Девојки како го поднесувате почетокот на бременоста (6-7недела) До пред една недела имав многу како менструални болки,потоа неколку денови ништо не осеќав,а од попладне повторно болки како пред добивање.... Ниту имам гадење,повраќање,дали е нормално?Се плашам нешто да не не е во ред
Во ред е да имаш менструални болки. Ништо страшно. Јас до кај 6та-7ма константно имав менструални болки дури пред да направам тест си лапкав Кетонал цела 8ма имав кафеав исцедок кој кулминираше со неколку парченца ко талог од кафе. После тоа се се смири во глобала. Менструални болки од време на време имав ама онака тапи.
Нормално е да немаш гадење и повраќање, за тоа да не се секираш. Немаат сите такви симптоми, не е правило дека мора да ги имаш. И менструалните болки се нормални, се шири матката. Јас цело време ги имав, а повремено и сега ги имам во 11-та. Не се плаши, сè додека е издржливо нема гајле. Мисли си на тоа дека се прави место за да си расте бебето
Фала мила мн ми олесна. Море само бебко нека расте па секоја болка ќе ја издржимекога е за убаво се се издржува А во врска со гадењето и повраќањето една комшивка ме збуни,во разговор кога и кажав дека немам гадење и повраќање многу се зачуди и вика како бе така....и мене одма паника ме фати
Без гајле, не сме сите исти, мене баш ми е фино што не повраќав досега Уживај и не слушај комшии што те вознемируваат
Поубаво да немаш мачнини во секој случај, ама и рано ти е. Јас после 8-9 недела ги добив и нема да се радуваш кога ќе ги имаш. Болки сецкања имав повеќе на почетокот, па и тие престанаа. Додека бебуш е добар се е нормално
Женчиња за кратко одам да ме боцкаат за крв. Морам да мочкам иначе уште ќе си поспиев а имам уште време е сега да не си дремам вaка дома додека сите спијат смеам ли едно нескафе да мавнам?
Женички бев на контрола кај матичниот 7ма недела сум. Ме гледа со обично ехо,потоа со вагинално и ми кажа дека се е супер и дека имало срцева,но не пушти да слушнеме со образложение дека несакала да ме зрачи. Прва бременост ми е не сум искусна,па сакам да прашам дали без звук односно само на ехо може да се види дали има срцева,или така само кажа за да ме смири
Јас сум почеток на 8 недела и докторот ми препорача да направан нифти тест.Имате ли искуство да ми препорачате каде сте правеле вие?
Страна-две наназад зборувавме за ова, читни наназад. За повеќе информации и искуства има во темата Пренатални тестови, почни да ја читаш од почеток, мене ми беше од корист. Нифти во моментов е со попуст, 670 евра е.
Врз која основа ти препорача пренатален уште во 8ма недела? Или ти сакаш самоиницијативно за да бидеш на сигурно? Имаат пишано женските поназад,а ми се чини и тема има. Најчесто за таков тест треба да има медицинска индикација,односно да спаѓаш во одредена “ризична” група на трудници.Но доколку се работи за лична желба и потреба за сигурност,направи го,неинвазивен е секако. Со лесно нека ти е бременоста
Баш се радував дека немам мачнини и ете се од вчера. Многу ми се лоши, најлошо ми е што не можам да повратам, да се олеснам. Јадам нешто киселко, овошје некое,да ме смири ама ништо. Да не јадам не можам,чувствувам ко болка во желудникот,кога јадам ме смирува. Башка што сум омалаксана
Ете Ако не се лажам ти си негде 8-9 недела? Нема спас од мачнините, експериментирај да си пронајдеш тебе која храна ти одговара. Само избегнувај овошје на празен желудник. Мене добра вода со вкусови ми помагаше до одреден период и солени крекери.