Одма земи си, ич не се мисли. Јас само што дознав дека сум бремена одма искористив 2 недели од матичен гинеколог, па комисија ми одобри уште еден месец, вчера пак бев ми одобрија уште 16 дена. После тоа бараат конзилијарно. Само во извештајот треба да ти стои дека се жалиш на болки и ако сака да ти допише крварење. Јас ќе земам и конзилијарно во Систина, подобро да си платам 2500 и да седам дома одколку не дај Боже нешто да ми се случи па жива да се изедам, нема работа без некаков стрес. Мој совет одмарај си дома гушкај се со мешето.
И јас одам во систина. Докторот рече ќе ти дадам. А еве и матичнава вели да не одам, ќе среди. Значи прво земам од матичнава боледување,после да го продолжам од систина? Како е тоа со комисија?
Прво матичен лекар то дава 2 недели, после тоа со извештај од специјалист одиш на комисија и они може да ти дадат уште еден месец, после второ одење на комисија бараат конзилијарно. Само конзилијарното и специјалистички преглед можеш да земеш од систина, боледувањето е преку матичен доктор. Комисијата е инаку во поликлиника Букурешт, само оставаш документи а они од ракав даваат колку сакаат боледување никој тебе не те ни гледа таму. Мене на пример вчера по печатот видов дека ми бил во комија стоматолог може затоа ми дале само 16 дена
Јас 14 дена користев од одмор. 14 дена земав боледување од матичната . И вчера го прекинав , од што решив да одам на работа. Незнам дали паметно постапив.Но , дома верувајте неможам повеќе , се сјуначив тоа е ќе одам , па ако се почувствувам послаба прекинувам. Па со Господ напред !
Не 200 , не знам колку се напатував во прво тромесечие и низ текот на бременоста се до ден денес 24+1 сум сега . Два пати до Грција на одмор , до Австрија бев (се ова со кола во прво тромес.) во неделата најмалку два пати до Ск и назад во еден ден (од Кочани сум ) . Имам нормална и уредна бременост и немам апсолутно никаков проблем во однос на патувањето . Како што кажа членката - секој најдобро си го познава телото и ако мислиш дека нема да ти биде проблем патувај ако не седи си дома и кулирај
Ај добар ден од мене. Едвај си чекам утре да дојде решив на преглед ќе одам не можам да дочекам да заврши денов а само што почнал туку да ве прашам освен парацетамол нешто појако за глава што може да се пие? Вчера ме фати мигрената абе цел ден го прележав и се утепав од повраќање и гледам денес уште ме боли ама не е како вчера страшно. А немав ни парацетамол да се напијам. Да кажам дека јас за мигрената стандарт си пиев вентор со б комплекс ама сега што?
Цел ден вчера ве чекав некоја да пише дали и било лошо... Мачнините ми поминуваа и вчера од нигде ми се слоши, нагони за повраќање, главоболка. Се напив антиметил ама не помогна т.е. заспав одма, може помогнало не знам. Ама полош ден од вчера дефинитивно не сум имала. Мислам дека не можеш ништо појако од парацетамол, б комплекс знам дека се пие. Види побарај на нет како да си помогнеш сама, знам мигрена е ама може ќе најдеш нешто корисно. Мада мислам дека вчера денот беше таков.
Е може и мм цел ден се жалеше дека глава го боли. Таа мигрена више аман а таман си реков оддамна ме нема фатено а за пробување мислам дека сите можни природни лекови за мигрена ги пробав ама ништо не помага ќе се консултирам утре со док ма да се надевам дека нема да ме фати више
Низ темите прочитав дека смееш далерон,парацетамол и бедоксин. Аспирин и аналгин никако.. Читав и на странски форуми не смеело.. Антибиотици знам дека даваат некогаш, ако е потребно.. Завчера докторот виде дека сум настината и дека имам бело прање и ми кажа дека ако не помине во скоро време да одам на лекар и да си кажам дека сум бремена. Вели: “Ниеден лек што доктор ќе ти го даде нема да му наштети на плодот”. Така да издржи до утре не пиј ништо од лекови, па прашај дали смееш нешто или нека ти препорача што да земаш..
По секако ништо нема да пијам а знам исто и за првото ме фаќаачат пат мигрените ама овој мојов док ми вика ништо не ти е само парацетамол доволен е
Женски 8+5 сум и синоќа пред да заспијам осетив остри болки во стомакот коо траеја неколку секунди и прекинаа, после некое време повторно се случи. Така бев можеби 4-5 пати.. И сабајле осетив. Сега сум на факултет и ништо немам осетено со саати.
Нормално е,лигаментни болки се викаат тие,се шири полека матката.Пиј магнезиум,и при таквите сецкања седни и испружи нозе,поминуваат брзо.Не се пријатни да,но се дел од бременоста
Јас направив на 13+0 и фала Богу добро е се , обично се прави кога има домнеж но јас сум со ивф и си направив за мирна глава .
Инаку, Лулка организира работилница за прво тромесечие од бременоста, се надевам дека ќе дадат корисни совети https://www.facebook.com/events/2475269589423086/
Може да ме упатиш малку за овие неинванзивни пренатални тестови? Јас се мислам и за PRISCA, оставив на докторката да одлучи дали има потреба. За тие пренаталните сум слушнала дека се прават доколку не дај Боже нешто не е во ред на првиот скрининг, поправете ме ако грешам.
По правило така е, треба да ги прават жени над 35 год. или ако постои некакво генетско нарушување во семејството... Но сега како што гледам ги препорачуваат на сите, а во некои земји во светот станува дел регуларните прегледи на жената. Како и да е, доста се скапи...