Читај ја темата Гинеколози, таму жениве имат пишувано искуства, многу повеќе информации ќе добиеш таму.
Женски во 8ма недела сум влегов денес.Со бебуш е се во ред, ама мачниниве не поминуваат.Како нагон за повраќање а не можам да повратам, гадење... помагајте
За некој ден влегувам во 12 недела и мака мачам со храната.За доручек сум само на геврек со јогурт/кисело млеко или празна кифла.Ручекот го јадам без проблем со салата а вечерам многу ретко зошто си повракам навечер.Овошје исто слабо хадам од се ми се лошиКако се справувате вие со храната?Ми се јаде а кога ќе помислам на храна ми се лоши
И кај мене е слична ситуацијата, мислам дека во споредба со минатите недели малку се подобри. Јас лично, гледам овошје и зеленчук да внесувам доволно, од нив не ми се лоши. Забележаб дека кога ми е празен желудникот добивам некое грдо необично чувство и нагони за повраќање, па затоа гледам почесто да каснувам по нешто да има што да врти Исклучив конкретни јадења, каде што самата помисла на нив ми дава нагон за повраќање. Друго, исто ко кај тебе осеќам глад и кога помислам на храна ми се гади, ама најдов решение, не мислам многу туку седнувам и јадам, штом почнам со јадење се губи гадењето... Ептен мали голтки чај од камилица, една шолја можеби саат време ја пијам, ама морам така дека ми се случи неколку пати да испијам чај нормално па да повраќам после. Отприлика тоа, еве се трудам вода да внесувам исто мали голтки дека на моменти дехидрирано се осеќам што воопшто не е добро. Се надевам дека ти помогнав малку
Каде да се најде пристојна трудничка облека...пробував некои панталони и фармерки во делот во ваикики ама сите фармерки им се некако надолу како цевка а панталоните како ѕвонасти, без врска модели, сакам нешто по нормално..дајте предлози од каде купувате.
Јас се изнакупив во бутик за трудниците Ева во Буњаковец, супер работи имаат а и материјалите им се одлични (тоа ми е струка па затоа ги разбирам малку повеќе), има и ептен тренди парчиња. Јас сум ептен задоволна
И мене воопшто не ми се допаѓа понудата, ниту во Ваикики, ниту во двата бутици за трудници Ме фати дури очај, зошто мене од многу рано почнаа да ме стегаат панталоните и фармерките. Сега за сега си носам обични фустанчиња со дебели хулахопки и комбинации со труднички хеланки.
Aко ти доцни месец и пол, тоа значи дека би била 10 недели бремена. На ехо веќе се гледа бебенце, мрда раце, нозе...
Членкава безброј тестови направи , нема шанси да е бремена и НЕ Е , ама она упорно е со таа мисла , а уствари си има хормонско пореметување и нема абер да појде на гинеколог , и претходно има пишувано дека има нередовно циклуси , ама цк уште малку за пораѓај ќе се спрема
Оф, леле! И го прочитав прашањето и во прв момент помислив дека е бремена и прашува што да очекува на ехото
И јас го забележав истото и го разгледав профилот. Значи девојче (пошто очигледно си била сега матурантка), цели 2 години секој месец имаш пишувано на форумот дека имаш заштитени односи, ти касни, имаш секој месец кафен исцедок и секој месец мислиш дека си бремена итн итн. Во една прилика имаш прашано дали си бремена пошто ти свршил на стомак. Премногу небулози. Те молам жити се, изгуглај бре како се останува бремена. Изгуглај како да се заштитиш. Друга важна работа: ако секој месец 'ти касни' по 3-4 дена, може едноставно циклусот ти трае 32 дена, а не 28 дена. И како може да си сексуално активна минимум 2 години и да не идеш на гинеколог? Извини ако те навредив на некој начин ама гледам дека членките те тинтраат 2 години со глупи прашања, дај порасни, едуцирај се. Еден ден стварно ќе останеш бремена и ќе треба на детето да му ги објасниш овие ствари. А како? Тешко на тој што го тормозиш секој месец дека си бремена.