Мачнините се тоа, така ми беше и мене нонстоп. Би требало наскоро скроз да ти исчезне тоа чувство. Гадничко е, знам. При киселини, имаш чувство како да ти гори хранопроводот, нема да ги утнеш ако се појават Стискам палци да немаш Јас првата бременост ги имав од сам старт, ама па мачнини немав воопшто. Вторава бременост имав ужасни мачнини, ама па еве досега (да чукнам во дрво) немам киселини Нема правила
Не се киселини тоа, среќничка си што не знаеш Кога ќе ги имаш точно ќе знаеш дека се киселините зашто хранопроводникот ќе ти гори од нив Иначе, истиот проблем со јадењето го имам, ако има лек кажувајте зашто сум +5кг за 15 недели
Бременоста ја почнав со 44 кг. Да качам +10 до крај ќе се радувам,а ако качам повеќе од тоа ќе плачам Ама луѓе ми здосади цело време да се јадело нешто
Јас ја почнав со 47 кг генекологот уште од старт ми рече од 8 до 10 кг максимум да качам до крај а и да качам повеќе ништо страшно да сме живи и здрави ние и нашите деца се друго е пролазно
Еден совет не се замарајте премногу со килограмите ќе си се вратите во нормала после пораѓајот .Мене докторот со првата бременост до 6 месец ми викаше да си јадам се што сакам,а од 6 да избегнувам шеќери и бело брашно го послушав до некаде и супер поминав ,сега вторава бременост ја почнувам со иста килажа ко првата па ќе видиме како ќе биде до крај здравје боже.Јас таман реков овој пат куртулив од мачнини точно во 6 полна недела почна да ми се гади и повраќа и јас како @Kate Rina 93 само кога џвакам нешто ми е подобро .
@elcezelce Јас никогаш во животот не сум имала појќе од 44кг.Се борев да качам некој килограм, сега кога ќе качувам се плашам малку да не претерам Ме утешивте со мачниниве. Јас пак мислев некој проблем со желудникот имамне знаев дека вака е нормално
Здраво. Јас сум 12 н 4 д. Денеска имав крварење бев кај матичната ми стави инекција прогестерон ми кажа да си ги продолжам дабростон и да ставам вагиналети и да мирувам нормално. Иначе крварењето не е од бебенцето; тоа е се во ред туку матичната ми кажа дека плацентата пополека почнува да ми се качува и поради имам одредено крварење од едната страна.. Па сакав да прашам дали имал некој вакво искуство?
Женички во која недела се прават скрининзите.. Кога најрано може да се дознае дали со бебето е се во ред и како се развива. Кога бев кај матичен бев 7ма недела ми кажа за месец на контрола(сега сум 9та),тогаш кажа само добра гестациска кеса,добро поставено,и толку па кога прашавме за срценцето кажа само дека е позитивно дека чука (не ни пушти да слушнеме) некако едноставно не ми се допадна односот спрема нас,па ме копка да не има видено нешто што не е во ред... На три четири денови имам мала тапа болка во пределот на јајниците(до пред неколку денови болките беа поголеми и почести)а сеуште немам ниту гадење ни повраќање...
И мене така во 6-7ма недела само ми кажа дека има срцева акција, а го слушнав на прв скрининг. Првиот скрининг е 12-14 недела, вториот 18-22 недела. Од прилика така беше.
Важно чукало срценцето, не се секирај. Болките во долниот дел се нормални, понатаму де ќе ги имаш де ќе ги немаш. Се шири матката, си прави место. Тоа што немаш повраќање е исто така нормално, досега ниту еднаш немам повратено, а сум 12+4 и сè е во ред со бебето. Пренатален тест ќе правите?
Незнам што е следно со ништо не сум запознаена што ќе треба да правиме и испитуваме.Некако матичниот набрзина не откачува не обраќа ич внимание ниту објаснува .Планирам ако и на следна контрола е така ќе почнам да идам кај некој на приватно да ми ја води бременоста
Здраво жени. Дали имала некоја искуство со жолт исцедок во бременоста? Јас отсекогаш сум го имала и си продолжи така и во теков на бременоста, а сестрата на преглед кога ја прашав, рече штом докторот откако зел брис не изреагирал во ред е... Споделете доколку имате искуства (Пишав и во Труднички ама велам ајде може овде некој ќе ми одговори)
Поради генска мутација за MTHFR A1298C-хетерозигот, гинекологот ми рече да пијам метилирана фолна. И тоа онака набрзинка, мене не ми текна рецепт да побарам. Одат ли тие на рецепт? Јас сум сега при крај на 13 недела а пијам фемибион. Паралелно ли се пие и обична и метилирана фолна?
Не одат на рецепт. Во Зегин (и во други аптеки) има од 1000 од Нау, околу 1600 се 90 апчиња. Која доза ти рече да пиеш? Во Фемибион има 200 метилирана. Ако имаш мутација, џабе пиеш обична, треба метилирана.
Ма ни доза ми кажа, ни ништо, само ми рече ќе си пиеш метилирана. А на трансфузиологија демек не можеле да даваат упати за трудници, не им примале, само за лабораторија можело. Ме нервира што во последно време има многу гужви кај неа и се некако набрзина работи.
Ако ти е од помош, јас сум хетерозигот МТХФР и пијам метилирана од 1000, метилиран Б12 од 1000, Б6 2×1.