Жалам Софи, биди храбра. Јас сум 6 недела, уште нема срценце. Се напнувам, а повраќам и ми се гади од се. Дали би ги имала овие симптоми доколу нема срцева акција?
Би ги имала, малку и сами си правиме симптоми потсвесно..срцева акција може и 7ма и 8ма недела да се јави. Само опуштено, добра мисла и ќе биде се во ред!
Јас сум 24недела целата бременост до сега немам никаков симптом ни гадење ни повраќање,и ако ти е за утеха срценце слушнавме дури во 8ма недела. Со лесно
Не се грижи каj некoи бебиња се jавува пoкаснo дури накаj 8 недела зависи какo е зачнатo. Каj мене вo 6та недела мнoгу слабo се слушаше па пoвтoрнo бев за 2 недели.
Девојки , како се справувате со немир во бременоста . Мислам дека се ме нервира имам болки во рамото и се напнувам што ништо не смеам да се напијам да ми се опушти местото
Јас вчера штотуку дознав дека сум трудна, и сеуште сум во шок, не можам да верувам дека ова ми се случува, толку непланирано ме стигна и не спремна ме фати. Е сега имам неколку прашања: Дали е нормално што во еден момент се смеам и сум среќна, а во друг ме фаќа паника како ќе успеам, дали ќе издржам и се плашам многу? Дали е нормално што имам болки во долниот дел од стомакот, нешто слично како менструална болка, но малце со појак интензитет.? Од време на време не е постојана таа болка Денеска ќе одам на гинеколог, и одма ли ќе ми каже која недела сум?
Честитки, нормално е да имаш менструални болки , и нормално е да имаш таквии емоции. Така кажано во бременост се е нормално. И сама можеш да си прерачунаш колку недели си бремена. Се гледа датумот на послеснипт циклус што си го имала и изброи колку недели до денес се поминати
Турско кафе и стисни лимон. Одвратно е. Со затнат нос го пиев но ми се смири главоболката. Краен случај парацетамол...
Знам... Ќе помине чим влезеш во второ. Колку можеш одмарај, нека ти ја причуваат малата , одморот помага , ама само делумно . Ваљда преосетливост на промена на време ја создава. Јас да ти кажам секоја јака главоболка пиев парацетамол. Неиздржливо беше. Еве се стишаа во второ, дали еднаш сум имала...
Јас сег Јас пијам парацетамол, не е ништо страшно, не се мачи бар за тоа со домашни рецепти. Полошо е да трпиш и да чекаш да пројде.