Ај добар ден. Тест позитивен. Да се вклучам и иако е многу рано, на гинеколог сум дури на 12.12 за срценце. Ама убаво е кога ве следам.
Здраво имам едно прашање. Бремена сум 6 недели од последна менструација,на гинеколог по две ннедели треба да одам. Вака сега пиев 9 месеци пароксетин од кои последните 4 месеци по пола апче поради зголемена анксиозност и паника. Кога видов две цртички пред 5 дена ги оставив нагло,од тогаш се чуствувам поспано,малаксано, немам енергија само лежам ,слаба мачнина , тешко дишење, ми рекоа само фолна киселина,магнезиум,витамин ц и ако ептен почуствувам почуствувам потребс диазепам од 2мг. Дали некој имал слично искуство да сподели? Поздрав
Здраво девојчиња, се помислив дали реално сега за сега припаѓам во групава, бидејќи е многу рано не сум била сеуште ни на ехо ниту па срцева сме слушнале.. но имам прашање, па си реков ќе пишам Бремена сум по пат на ивф и на 31.10.2019 ми беше последна менст. Е сега... бетата на 11 ден ми е 459 во референтни вредности е за до 3та недела. Си активирав една апликација и го внесов датумот на последна менст. апликацијата ми рачуна 4+3 Збунка сум малце На сите ви посакувам лесна бременост, здравје боже ќе се дружиме
Тогаш и јас сум рано како тебе, а мене ми вади на мојата апликација 5+2 а последна ми беше на 01.11 . Која е твојата апликација? Мојава е flo. Ќе чекам да ми каже мојот гинеколог која сум и како на преглед на 12ти закажав да можам и срценце да чујам.
Еј супер што сме исто, ќе споделуваме искуства Инаку мојава апликација е Pregnancy calendar ( со розево срце со бебе на сликата ) Јас фло апликацијата ја користев за менструални циклуси и сега кога го внесов датумот и мене ми покажа 5+2 и си реков фуш е апликацијава, друга ќе си симнам..но еве и таа 4 месец ми рачуна Бета колку ти е?
Не сум мерела тоа, тоа од крв се прави нели? Ќе видам на гинеколог се, ни со прво не сум правела такво испитување. Ќе се дружиме во труднички значи ❤️
Flo покажува една недела понапред. Pregnancy calendar ми покажува точно според последна менструација само еден ден плус ми дава од тоа што ми го кажува гиникологот. На пример јас сум денес полни 11 недели а на Pregnancy calendar ми пишува 11+1. What to expect апликацијата ми покажува исто како кај гиникологот