Ovia pregnancy е супер апликација. Секој ден пишува за развојот на бебето, совети за активности, за исхрана, витамини, разни статии. И точно си ги кажува неделите и деновите, колкаво е бебето.
Здраво , дали некој има со хипотиреодизам , гинекологот ми ги препиша овие витамини ама ендокринологот ми ги забрани , ми рече никако да примам витамини во кој има јод дека бил штетен во комбинација со еутироксот ?
И јас сум со хипотироида,на терапија Еутирокс а матичниот ми ги даде Femibion,исто и на нив пишува дека имаат јод .Кога бев кај ендокринолог се консултирав и ми кажа слободно да ги пијам.
Мене гинекологот пред да ми препише јод ме праша дали имам проблем со тироидната. Така да, и јас би го слушала ендокринологот. Можеш повторно на консултација со гинекологот и да си пиеш само фолна без комбинации.
И јас сум ист случај како тебе,прашав во зегин и сите витамини имаа јод.Уште сум во потрага по витамини без јод.Од искуство никако не го земај фемибионот зошто мене од нив дупло ми се качи тсх.Ако најдеш без јод пиши
А зашто не си земете фолна, ц витамин, б витамини и се што ви е потребно? Не мора комплекс од витамини. И плус сигурно поевтино е така.
Метилирана фолна од 1000 наутро метилиран Б12 од 1000 наутро 2×Б6 од 20 2×магнезиум од 250 Д3 од 1000 наутро Витамин Ц од 500 наутро пробиотик по еден навечер Б-комплекс навечер Сега во второ тромесечие и омега 3
Знам, но трансфузиологот така ми ги препиша, намерно така ми ги даде. Башка што ми одговара двапати, особено бидејќи на почетокот ми беше малку страв и Б6 ме смируваше. И мачнини ми смируваше сабајлечки, а навечер убаво ме успива со магнезиум во комбинација.
Дали е можно од послабо железо да чувствувам како треперење на телото и слабост ( на моменти ) и како да сум многу бледа кога ќе се погледнам во огледало, а воообичаено не сум. Имав лани намалено серумско железо некаде 6 ми беше па пиев суплементи и сл па го подоправив малце. Имам крвна слика од пред месец дена 13ка ми е серумското. Хемоглобин околу 10. Ама од пред месец ми е резултатов. Прашањето ми е дали во толку рана бременост може дополнително да се намали железото и дали да си направам крвна слика или да чекам прв преглед па потоа? Дали смеам да конзумирам матична млеч со мед или чиста матична млеч или не? 5-та недела сум ( ваљда ), уште не сум била на ехо.
Направи си нова крвна слика и урина. Кога дознав дека сум бремена, веднаш отидов да направам крвна слика. Едит. Матичен млеч мислам дека не смее, а мед јас од сам почеток ставам по едно лажиче во цеден лимон. Слабост може да осеќаш од намалено железо, но и од самата бременост. Јас скапано се осеќав цело прво тромесечие, а железото ми беше 14. Нормално е да си како изморена. Кога ќе влезеш во второ, ќе живнеш повеќе. Скапнував од соба до дневна, сега ми се врати енергијата и не се задишувам како да сум трчала.
Фала Оли, утре звонам за упат во сабота правам. Да знам на што сум барем. Кажи ми дали во првото тромесечие цело време одмараше поради ивф или и излегуваше на пример? Мене ми рекоа додека не ме видат на ехо да одмарам, а и реално не сум нешто способна да излегувам многу многу од дома. Од друга страна сакам да си функционирам како предходно ( кратка прошетка барем или кафе со пријателка и сл.)
И јас ќе ти кажам со 22 железо не да се осеќам скапано ауу не можам по скали да се качам а да не се задишам.. полека и мачнини ми попуштаат се надевам за недела две ќе бидам со повеќе енергија и желба за се денес полна 11та недела и си очекувам после 12та да си бидам поарничка
Па на почетокот повеќе одмарав, немав сила за ништо. Излегувањето ми беше до кај матичната за Депо да ме боцнат или ептен кратко до продавница као да купам ситница, ме фаќаше сафра само дома, но и скапнував одма. За викенди со маж излегував со кола на пазарење за дома, навака-натака, но не пешачев премногу. Ќе отидев и на кафе на кратко. И сега кога ми се врати силата излегувам, прошетувам, не премногу долго, но повеќе од претходно. Слушај го телото, како што ти кажува, така прави. Омалаксана ако си, одмарај, ништо не се форсирај.
22 сепак не е лошо железо. А пиеш нешто или не? Издржи, ситно броиш за во второ тромесечие ..се надевам ќе ти биде многу подобро. Ти благодарам за одговорот