6та недела сум Вчера цел ден бев на макарони само варени,,без ништо, денес тарана и банани. Ќе се преживее Ти која недела си?
Јас 14та и уште имам мачнини сабајле и навечер. Ама добро, до пред една недела беа по цел ден, на добар пат сум
Хелоу женски Да се пријавам со позитивен тест после 2 дена каснење. Инаку менструацијата ми е точна до саат, така што решив да отидам да купам тест, додека се товарев во кола со торбите од пазар и маркет Активно вежбам и планинарам, пред недела дена поминав 1300 км со кола, често сум натаму - наваму, па си помислив подобро да знам порано, барем да прилагодам интензитет. Утре планирам да се јавам на гинекологот, не знам какво ви е искуството, знам дека сега е рано за да слушнам срцева акција, па би отишла директно на тој преглед за недела - две ако не морам одма. Инаку е планирана бременост, само не очекував дека ќе се фати така од прва засега немам некои посебни промени, освен што осеќам многу слични симптоми како и во пмс.
Јас отидов една недела откако правев тест. Ме гледаше на ехо, ми кажа дека добро имплантирано во матка и ми даде сликичка од точка После бев пак за 10дена слушнав срце. Сега треба да правам крвна слика и тоа е Ама секој гиниколог е различен, некои до 7/8 недела не сакаат да пипаат ништо
Исто и јас , самo тестенини . Не ми мирисаат...јуфки тарана макароно шпагети ѓеврече бадеми е тоа е менито мое И 2кг плус. Не смеам да се дебелам но да се внесе нешто од нешто .. Ајде ќе помини
Добро утро феминки, имам едно прашање, вчера бев во гужва и под стрес заборавив да се напијам фолна киселина, дали е штетно што еден ден сум промашила ?
Не верувам дека е страшно, не се измачувај со тоа, се случило. Но гледај да не забораваш, стави си аларм ако треба и така никогаш нема да заборавиш
Здраво,здраво Јас прв прв пат пишувам во групава. На 11 ти имам прв термин па се надевам дека од групата “Вештачко оплодување” ке се префрлам тука. На 02.10 ми е последен мензис.Дали со неполни 6 недели би се слушнала срцева реакција?
Zenski zdravo! Pred nekoj den doznav i mi potvrdija bremenost! 4ta nedela nakaj 5ta. E sega uste od vreme na vreme osekam kako blaga menstrualna bolka ili nekoe peckanje vo stomakot, pa bolka vo kolkot..dali e normalno? Doktorkata mi rece da pomiruvam nekoj den ama vaka ko so citam izgleda normalno e. Nekoe slicno iskustvo nekoja? Fala vi!
Нормално е матката се шири праве место за бебко без гајле,јас сум 8ма недела и повремено на два три денови осеќам болка во стомакот и во половините,додека до 4та недела нон стоп имав болки како во секој момент дека ке добијам.
И јас имав како менструални болки во долен дел на стомак. Сепак за се што те мачи барај совет од лекар
Јас во 5та бев и немаше, во 6та слушнавме. Мајка ми која е доктор(не е гиниколог), рече дека и 6та е рано за срцева реакција и дека кај секој е различно нема потреба од паники. Нејзина колешка тек во 9та слушнала, а до тогаш сите ја ваделе од памет демек ете нема готово е. Си родила здраво право девојче
Здраво девојки.. Правев тест излезе позитивен. Последна менструација на 8ми октомври наредната нед имам закажано за гинеколог по што ќе бидам влезена во 5та недела. Според ваши искуства дали да ме гледа на вагинално ехо или да не дозволам? Исто имам воден секрет веќе 4 5 дена.. Искуства и со тоа?
Мене ме гледаше вагинално, и баш ја прашав дали има некаков ризик. Ми рече дека нема ризик, дека сондите се сигурни. И вториот пат кога бев пак вагинално ме прегледуваше. А за секретот го имам и јас, воден обичен, мислам дека не е страшен. Ќе одиш на гиниколог ќе те види ќе ти каже ако нешто не ок.
Секретот е нормална појава, без гајле. Како подмочани ќе си шетаме. Јас не сум помислувала да не дозволувам вагинално. Како ќе каже докторот, така. Досега сè само вагинално ме гледале, 11+2 сум. Претпоставувам скринингот ќе ми е со абдоминално.