Девојки, дали знаете дали можам да ставам облоги од ациди борици (борова вода) на стомак? Имам огромни модрици од клексанот
Парацетамол пиев пред 3 недели, сега како да настинувам. Се мислам дали да пијам или да се воздржувам? 9та недела сум
Иста недела сме. Пијам парацетамол по потреба, пр вчера ме скина глава и пиев. Не се трпеше. Колку што знам не штети и само тој смееме да го конзумираме во бременост за се.
Мене матичната ми рече дека парцетамол и аналгин може да пијам, ама јас настинката ја излечив со супи и чаеви. Посебно препорачувам чај од свеж ѓумбир, ќе го изрендаш, количина колку едно кафено лажиче, ќе го попариш со жешка вода, после може мед, лимон и 10 капки прополис. Мене многу ми помогна. Исто супи со црн бибер, а ако можеш и лук, многу помага.
Девојки ве молам кажете сувата кашлица како да ја средам. Многу кашлам кучешки, поготово навечер на спиење. Нема никаде пантенол а и не ми помага нешто многу.
Прашај ја матичната дали може серапептазе во бременоат да се пие. Тоа помага уште при пиење на првото апче. На природна база се ама прашај за сигурно...
Јас ја средив само со прегорен шеќер со млеко и путер. За ден два почнав да се искашлувам и одма после тоа престанав да кашлам
Јас претходната недела бев за никаде и од грлото и до носот и гладот ми се фати и кашлав и прскав прополис без алкохол на грлото и земав и таблети за шмукање од бел слез и мислам од нив ми помина само, другото ништо, 2 недели се малтретирав, јас ни парацетамол не земав, до сега никакво апче немам земено оти не е имало потреба и сакав скроз природно да се излечам, си направив и брисеви од нос и грло да бе имам некоја бактерија толку долго што ме болеше грлото и носот за никаде зелен секрет дури гној да ми извиниш ама никако не престануваше, чаеви, супи, витамини абе ништо, среќа рез.од брисевите беа негативни и на јрај орашав во аптека што друго би можело да земам и ми понудија тие таблетите и готово, сега сум како нова. Пробај земи ги, на природна база се, ми помогнаа мене само тие, што друго не пробав.
Мила јас се разболев, пијам сируп Алпенкрафт и спреј во носот... иначе и 3 дена пиев Сумамед. Ми вадеа и заб и се ми се собра
Ако прашуваш за Институт за микробиологија, таму со термини работат, на упатот треба да пишува во колку треба да ги однесеш. Мене без термин не ми ги примија.
Девојки вчера бев на преглед се е во ред 8ма недела + 5 дена сум докторот рече се е во ред , но имам секрет две недели веќе и непријатен мирис забележав , ми прешиша флажил вагиналети 7 дена ... дали некоја има користено ??
Е не ми зеде .... на 12 недела здравје кај матичната сум за микобиолошки, бев и до кај нејзе за боледување и вика јас не препишувам до 12 недела ништо не па флажил ... ако ти препишал докторот тогаш ти си знаеш .... а докторот ми е што правев инвитро кај него .. и сега незнам се двоумам ...