Бев кај Кацарска денес , 9+6 сум, бебе е големко,одговара на 11та недела. И нухалниот го погледна, ќе одам и на скрининг фала богу, ама ми кажа дека се си е во ред со бебето и дека е одлично. На скрининг сум за две недели и кај Димчев и кај матичниот.
Подобро да користиш нешто кога веќе е таква ситуацијата отколку без терапија.Само по себе тешко дека ќе помине.
Сиг докторот нема за џабе да ги пише .. ќе ги ставам подобро отколку да се комплицира нешто недајбоже ...
Штом ти ги дал ин витро докторот, воопшто не му ја мисли, прими си ги. Секако дека повеке ке му веруваш на ин витро докторот, отколку на матичниот. А како го примети исцедокот? Мислам да не бидам погрешно сватена, штом си ин витро сигурно ставаш утрогестан или кринон. Мене од утрогестанот постојано ми протекува на гаките. Не знам дали би приметила доколку имам исцедок .
Па од кога престанав со кринон гелот ,а ми го прекина на 6та недела докторот и после тоа како кафеафкаст исцедок забележав и веднаш отидов и рече дека од си се сместува плодот нема место за паника внатрешно се си е во ред и после тоа вистина престана таквиот исцедок ама почна како жолт секрет и сега кога бев на преглед ми ги препиша ....а вагинално не користам ништо и затоа забележително е
Значи не примаш ништо вагинално, затоа и си приметила. Јас ставам утрогестан вагинално, и постојано сум како "подмочана". Не знам дали би приметила, доколку ми се појави исцедок.
Кога примав кринон гел исто имав исцедок дури и како грутки ама тоа нормално било ... немаш гајле од утрогестанот така ти е .. кај мене ќе видиме вечер ќе почнам да ги ставам вагиналетите
Имаше една трудница со мигренозни главоболки која беше? Да ми каже дали и се повторуваат и во второ тромесечие. Сватив дека и првиот пат кога ми се слоши во 5 недела ми беше мигрена еве и денес во 10та недела неможам од кревет да станам.. обично имам 2 до три пати годишно вакви мигрени ама ова не го очекував во бременост. Се надевам нема да се повтори Ништо не сум јадена поврќам течности што пијам и ме боли цела лева страна од вратот до окото и вилицата, не се издржува
Јас кога бев бремена ја имав често пати цела бременост 1 2 па и 3 тромесечие. Во првото беше нај изразена неможев да гледам од болка
Што ти помагаше најмногу? Дали ја имаше од предходно, минатиот пат 5 дена ме болеше глава. Неподносливо е ова.
Искрено ништо ме болело и по 10 дена.малку олеснително ми беше од лумон го јадев целм Ми рекоа кисела вода течности и партстамол
да низок е или нормален. Не ми се обични главоболки. Денес ми е 120 со 80 а неможам од кревет да станам.
Ако повраќаш често (зборам повеќе од 3 пати на ден) треба да примаш инфузии. Тоа ми е напоменато од доктор неколку пати до сега. И јас имам 90/60 и ужасни болки скоро секој ден а немам мигрена, но во живот сум немала толку јаки... Пијам по еден парацетамол и легнувам да спијам. Станувам ко нова, не баш секогаш, но многу често знае да ми помогне. Иста недела сме, може до неделите е...
Еве јас.. не знам што да ти кажам.. во прво тромесечие секоја недела ме фаќаше мигрената со повраќање со се.. сега од кога влегов во второ знае пак да ме фати ама не толку често.. зависи од организмот.. со првото цела бременост само 2 пати ме фати а со оваа само 5 пати во прво тромесечие... нема правила.. јас штом осетев дека ми почнува болка одма пиев парацетамол. Кафе и малце кока кола иско притисокот секогаш ми беше 120/80 и со мигрена.. легнувам во темна просторија и скроз тишина да биде. Знам дека е тешко кога те фаќаат болките ама што и да јадеш и вода кога пиеш голтка по голтка не наеднаш зошто одма ќе ја повратиш.. со лесно и да не ти повтори више аман од тие мигрени
Супер, и јас бев во петокот кај матичната 10+1 ми рече сум (еден ден се разликуваме ама тука сме) едното бебе одговара на неделата другото е 9+4 рече не е ништо, ок е се. Сакав да те прашам во која недела точно ќе одиш на скрининг, јас закажав во 12+1 се мислам да не е рано....
Леле катастрофа, со повраќање и јас сум и гадење и од вода. Денес главата не ме били среќа затоа вчера мислев дека мозочен удар ќе добијам. Доручкував двопек и толку. Сода пијам. Искрено се надевам дека во второ нема да биде вака. Фала за одговотите на сите
Обично ехо - 2650 ден. @monka_bonbonka мене ми пресмета сестрата и ми закажа на 24ти во петок, таман ќе сум 12+ . Таман си закажала и ти. Од 11та до 13та се прави