А фемибион пиеш ли ? Јас кога започнав со фемибионот и мет.Б12 и мет.фолна се оставив. Да не се предозирам . А се си се мислам да си ги пијам паралелно
Не, Фемибион не пијам бидејќи сите тие витамини ги пијам посебно, а башка во Фемибионот има јод и поради тироидата не го пијам. Трансфузиологот ми рече поголема доза на метилирана да пијам од таа во Фемибионот и плус метилиран Б12, па вака ги земам можеби една година и кусур.
Па и јас така си ги пиев ,одделно, и поарно ми беше. Но откако најдов фемибион без јод, по едно од нив пијам и тоа е. И еве сега се разболев и сметам дека витаминската доза ми е намалена.
@0ли Кој тип на тероидна имаш? Јас имам хипо на Еутирокс од 50 и сега кога забременив ми покачила преку недела 50 а викенд 100 И пијам Фемибион во мисла ме ставивте да случајно матичната има нешто утнато
Пиј витамин Ц, чајчиња, супи, прегорен шеќер ако смееш. Ќе помине. Хипо имам, пијам едно и пол од 25, но го контролирам на три недели тироксинот и низок ми е, нема потреба од покачување на дозата. Во прво тромесечие е низок, во второ се покачува. Во декември сум на контрола кај ендокринологот и ќе видам што ќе каже за дозата. Го провери тироксинот што ти покачила доза? Мене кога останав бремена ми беше прво 1.2, па 1.05, па 0.5 со истата доза.
И Др ми кажа така дека се ке биде во ред. Но срце јуначко неможе да издржи се плашам да не прави проблеми во развојот на бебко
Не се плаши, нема да направи проблем, те следи доктор. Штом ти рекла дека сè ќе е во ред, така ќе биде! Ајде позитивна биди, за брзо ќе си го видиш бебенцето
Девојки да ве прашам - Неделава одам на прв скрининг, па дали знае некоја од прилика која е цената во Систина? Да си бидам подготвена финансиски. Ин витро правев кај Др. Лазаревски и до сега тој ме прегледува не ми наплатиле ништо . За ова незнам која е цената.
За прв скрининг мене ми наплатија минатата недела 4550. Вториот и подолго трае и подетален е, а поевтин од првиот.
Е ајде де Баш прееска ги расчистував документите, се’ си чувам во папка, и ја видов сметката, ама ја фрлив. За првиот скрининг не памтам колку платив, ја имам фрлено сметката од тогаш, ама и тој беше 4 и нешто илјади. А вториов е поопширен и 4д. Не знам што да кажам