Јас се мислев за Нифти. Според нивниот флаер не спаѓам во ниту една група за која се препорачува да се прават. Ама за мирна глава....
Сега ми текна, ги гледав во Синлаб, имаше на флаери околу 35000 ден зависно од пакетот, резултати готови за 5 дена бидејќи ги праеле во странство. Па не знам ајде кажете ако ги правите мада мислам дека ќе чекам препорака од докторката. Знам дека би ми било тоа дополнителен стрес што не ми треба во моментов.
Јас Нифти ќе го правам, имам над 35 години. Но и да немав, ќе го направев за мирна глава. Сега чекаме резултати, се надевам сè ќе е во ред. Некој попуст имаат, 670 евра е сега.
Да и јас си направив за мирна глава , @0ли резултати добив точно за 6 дена и мн беа професионални ми се јавија прво на мобилен па одма ми го испратија резултатот на маил мене и на докторот кој ми го правеше ивф, имам 36 години па затоа си направив , башка ни го открија и полот ке си имаме машко сонценце , стресно е чекањето но доколку на скринингот е се ок мислам нема простор за паника но како велат за мирна глава , со лесно на сите .
Јас прво Нифти правам, после скрининг. Ако е сè во ред, само на скрининг ќе одам, Приска нема да правам.
Женски денес бев кај матичната да ми пише боледување и ме гледаше на ехо. Ми рече дека сум 4та недела. А ја сум 5+3. Претходната недела бев во систина тогаш докторот рече се е во ред, 4 недела си, а сега ми вели матичнава дека сум 4та. Ме праша дали ми се лоши, реков не. И се чудеше. Сега ме фати паника, да не престанало да расте бебчево..
Лошењето нема врска, немаат сите лошење, за тоа не се секирај. Но ако ти е мисла и ако те фаќа ептен паника, оди бета провери.
И мене така ме испобунија, едно кажуваат апликациите, друго кажува ехото, еднаш бев недела понапред, сега според ехото сум недела поназад... Сега чекам 12та недела за следна контрола, некако се трудам да не си создавам шубе.
Да, така и јас слушнав, кај матичната баш за тоа се коментираше пред некој ден. Но еве @duffi вели дека ги вратиле пак во продажба.
Исто бев и јас и се чудев, но секој организам е различен.. до 3 месец галје немав после почнаја да се јавуваат некои тегоби сега се борам со киселини и така.. се нешо се менува хехе уживај додека немаш ништо