Имам читано дека може сушена бруснуца да се свари исто како чај. Јас пијам од алкалоид (good nature) ima 60% бруснуца, и диво јаболки, цвет од хибискус (кој сметам дека во толку мала количина не е штетен) а после и плодовите внатре си ги јадам.
Гиникологот мене ми даде лист што смеа и што не смеам да пијам/јадам/правам. Пишуваше може чај ама да не е од тие јаките (зелен, руски итн). Така да нане, камилица, овошни може
Добро утро Дали го чувствувате некако бебчето? Првите недели имав како менструални болки и грчеви, но еве фала Богу поминаа, немам скоро никакви болки. Е сега си викам како да знам дека се е ок, како се чувствува дека расте, дека си е ок бебето? До прв скрининг и Приска уште една недела...
Рано е за да се чувствува. Останува да веруваме дека сè си е супер и да си чекаме преглед. Инаку, сабајлечки на гладно малку мачнини имам и ме радуваат, ме болат гради и тоа исто така ме радува и си велам супер си е сè. Во која недела ќе го правиш скринингот? Јас ќе бидам 12+3 кога ќе одам на скрининг.
Јас немам мачнини уште од почетокот, само замор и поспаност кои се уште траат. Ќе бидам 11+3 кога ќе одам на скрининг.
Уживајте ако немате мачнини, јас ги имам по цел ден. Од самата помисла на јадење ми се гади а кога ми е празен желудникот уште повеќе ми се гади Градите огромни, а за спиење без 11 саати дневно не сум Ама ќе помине, не е страшно
Иста сум и јас.. мачнини кога како на моменти ме фаќаат ама замор и поспаност да не правам миабет.. од тест па до сега многу сум некако уморна немам воља за ништо само ми се спие и ми се лежи. Ќере само бара внимание а јас толку сум утепана што ми паѓа жал и едвај собирам сили да и се посветам максимално. Тоа е што е се надевам второ тромесечие ќе бидам подобра
И јас ама сега да не не чини пошто имам слушнато фарбање такви работи не се препорачливи затоа и за ова мислев
Не знам дали треба да се прави или не... Ама пред две години и јас цело време ги правев и газдарицата на дуќанот беше трудна и стално со направени нокти и ги правеше и на другите. Рачунај по 7/8 саати седеше на таа миризба.... Реално имаат хемикалии тие лакови и навлегуваат во нашиот крвоток 100% ама дали допираат до бебето незз. Побарај на нет види дали има истражувања
Здраво девојки пред две недели имав трансвер на еден ембрион (ivf) вчера тест преку крв и покажа позитивен, многу сум среќна, сестрата освен дека ке ми се јават за кој ден да одам за ехо...ништо друго не кажа. Па ве молам да ми кажете кога треба да биде првиот преглед? Нешто повеќе околу тоа што да очекувам на првиот преглед.. И дали се рачуна бременоста од првиот ден на трансверо? Поздрав
Прв преглед имав околу 5+1, не ми се чекаше, но тогаш само сакус и жолчно кесе видовме и после една недела на 6+1 слушнавме срце. На првиот преглед ќе ти кажат која недела си според мерките, ќе ти кажат термин за пораѓање, ќе го видите плодот и ќе чуете срце. Бременост се пресметува од денот на последната менструација, без разлика дали е бременост по природен пат или со инвитро. Нема разлика, бременост е бременост.
Bremenost se racuna od poslednata menstruación jas na eho bev dve ned po pozitivnata betahcg i slusnavme srceva akcija
Жени ај совет некој колку да се смирам до попладне.. ноќеска пред да си легнам видов на долниот веш малце кафеавко и се извадив целата од памет.. како се бришев со тоалет така имав мноооогу малце на хартија и после ми престана. Еве сабајле пак немав ништо и сега одам у вц пак само на бришење така како кафено светло жолто не знам како да објаснам. Имам мноооогу слаби менструални грчеви а док ми е втора смена. Посекако одам после до кај него ама до тогаш да се посмирам малце...