Б12 мислам дека го има од 500 и од 1000 микрограми како апчиња. Б6 јас го земам од 20 милиграми, а една членка тука пиша дека го имало и од 50. Едит. Извини, сега видов дека за Б-комплекс прашуваш, а јас ти одговарам за Б6 За нив не знам баш, од почеток ги пијам овие од Натурал Велт, кога разгледував разни фирми, забележав дека еден од Б-витамините во овие го има, а во други го нема. И се држам само до овие и не ги менувам.
Еве го составот на Неуробионот. За кај Јани јас еднаш сум била и тоа кога ги правев испитувањата на имунологија и трансф., и тогаш сестрите ме испратија кај него за да ми одреди терапија и да ми ги прочита резултатите. Инаку најверојатно може преку матичен лекар со упат чинам? Се смеев со една комшика она има проблем со тромбоза и.т.н. и сакала упат за кај Јани и наводно матичната се насмевнала и и рекла дека трудниците на глава му се качувале, и на мој термин пишувало НЕ ЗА ТРУДНУЦИ за кај него. малце ми е смешен муабетов незнам дали е така ама штом е ваква ситуацијава кај мене ќе пробам некако да закажам или па на своја рака ќе си пијам пошто ете веќе имам напишано од негова страна што да пијам. Ама па уствари дози немамуфф незнам...
@monka_bonbonka Оди му во амбуланта кога се читаат резултати, не верувам дека ќе те одбие. Кажи му/и' на тој/таа на шалтерот дека си доаѓала кај него и дека си останала бремена, па само да ти каже доза за витамините. Мислам дека нешто слушнав на Трансфузиологија дека за бремени не можело да се закажува термин преку матичен, не знам колку е точно. Б12 во овие не е метилиран, ќе си земеш од аптека метилкобаламин.
Не се извинувај па ти Гледам Јани на 23-ти е прва смена. Мислам дека после 12:30 часот ги читаат резултатите. Потоа гледам на 30-ти е пак на работа, но ми изгледа дека е втора смена, читањето на резултатите е мислам после 18. Башка гледам дека на 30-ти има и слободни термини да се закаже.
За кај Јани мене првпат матичната ми закажа, не знам ни јас како успеа, ама знам дека долго чекав термин. Потоа кога веќе еднаш отидов кај него, он со секој преглед дава упат и закажува наредна контрола и така терам, без матична. Исто беше и за првата бременост, а и сега во вторава. Инаку кај него е хаос со термини, човекот е пребукиран, многу тешко се стигнува до него. Секогаш кога имам термин, гледам куп трудници без упат што се расправаат на шалтер за да ги прими. Не одбил никого, се случувало да чекам и по 2-3 часа на закажан термин кај него, баш заради овие упади од страна. Не сака да одбие никого, особено не трудница, па затоа се ствара толкав хаос. Искрено, би ти рекла, во случај да имаш некој што го знае, или што му го има бројот, да ти ургира да те прими. Знам дека веќе преку матичен е невозможно да се закаже, нема термини кај него. Само првиот пат е проблем, додека стигнеш до него, понатака сам ти закажува и ќе те води.
@oli @monka_bonbonka mene za slednata kontrola dr.Ivanovski mi rece da ispitam hemostaza i d dimeri,toa se ispituva na transfuziologija i dali posle so rezultatot se odi kaj dr.od trasnsfyziologija(sekako rezultatot ke go nosam i kaj Ivanovski)nishto ne mi e jasno Inaku jas za mutacii ispituvav na humana genetika Izvinete zenski jas ve napnav i dvete denes so prasanja,prashanja...
И одам на трансфузиологија каде што ми земаа крв или во канцеларијата што му е кај факултетот кај институтот? Таму бев првиот пат.
Фака мила, а зашто одиш толку често во бременост? Ти менува терапија, зголемува, намалува ддмери испитуваш или? Јас мислев дека еднаш ти дава терапија и толку.
Монче не се нервирај, лекарот ти дал Б комплекс, ама штом веќе пиеш Неуробион, земи плус метилирана фолна и тоа е.
Одиш на Трансфузиологија, во амбуланта е во понеделник. Таму каде што ти земаат крв, има две амбуланти. Пишува на вратата во која е тој. @lia22 На Трансфузиологија крв ќе ти земат. Ако ти даде матичниот упат за кај трансфузиолог, одиш прво кај трансфузиологот и тој ти дава упат за крв да ти земат. Ако ти даде матичниот упат за лабораторијата да ти земат крв, со резултатот ќе одиш само кај гинекологот, а може и да пробаш да отидеш кај трансфузиолог да ги види ако те прими.
Не не, секој месец се оди на контрола. Првата бременост во 7-ми месец ми се појави проблем со протокот од плацентата до бебето заради високите д-димери, па тогаш првпат отидов и одев до крај на бременоста (по еднаш месечно). Сега одам од 3-ти месец некаде, бидејќи заради проблемот што ти го наведов во првата бременост, во оваа уште во 8-ма недела испитав д-димери и ми беа до плафон. Он ме прати да испитам генски мутации и така дознав дека сум хомозигот. Одам еднаш месечно или еднаш на два месеци, зависи како ќе ми закаже. Правам контрола на д-димери и ми одредува терапија. Прво се боцкав по двапати на ден, па еднаш, па сега пак двапати. Така што битно е цела бременост да те следи, состојбата се менува постојано
Девојки, на колку време од прилика одите на ехо за преглед? Мене матичната ми закажува на 2 недели...