@monka_bonbonka kako si? Jas duri sega chitam,mnogu rano sum zaspala sinokja.Se nadevam si podobro od preporakite shto ti gi pishale zenickive tuka valjda neshto ti pomognalo.
Девојки да ви пишам.. до 3 ч вчера журка и накај 3 и нешто заспав. Од вчера од 3 до сега не сум повратила, што значи битребало да ми е по ок, иако не се чувствувам така. Главата уште ме боли, не со таков интезитет како вчера, ама ме боли и сум омалаксана Ги испив елетролитите и пробиотикот и стискав пола саат некако да издржам и после се отиде низ вода пак, така да незнам што беше тоа вчера, на никој не го посакувам. Фала ви на сите за советите, се надевам нема да се повтори. Се мислам да ја информирам сестрата бидејќи не ми е јасно дали ми е од бременоста, вирус ли е или мигрена значи не ми е јасно и се плашам ако е нормално.
Монка жал ми е за непријатната ситуација. И кас вчера бев нешто слично на тебе. Немаше што не пробав главата мнооогу ме болеше, ужасно лошо... Од бременоста ни е не се секирај. И денска до 12 исто така се чуствував... па нели сме бремени
Во право си драга, во принцип трпам и не сум некоја плачка ама тој хорор од вчера на никој да не се повтори!
Јас во 9-та недела некаде имав ист ваков ден. Цел ден буквално повраќање, лошење и страшни главоболки, плус и грчеви имав во стомакот како при стомачен вирус, но немав дијареа. Многу чудно, еве до ден денес не знам што беше, ама мислам умирав дента. Утредента како ништо да не се случило, стандардно гадење и нагони, но ништо преозбилно. Таков е првиот триместар, ама проаѓа. После во втор ќе уживаш, најубавиот период е тоа
@monka_bonbonka за ден два ќе ти биде многу подобро. И јас на почеток мислев вирус е. Тогаш бев 8ма недела. Мислам дека умрев тој ден. Како што пиша членката погоре бремени сме. Тоа е. Помина битно вчерашниот ден. Те гушкам
Ако и пред бременост си имала мигрена од тоа е сигурно мислам. Јас долги години си ја имам мигрената и си повраќам стално од неа.. до сега два пати ме фати и тоа ненормални болки што сум пиела парацетамол на 8саати и обилно повраќање цел ден и без апетит. И што и да јадам одма го повраќав. Со првото само 2 пати ме фати мигрената за 9 месеци а со ова уште во прво тромесечие два пати до сега... се надевам нема да се повтори и кај тебе и кај мене
Во принцип ме боли глава и секогаш сум пиела апче, ама сега неможам и тоа е без апче болката се акумулира и се случува тоа што се случува. Ми се имаат случено мигренозни болки со повраќање 2-3 пати годишно не многу често, нешто слично на ова ама пример еднаш два пати ќе повратам и ми поминувало, ова беше страшно, еве уште не сум стабилна ама верувам утре ќе ми биде подобро.
Па исто и со мене кога ме фаќала мигрената ќе повратев 1-2 ама сега во бременост друга приказна.. плус ти си уште на почеток па можно е и мачнини да ти се појават (се надевам дека нема) и тоа плус кај мене влијаеше на почесто повраќање. Ајде одмарај лежи си и утре ќе си подобра
Здраво, 11 недели денес. Еве веќе цел месец со ненормални мачнини и нагони за повраќање. Ниту се јаде ниту се спие, а гладна пак е хорор филм. Еве веќе 2 недели сум во кревет, нонстоп ми се лоши и немам никаква енергија. Да ви кажам искрено Ви завидувам на ентузијазмот, мене ми е толку лошо што воопшто не сум се израдувала. Пробав сè што знам и што слушнав, ништо не помага. Првата бременост повраќав до 5ти месец, но вака без сон и без живот не бев. Секој совет е добредојден. Ве поздравувам!
Витамин б6 и пробиотик и ако повраќаш многу течности.Тука сме со неделите јас петок 11 недела ја почнувам.
Јас вака тазе бремена со симптоми слични на твоите овие 2 дена, и се надевам нема да се повтори. Мислам ми помогна пробиотик, сода по пола лажичка со вода, и б6. Електролити се напив вчера ама неможам некако да ги сварам. Уште не сум нај нај ама се надевам утре ќе ми биде подобро. Исто и јас не спијам, многу малку само можеби и од тоа ме боли толку главата. Одмарај повеќе, ќе помине уште малце издржи.
Изгубив надеж да ти кажам, а од задутре морам да се вратам на работа и воопшто незнам како ќе издржувам. Лекарот не ми нуди никакви опции освен инфузии, а сум го минала и тој пат, никако не ја побруваат состојбата ниту квалитетот на живот ( кој е сведен на минимум).
Од срце ти посакувам да е само епизода, моево е страшно, ни самата за себе неможам да се грижам, камоли за детето Тоа мислам најтешко ми паѓа. Освен да издржувам и немам некоја опција, ама ете барем овде можам да си кажам и да најдам некој кој вистински ќе ме разбере и осетил на своја кожа.
Мене ми помага само кока кола голтка по голтка....нешто што ми текна бедоксин да го прашаш гинекологот секојдневно да примаш?! Па кажи дали сум ти помогнала барем малку. Те поздравувам