Девојки, испитувате хормони на тироидна жлезда и пролактин во прво тромесечје??? На колку време ги испитувате?
Јас кога останав бремена, веднаш го проверив само ТСХ и кај матичната го следев на три недели во прво тромесечие. Потоа продолжив на Ендокринологија, на месец и пол ми закажува контрола. Но кај мене наместо да се покачи, кај мене се спушти и низок ми го одржува докторката и затоа на месец и пол.
А терапија примаш? Јас веднаш по позитивен тест проверив, во ред ми беше. Никогаш не сум ни имала проблем со тириодната. Сега планирам утре да одам, помина месец и некој ден. Да не е многу? Можеби требаше порано.
Примам терапија и затоа ми беше чудно, а и докторката се чудеше бидејќи вообичаено е да се качува ТСХ во бременост, а не да се спушта. Кога останав бремена, со терапија ми беше 1,24 и секоја наредна проверка со истата терапија одеше надолу, па малку ми ја намали терапијата и сега ми е околу 0,7. На месец и пол ќе ме следи, рече дека не смее да ми оди над 2,5. Не е многу, мислам дека е во ред на еден месец да си проверуваш за секој случај.
И мене ми се намали и се движи до 1, обично околу 0.87. Продолжив со иста терапија, ама одам кај Каранфилски секој месец.
Atikor se vika ordinacijata, se naoga kaj Grcka ambasada. Da privaten e, mnogu e postar ama najdobar e...
Ве молам споделете ако некој има поминато низ нешто слично. Бев на контрола вчера, според последна менструација 6 недела и 1 ден, кога ме погледна на ехо, ми потврди бременост, дека има има гестациски сакус и жолто кесе, ама рече дека сеуште нема ембрион?! Ми рече да се вратам после 5 дена, дека може или подоцна да сум зачнала, или пак да не се развива плодот. Инаку имам едно 2 годишно девојче, 1 спонтан и 1 биохемиска бременост?! Да спомнам само и дека TSH тироидната жлезда ми беше 4.47, а би требало да е под 2.5 во бременост (испитав на своја рака), а во Ремедика не ми дадоа никаква терапија за овој хормон . Мислите ли дека влијае овој резултат во развојот на плодот?! Однапред благодарам за споделеното искуство
Тсх оди кај ендокринолог, мора да биде под 2.5...макар што мојот го држи до 2.0. А за срцева акција е рано почекај за 1-2недели, не мисли на лошо. Секпја бременост е поинаква.
И јас бев исто на 6+1 исто виде се, без ембрион и бев за 4 дена слушнавме и срценце. Веројатно тоа брзо се развива на почеток..без грижа! И пиши ни ❤
Биди позитивна, на прегледот за 5 дена ќе биде во ред За ТСХ ендокринолог треба да ти даде терапија, и треба да се регулира хормонот уште пред зачнување..или да кажам пред планирање бременост.
Денеска бев на гинелолог да потврдам бременост, ме прегледа и ми кажа дека сум во 7 недела ама не можела да слушне срцева реакција, и да дојдам повторно на преглед на 10 февруари. Ова ми е прва бременост и многу се плашам, не можам да го извадам од глава тоа што ми кажа за срцевата реакција. Дали на вас ви се има случено вакво нешто ?
Еве погоре прочитај, баш за тоа се зборуваше. Не се секирај, обично меѓу 7ма и 8ма недела се слуша срцева
Не треба да се грижиш што нема срцева акција во 7ма недела, они календатски одат според циклус, можда 3 4 5 дена подоцна ти било овулација. Но според мене, за 7ма недела да чекаш уште повеќе од 2 недели за друг преглед е многу..да имало е ок ама во овој случај јас мислам да одиш точно за една недела..
Фала за советот, уште утре ќе се јавам да закажам ама кај друг гинеколог . Моментално многу лошо се чувствувам , само таму ми е паметот , и срцето забрзано ми чука, грчеви добив не знам што да правам како да се смирам