Da i taze i prv pat i sto da kazuvam poveke... haos se tesham i ubeduvam sama i kolku mozam pripisuvam na hormoni i shirenje i bremenost ama ete za nekoi promeni mi treba potvrda . Fala ti mnogu za brziot i ohrabruvacki odgovor
Јас сум 5та недела, уште не сме регистрирале срцева акција, ми рекоа другата недела да одам пак, инаку работам во амбуланта секојденвно имам контакт со пациенти многу ми е страв да не се разболам, а боледување не можам да земам уште не поминале 6 месеци од вработување, искуства некои што може да направам, од фондот викаат само месец време после тоа не исплаќаат, а мнооооогу се плашам од инфекции знам дека се страшни за плодот во првиот триместар
Многу витамини, убава исхрана, имунитетот на максимум, миење раце редовно, антисептик до тебе и готово. Тоа е тоа, таква ти е професијата има многу сестри и докторки што биле трудни. Нема да се случи ништо лошо, не размислувај така.
Ме немаше да пишувам, ама немаше ништо ново па не сакав само да ви кукам тука. Денеска бевме на контрола. Имаше ембрион и ми рече докторката дека има срцева акција, сестрата ми рече кај што гледам црвени и сини точки таму е, трепка. А, јас во главата тоа трепкање не го регистрирав. Бев многу исплашена и луѓе само со црни мисли сум. Сега го замарам маж ми дали така рекоа или не. А, не ни го ни пуштија да го слушнеме. Неможам уште да се опуштам. Инаку плодот одговара на 6та недела и 6 дена, а според менструација 7недела и 2 дена. Кај сакусот гледа некое делење, вели дури личи како да имало близначка бременост. Хематомот е тука. И пак гледам на листот има пишано дека сакусот е со неправилна форма. Ми ги продолжија пролутекс инекциите, плус витамин Д3. Ќе се обидеме пак со клексан секој втор ден. Вели страв и е да не го зголеми крварењето, ама од друга страна пак вели да не занемариме дека треба да ги примам инекциите ради генетските мутации. Ми напомна дека сега не чека тешкиот и ризичен период до 9та недела. Да одмарам колку можам повеќе и девојки како што е Господ никој не е. Што е до мене се ќе направам. Времето ќе покаже. Фала ви за поддршката.
Многу ми е мило што е тука ембриончето и што срценце сте чуле Одмарај и пишувај ни како си. Биди силна, ќе биде добро. Пуштам најголема среќа!
Луѓе настинав ,носот ми е затнат и плуќата ме боли,после сум на скрининг ама сакав да прашам што можам да земам ми е страв да не бидне полошо,секако ќе му кажам на докторот ама сепак некоја дали има искуство. 12+6 сум
И јас имам прашање. Утре сум на скрининг 11+2 па се мислам да не ми е рано? Или секако ќе видат на ехо па ако е рано нема ни да ми прават претпоставуем
Софи и јас сум исто, како тебе во слична ситуација. Од 5+6 до 6та недела имав крварење, кое беше 2-3 дена кафено а потоа премина во светла крв, поголема количина која траеше 2 дена. Исто на ехо беше виден хематом, терапија депо примив, строго лежење, витамин Ц, пролутекс секој ден. Ние видовме и срцева акција. Денес и вчера веќе немам крварење, освен кафеав исцедок од згрутчена крв на тоалетот при бришење. Објаснето ми беше дека хематомот е далеку од ембрионот, но строго мора да се лежи. Јас сеуште лежам, те разбирам во каква состојба си. Не се плаши, останува Бог да не чува. Фраксипаринот не ми го прекинаа, морам да го примам него редовно. денес сум 6+2, да се надеваме на добар исход, на контрола сум дури следниот четврток.
Искрено се велам дека нема да се нервирам, ама како да е можно тоа. Еве денес цел ден немав ни кафеава крв и само очекував кога ќе се појави црвена крв. И еве пак како онојпат голема количина прокрвавев. Вчера примав клексан инекција, можно е пак сега вака да ми предизвикува крварење. Аман веќе Инаку до вчера и јас така имав само кафеава крв како конци згрутчена. Првиот пат не ми ни напомнаа дека треба да мирувам и сега немаше среќа што прашав. Па еве цел ден сум во кревет. За срценцето сама рече дека има па мислам нема што да не лаже, иако не ни го пушти, од што се вкочанив од страв, ништо не видов како што треба. Како што велиш само Господ да не чува
Ама мене ми рекоа и да има и да нема крварење, никако станување од кревет, барем 2 недели. Јас воопшто не станувам, полулегната јадам, никако во седечка положба. Воопшто не се движам. Само до тоалет. Колку дена поминаа од кога ти престана крварењето?
Јас уште кога дознав дека сум бремена цело време имам кафеав исцедок. Кога на контрола утврдивме дека има сакус, докторката не знаеше од кај иде исцедокот. Утредента имав голема количина крв и отидов пак на контрола и тогаш го виде хематомот. Почнав со пролутекс инекции и пак почна само кафеава крв, како згрутчена парченца. Значи цело време си ја имав. И еве денес пак истече како свежа крв, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. За разлика од тебе јас не мирував толку многу. Дури се играв со децата од етрвата, само со нив ми поминува времето и ми ги отргнуваа мислите. Не ми ни рекоа да мирувам, а сепак сум требала. Па еве од денес скоро цел ден лежам, ама си седнувам и нормално за јадење. Сама си варам чај, кафе бидејќи маж ми си отиде во странство. Можеби треба да обрнам повеќе внимание. Секој совет е добредојден. Јас искрено веќе незнам што да мислам, во принцип повеќе сум песимист отколку оптимист. Ти природно ли си останата бремена?
Се' ќе биде во ред, не се секирај. Имаш слушнато и срценце. Продолжи си со мирување. Кај мене има повеќе секиранции. Незнам дали од хематомот, ама и сакусот ми е со неправилна форма. Се молам за нас да биде се во ред.
Женски, како стоите со лошење. Се се размислувам кога минуваше лошењето?! Изгледа околу 15-16та. А до тогаш?! Што ви помага вас? Се најадов еден куп сарма. Слатка ми беше, а сега умирам Не знам колку кока коли испив да ни помине.
Не ми се лоши, апетит полно имам, станувам со дупка во желудник, е се најадов и јас полнети пиперки, слично е како сарма, и сега тежина ми е Досега не почувствував асално лошење, онака само како тежина, може рано ми е. Ти си понапред кукле, антиметил смеат трудници да пијат
Јас првата бременост до 6ти месец нон стоп повракав. Сега со вторава иста песна. Пијам антиметил ама не помагаат. Бадеми, квики и јаболко ме смирува колку толку. И почесто јадење по малку.