Сум изумила да пишам. Последна менструација ми беше на 23 Декември. Кога ја прашав која недела сум, ми рече прво да видиме ембрион па ќе пресметаме. Потоа отидов кај матичниот да ми ги препише апчињата и тој сам зема и ми пресмета дека сум 6недела. Ти благодарам.
Кај неа е така и јас бев 6 та недела кога отидов на ехо ми рече ок и ми продолжи терапија не ми пушти срцето да го слушнам што најмногу сакав но останав уште 2 недели да чекам. Покасно го слушнавме дури во 8 ма,така да не се секирај рано е...инаку клексан мислам дека нема потреба да боцкаш дека крвариш,земај дабростон или утрогестан са пиеш никако да ги ставаш вагинално и одмарај. Ако сакаш побарај и второ мислење,но јас мислам овде дека само клексанот е вишок бидејќи и мене таа ме води и кога прокрварив ми ги прекина клексаните и аспиринот ама јас сум со инвитро...ти посакувам среќа и смиреност,ако е за да е ќе е...
Кога нешто поинакво ти се случува, секогаш треба да искомуницираш со докторот што те води. Побарај ја докторката и кажи и' за крвта, ќе ти каже што да направиш. Или ако сакаш оди на второ мислење, но консултирај се со доктор обавезно, не оставај така.
Јас не верувам дека е од клексанот, бидејќи и предходниот ден ми се случи исто. А, јас од вчера почнав да го користам. Јас цело време имав кафеава крв, а таа не обрна воопшто внимание за тоа. Дури вчера ми рече да пијам Дабростон. Сега ме мачи прашањето дали има надеж после 6та недела да има ембрион па дури и срцева реакција. Бидејќи гестациска ќеса имаше само.
Оли кога таа ми закажа контрола за 10 дена, јас двапати исконтактирав со неа дека имам кафеаво крварење. Одговорот беше дојди си на закажаното дато. Па јас морав на своја рака да си земам утрогестан да пијам. Вчера пак повеќр пати и повторив дека имав и свежа крв и таа на тоа рече немаш ништо сега. Некако не заинтересирано. Ќе почекам да видам што ќе се случува денес. Па може да закажам контрола кај друг доктор и јас не сум свесна веќе. Ме плаши и тоа дека нема ни ембрион. Така да ќе видиме што ќе се случува.
Секако дека може,покасно изгледа е зачнато затоа не се секирај ,а и таа не обрнала внимание дека е темна крв и така е,без секирации ако е темна истото јас го поминав ..ќе се среди со утрогестанот само да го пиеш со многу вода дека од него можеш да имаш вртоглавици и друго мила Софи колку и да се трудиме и се правиме колку и доктори да поминеме Господ е тој на кој треба да се молиме ,се е во негови раце...те гушкам
@S.o.F.i душо, за ти да си мирна, барај друг доктор. Не е ист случај, ама мене така матичната ми стори. Отидов за преглед, вика нема срцева акција премногу е мало, дојди за две недели. Наредниот пат, истиот муабет. Дури се дрзна да ми рече уште сега почекај, не брзај да пиеш апче да го исфрлиш, а тоа не ни беше тема на муабет. Јас од таму кај друга докторка. И срцева акција виде, и го измери, и точно недели ми кажа. И крварење виде внатрешно и под терапија ме стави. Не губиш ништо од второ мислење. Те гушкам
Фала ти. Замисли да ја послушав, белја од ништо ќе си направев. Сеуште е ризично ради крварењето, ама другава докторка и првиот пат ме водеше и сѐ супер помина. Требаше од почеток кај неа да тргнам, ама ајде.
Ви благодарам на советите и мислењата. Денеска во 2-3 наврати имав црвено-кафева крв. Значи повеќе и од вчера, дури вц школката беше цела црвена. Ќе истече една количина па пак ќе стане кафеаво. Болки немам никакви. Се слушнав со докторката ми рече прво да одам тука кај мојот матичен да види дали има ембрион, ама не ми се оди од многу причини и незнаења од негова страна . А плус вчера кај неа немаше па зарем денес ќе има. Па се убедивме сабајле рано да ме види и ми рече да не примам вечер клексан инекција. Искрено вакво крварење сигурно не е на арно, ми се плаче, а не ми одат солзи. Се гледаме се чудиме со маж ми. Се тешиме колку можеме. Барем велам ако не бива ништо па нека пробие само да се исчисти, ми е страв од трета киретажа. Извинете на негативноста, ви ја наполнив темата. Фала ви уште еднаш.
Пуштам среќа да е на добро, да е стара крв и само да си се чисти матката Дај боже да е тоа! Да не известиш обавезно по утрешниот преглед.
Дали некоја од вас од оние што сте со инф.сте правеле некои од тестовите нифти,верифи...сакам да прашам дали инф.специјалистите ве советуваат да ги направите тие испитувања или по ваша желба?
Јас правев Нифти. И Трајковски нè советуваше да направиме пренатален, но и самите ние сакавме. И да не спомнеше тој, секако ќе го направевме. Всушност, кога ја почна таа тема, ние веќе бевме одлучени да направиме.
Дај боже да ти е ко мене. Јас обилно крварев 2 недели со влошки, прокиснување , се лом правев , па еве го три години наполни. И баш со него во 9та недела слушнав срце и видоа се. Молим те не се откажувај пред време. Никогаш не знаеш што како на крајот ќе испадне. И згора на се ми се случи некаде 13та недела коа наводно поминува кризата и траеше две недели. На прв скрининг ми го открија ... Моето беше хематом, ама и имплантациско прави исто додека се вгнезди плодот. Со Господ напред дај боже се да биде во ред.
Зошто не нифти? Има некој подобар? Напиши ми свое искуство, деновиве треба да правам, немаме уште се одлучено за кој тест да го правиме
Јас правев минатата недела по наша желба, но и советување од докторот. По долго истражување се одлучив за Панорама на Геномикс. За близнаци бил најдобар бидејќи ги дели хромозомите и кариотипот посебно за едното и посебно за другото бебе. Они се единствени кои кажуваат пол на двата плода ( тоа и не е толку важно, битното е дека ги дели ). А и за едно бебе е добар, и има повеќе модели на испитување. Најубаво да се јавиш во неколку фирми и да направиш споредба. Јас така направив.
Девојки го завршив прегледот. Докторката кажа дека имам голем хематом околу гестациската кеса мислам така кажа. Рече дека сакусот бил сега со неправилна форма и јас тоа го сватив дека ништо не е добро. Прашав а ембрион нема. Таа рече голем е хематомот па можеби од него не го гледа, вели ќе дадеме се од себе да видиме дали ке биде на подобро. И еве сега ќе ме боцнат со Prolutex инекција, мислам така се викаше. Надеж голема немам. Ама како што е Господ никој не е.