Не се грижи за срцева акциjа наjчестo пoсле 6та недела се слуша па и пoкаснo. Биди си смирена, oдмараj пoвеќе.
И тука да се пријавам, бев на преглед денес, 6+5 и слушнавме срценце!!! ❤ грлото на матката ми го проверуваше цврсто е и затворено, се останато е во ред. Сукрвицата доаѓа од некој капилари далеку од плодот и не е загрижувачко. Конечно да се опуштам бар околу тоа.
Примам утрогестан вагиналети, ради поддршка од претходен спонтан. Сега сум 10+. Докторката ми рече за следен преглед да и однесам резултати од крв и урина. Е сеа, прашањево ми е следно: Дали да ставам ноќта кога следното утро ќе испитувам урина, а од вагиналетите имам како бели парченца во урина? Можда малце глупо прашањево..
И јас во првото тромесечие ставав Утрогестан,па кога ја прашав матичната дали ноќта пред микробиолошки и пред проверка на урина треба да ставам ми кажа слободно да ставам дека не сметало ни при земање примерок на брис ниту при проверка на урина
Супер, јас многу се израдував за тебе бидејќи претходно прочитав дека си била во слична ситуација како мене. Со лесно до крај
Женски, од сабајле почна да ме стега левиот јајник и како цел полукруг до половината. На моменти зависи од положбата помалце ме боли на моменти поврќе дури остра болка и како ногата да ми се кочи Пробувам да бидам смирена, легнав ама боли.. се надевам не е сериозно
И мене ми се кочат нозете најизменично, повеќе како грчеви. Сега во второ тромесечие кога ме боли срамната коска исто и ме боли и една нога. Кога ќе ти биде така напиј си се магнезиум.
Па не сум дочекала да слушнам срценце, 2 пати кога одам за тој преглед ми викале дека престанало да се развива.. Фала на поддршка, многу среќа пуштам до сите кои чекаат исто!!
Да ве прашам на колку време ви закажуваат вашите гинеколози за контрола,пр.еве прво ехо за срценце а потоа кога?
Кога ќе слушнеш срценце, следен преглед е прв скрининг и приска ако правиш (12-14 недела), па втор скрининг (18-22 недела), па 26-27 недела за контрола на скриен шеќер, хемостаза и д димери. Јас сум стигната до тука, вака од прилика оди ако се си е во ред и нема потреба од почесто. На секој преглед ти кажува за следниот и дали треба да испитуваш нешто.
Бев на преглед цистит ми рекоа. Ајде денес уринокултура и крвна слика правев, па понеделник брисеви. Се надевам е настинка не е бактерија... леукоцитите ми се качени ќе видиме. Раат да не си
Јас одам еднаш месечно кај мојот матичен и плус другите испитувања што се.. ама гледам да е на 3-4 недели
Ви благодарам на сите,а приска само на Гак се прави знам дека и во приватниве клиники,но ме интересира за другиве градови.
За што беше приската да ме потсети некоја девојчиња? Не знам дали е задолжителна или не? Ич не памтам дали ми правеа со првото.