Ај сега јас со прашање. Имам дијареа последниов пола саат двапати. Матичната ми рече пробиотик и сега пиев, диететска храна и мн течности. Јаглен не во прво тромесечие . Ми е страв да не ми се повтори. Некој совет плус за да ми се смири мешето?
Доволен ти е пробиотик, ќе ти се смири. Јас стомачен вирус кога имав 3 дена само со тоа ми се среди. И диетална и посува храна, тоа знаеш. Е да, и чај од нане можеш, смирува стомак многу, ама не претерувај. По една до две шолји дневно. Јас пиев и ептен убаво ми делуваше
Црниот чај е закон за дијареа, само не сум сигурна дали смее во бременост, ај види на google баш или ако имаш некој прашај
Бевме на втор преглед . Денес сме полни 9 недели, а бебка според димензиите 9+5 . Докторот вели најнормално е да си биде за некој ден понапред или поназад. Плус вика ова е ин витро, се бира најздравиот сперматозоид и најздравата јајце клетка . Си расне душа мамина
Девојки здраво, Утре ќе сум 7ма недела и од пред 2 дена како пресек многу тешко ми е во желудник. Како да имам дупка а кога ќе седнам да јадам едно залче и толку...како кнедла во грло да имам. Многу мачнини и се трудам да не повратам. Во четврток сум на преглед се надевам ќе слушнам ❤ Дали и кај некоја од вас имало вакви симптоми и до кога? за ништо не сум..
Не се труди да не повратиш,ако ти доаѓа слободно испразни се да ти олесни. Мене ми беше толку тешко и мачно,ми се лошеше а не можев да повратам,мм ми викаше да ставам прсти во уста за да предизвикам повраќање,ама не знаев така. Кај мене мачнините траеа до кај 18та недела,ама кај сите е различно. Ми помагаше кока кола,кисела вода, Iso sport сокче со вкус на лимон.
Пијам терапија и затоа некам да повратам бар не насабајле..да исо и мене ми прија многу. Фала на совет!
И јас пиев еутирокс за тироидна од сабајле и мене не ми беше во прилог да го повратам апчето. Затоа некогаш кога ќе осетев дека ми се лоши,ќе почекав да ми дојде да повратам па ќе го испиев апчето после тоа. Се издржува,ќе помине,кога ќе се роди ич нема да ти е мака за лошите денови
Дај Боже да е само за добро! Едвај чекам тој четврток и да слушнам срценце! Со 2 спонтани сум и никогаш немам дочекано
Здраво 7+2 сум. Во петокот слушнавме срцева реакција . Од самиот почеток имав кафеав сув исцедок како конци . Пијам утрогестан о одмарам колку што можам. Деновиве забележав, а еве конкретно и денес, цел ден лежам и имам како лигав исцедок со сцетло кремава боја. Кафеавото изгледа го снема. Но, само што ке се раздвижам и ке се поднаведнам неколку пати и веднаш на бришење крв ми се појавува. Не е розова не е ни многу темна. Ке видам сега како ке е. Обично едно до две бришења и ја снемува. Не кревам тешко. Единтвено парче по парче ја полнам машината за алишта и садови. Мм ги вади и тера другите работи. Докторот спомна дека е можно да самиот плод си прави место и расне и затоа се појавува малку крв. Не знам дали сакаше да ме утеши ... искуства?
Слушај гинеколог и следи ги неговите препораки, голем дел од нас на почеток на бременост сни биле во иста ситуација
Поминав низ слична ситуација, верувај дека нема место за утехи ако има нешто ќе ти каже. Сличен одговор добив и јас и дури поминав без терапија само со Ц витамин. Како што ти кажала и @elimkd слушај си доктор, одмарај си и ќе помине. И јас така пуштав само машина за садови, за алишта и бришев прашина, во останатото време си гледав серии и читав книги. Па после ќе си дојдат мачнините, па повраќање (евентуално), па ќе те боли стомак, грб, срамна коска, ќе мочаш како луда, хормони, плачки ехеее Јас сум на повеќе од пола пат, а уште што не чека... Само релаксирано
@Meckicja @Jana06 @elimkd fala mnogu macninite pocnaa od Bozik navamu. Ajde so Gospod napred se da bide vo red kaj site. Se obiduvam da ostanam smirena i da mislam pozitivno. Forumov mnogu pomaga so site iskustva ama znaete kako e. Prva bremenost i toa po 3 godini obidi... malku da me bocne i odma prasalnici vo glava
Биди смирена, слушај лекар како што ти пишаа погоре, мирувај повеќе, работа заборави. Не паничи, 50% мислам од бремените во прв триместер имаат крварење и исцедок.
Јас сум точно 7ма недела денес и од дента кога требаше да добијам на бришење имам темно кафеав исцедок. Престана на пар денови па пак. Кога бев 6+1 отидов на преглед и др ми рече дека е од надворешен дел на матка и не е ништо страшно. Не ми е сеедно ама пијам утрогестан и покриена сум со терапија па сега како треба..утре сум за срцева а.
Здраво девојки, ние имаме лош спермограм, пробувавме за бебенце 1 година неуспешно па се обидовме со инсеминација но беше неуспешна, бев стимулирана со кломифен. На циклисот после инсеминација се фати, и сега сум 5та недела, но денес имав густ кафеав исцедок и не беа точки беше пообилно, бев на гинеколог примав една инекција и ми дадоа утрогестан 2×1. Сеуште немаме слушнато срцева акција, некој со слично искуство?