Сигурно 4500 си платила, па додека отидов јас, покачиле на 4550 А многу се интересни со поскапувањата. Пред некое време им бев на Ургентен за да ме боцнат со Депо, недела беше, платив 450. После околу 3 недели отидов пак за да ме боцнат со Фраксипарин во рака за да видам како треба за да го одморам стомакот и платив 470. Туц-муц и полека, демек незабележливо, ги качуваат цените
Скроз. Со малава на педијатар плаќавме по 1.700 (со попуст, дека породена таму нели), па по некое време почнаа по 1.900, ај викам ок, поскапеле малце. Последниот пат плативме 2.300, односно колку што им беше порано цената без попуст
Какво бесплатно во Систина, таму и воздухот што го дишеш се плаќа Ништо нема бесплатно за трудници таму, тоа само на државно со упат
За во Систина знам , таму сум "матична" Мислев дека муабетот на Оли беше за на ургентно на клиника Но , во ред .
Мамички, не знам за каде е прашањево ама ќе го поставам тука...кога видовте две црти, колку пати проверувавте бета, за да видите дали се дуплира правилно... Не знам дали е нормално ама мојата бета се дуплира на секои 35 часа, на крај ме искараа зошто сум проверувала и на моја рака...демек бетата додека не стигне 1 200, можело да се дуплира од 30 до 72 часа. Ептен се напнав, не можам да дочекам понеделник за ехо, се си мислам нешто да не не е океј чим вака се дуплира... Ме интересираат и ваши искуства со растењето на бетата...
Јас воопшто не испитав преку крв. Тест од аптека, после 1 недела на гинеколог отидов и толку. Еве терам 8ма недела, се е во ред со бебушот. Не си давај толку стресови,сега треба да бидеш смирена. Чекај си преглед
Кас мислам нема потреба од такви негативни мисли. Јас од кога видов две црти иако беше рано за на преглед после недела ипол пак направив уште еден чисто ме интересираше дали ќе е појака. Бета никогаш не сум проверила. И после некаде на 7ма нед бев на преглед и си слушнав срценце. Само опуштено и позитивни мисли
Здраво, не испитував бета хормон. Тестови 2-3 направив кога ми доцнеше и во 7ма недела дури на ехо ме видоа. Поздрав
Јас првично си направив тест, веднаш отидов до лаб за Бета . Ми се потврди бремеността и толку за 2 седмици на преглед. Премногу оптеретување не е потребно ! Уживкај си и закажи си преглед ! Со лесно
Јас проверував два пати.Првиот пат кога проверив беше 1355 и на 7миот ден (за една недела) кога проверив беше 5355
Јас не кажувам колку пати проверував бета Во почетокот бев под стрес дали е сè во ред и тоа ме смируваше. Кој како што мисли, така нека постапува, само мирна глава да има.
Оли јас сеуште ја проверувам тоалетната на бришење До крај ке си проверувам,море и породена,од навика. Бета проверив само еднаш,а тест правев после тоа,цела сум обратна. Иначе сметам дека еднаш е сосема доволно ако реф.вредност е ОК,некогаш и чекањето резултати ствара дополнителен стрес.
Ни тестови не кажувам колку направив Ете јас тоалетна не сум проверувала Затоа велам, шо нè смирува, тоа да си правиме. Некој се стресира додека чека резултат, а јас се стресирав ако не проверев. Но и тоа помина како што поминуваше неверувањето дека сум навистина бремена.
Кај спомна за тоалетната , како психо сум. И само на Селпак купувам , најбела е хахахх. Дури и ако сум излезена , па осетам некое секретирање , директива во wc , по тоалетна .
Imal li nekoj slicno iskustvo, denes mi se javi maticnata doktorka da me izvesti deka stignale vakcini protiv grip i me sovetuvase da ja primam, so prvata bremenost nikoj nisto takvo ne spomna, mi vika imas dete shto odi vo gradinka mora da se zastitite
Искрено јас вчера му викам на мм дали е добро да примам вакцина против грип? Прва бременост ми е и сум 11+2. Мене доктор не ми кажа ништо и во дилема сум. Јас да се прашувам би примила, ама сепак шубе, како ќе влијае на бебе? Целата сум ???????