоа 2 точки и срцева акција.Денес сум точно 7 недела ,ама ме загрижува прогестеронот зошто ми е само 11.3,а почнав со 9.2.Имав мачнини ама последниве 3 дена се смирија?
Мојата работа е стресна и физички заморна, се работи до 12часот навечер, па се мислев дали да земам боледување или да одам на работа Му спомнав вчера на докторот што работам,ми рече боледување да ми даде, да не одам. Ама на мислење сум.