Јас најпрво сакам да се извинам бидејќи веќе напнав со прашања во групава. Само ме интересира, сега кога бев во wc имав многу бело прање, не знам дали треба да бидам загрижена или е нормално, дали да и се јавам на докторката да закажам преглед, мене следниот прегед ми е во понеделник, но она ми рече ако видиш некој промени или некој исцедок дојди одма. И сега ме фати малце страв да не е во прашање некоја инфекција?
Има некоја друшка кафен исцедок? 3×1 дабростон земам. И првата бременост бев со кафено дури и повејќе од сега. Тогаш примав прогестерон депо , сега имам онака како ептен последен ден од циклус. Нема сукрвица него кафено. Болки немам никакви. Само навечер знае така многу рано да ми се спие,апетит никаков вчера буквално на банана и јаболко и некој бадем бев. На работа сум а дома со бебе кое сака да оди,и обожава да ми скока на стомак. Но мене секоја бременост ми стартува вака па да видам дали има како мене друга. 5+1 сум ептен тазе
Иста сум Еве денес бев на преглед и ми рекоа да продолжам со прогестеронот барем до 11-та недела. Инаку сум 9+1 И кај мене сите бремености почнуваат вака, се надевам ќе се стабилизира работава. Не си сама, ќе се тешиме заедно
Кога го прашував докторот за минимален кафен исцедок, кој е количински малку, ми кажа дека заради нидирање (навлегување) на плодот подлабоко и негово убаво вгнездување во матката се случува вака. Го има, па го нема, немам болки, пролутекс секој ден боцкам, друго од прогестерон ми прекина, и престанав да го сметам за лошо. Денес 8+1 Околу 5та до 6та недела пообилен беше и секојдневно, сега не. На гаќи нема ништо, само при бришење како ронкичка мало може да се појави.
Имав и јас кога не знаев дека сум трудна. И сум на кринон до 12 недела. Значи пукнав. Мислам дека на 1км смрдам!
Многу повраќам значи ужас, и реглан пијам и антиметил и џабе. Имам страшно гадење од храна, значи да не видам храна. Многу тешко го издржувам периодов. Од кревет не сум станата лежам со легенот. И психата многу ми падна. Едвај сум 8ма недела, ова ми е хорор период
Не ми спомнувај Многу ми е лошо и мене. Едвај функционирам. Се јачам на работа, ама не е лесно. Само шмукам бомбони да не мислам на лошењето.
Јас го избегнувам лошењето со спиење до 11ч.порано ако станам, многу ми е лошо. Затоа овие критичните саати гледам да ги преспијам. Олеснително ми е што сум дома, инаку незнам како ќе издржам. Вртоглавици имате ли? Кога ми се лоши имам и вртоглавица, и затоа затварам очи.
Јас сум 13та и уште повраќам, од пред 2 недели навечер почнав, преку ден се ок али после 22ч како програмирана