Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Девојки искуство со кожа/коса? Дали е можно како преку ноќ лицево ми се исуши дури се перута на делови а ми се исфрла...косава ужас сува никогаш не ми била ваква
    Божем ќе сјаев : )
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    11та :( Дали дека бев дома не го доживував толку страшно прошлиот пат, не знам.
     
  3. Maja92@

    Maja92@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Кај мене абдоменално
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Мене и првата и оваа бременост до 8ма недела ме гледаа вагинално потоа почнуваат абдоменално.

    Кажувајте лек за болно грло.
    Почнува глава да ме боли и суво да кашлам.
    Смукав сув ѓумбир, ништо.
    Изедов еден сладолед, од него како да ми се олесна голтењето.
    Синоќа повраќав во 1 часот по полноќ.

    Во случај да се влоши состојбата, температура, кашлица. Што може да се земе од лекови?
     
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас користам чист прополис на шеќер по 4-5капки само тоа ме спасува.
    @kukla21 мене Панчевски во систина на прв скрининг и вагинално и абдоминално ме гледаше .
     
    На kukla21 и Monella им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.392
    Пол:
    Женски
    Сакам да почнам да држам диета, поточно овој режимов Ун диета.
    Па да прашам дали смеам сега во текот на бременоста да ја држам?
    Плус сакам да пијам и чај од ѓумбир или зелен чај како детоксикација, но не знам дали смеам, па доколку имате некои информации што смее а што не, сакам да се информирам.
     
  7. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Зелен чај не смееш, а чај од ѓумбир мислам дека по една чаша. Општо за чаевите по една чаша се препорачува. Диета исто не се препорачува во тек на бременост, не смееш да бидеш гладна и треба да ги внесуваш сите микро и макро нутритиенти во еден ден. А баш ун ги дели на протеински ден, јаглехидрати....Јас би ти препорачала да си платиш нутриционист да ти направи план стриктно за тебе и да го менувате според тромесечје...
     
    На Snowflake97, elimkd, monka_bonbonka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. МонИ-понИ9191

    МонИ-понИ9191 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Сакам да споделам моето искуство... Живеам и работам во Холандија и тука баш според некоја многу чудна медицина работат. Воедно бремена сум но незнам колку бидејќи тука прв преглед кај бабица е во 10та недела. Според последна менструација и моја математика би требало да сум 9та недела.. по 2 негативни теста направени после една недела откако требаше да добијам мензис во јануари направив, на 14ти февруари и беше позитиве. После една недела
    добивам кафен исцедок и се јавувам кај гинеколог и ми викаат најнормално било во првото тромесечие да си продолжам со работните обврски како до сега. Но денеска одејќи на работа осетив нешто како мензис да ми потече.. одам на работа што да видам крв еден куп. Одма ме однесе газдарицата во болница каде што ми потврдија бременост но ми рекоа ризик за да се исчистам има многу голема со оглед на тоа дека плодот е супер дури и срцева реакција има. Што е најсмешно ми рекоа дека можам да продолжам со активностите да си возам точак да џогирам и да одам на работа. Никаква терапија не ми дадоа, оставале на самиот организам ако треба да остане плодот ќе остане ако решил да се исчисти од организмот ќе се го направи своето. Бај д веј во Холандија освем парацетамол за друго апче незнаат.
     
  9. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.045
    Пол:
    Женски
    Мојата најдобра другарка е мажена во Америка. Исто вака ко кај тебе и е. Прокрваре и таа, во 7ма недела мислам, никакво апче не и дадоа, таа имаше и силни болки. И рекоа ако треба да остане плодот,ќе остане, ако решил да се исчисти тоа е.
    Ептен ме зачуде.
    Овде во кај нас во Мк даваат одма терапија. Не знам што им е на овие понапредниве држави
     
    На Martka и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  10. МонИ-понИ9191

    МонИ-понИ9191 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Па јас мислам дека сакаат по природен начин да се решат некои работи бидејки и тие тераапи што се даваат можат да направат некое оштетување на плодот. Јас имам исто така другарки што крвареле или имале кафен исцедок и сите примале тераапи но тука во овие понапредни земји таквите терапии не постојат за нив. И тоа јас бев на клиника што е најдобра во Холандија со врвни професори-доктори само ми кренаа раменици и ми рекоа да чекам да се случи чудо
     
    На Kate Rina 93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.045
    Пол:
    Женски
    Да, како и да е, не им ја знаеме политиката таму.
    Не сум компетентна да зборувам. Ама ете ни се случува на двете истата работа, прокрваруваме. Јас пред другарка ми. Моето бебче се спаси, терапии, лежење во болница,строго мирување еден месец. Еве терам 6ти месец. Го прашував докторот дали нешто од ова што пијам може да наштети на бебето, вели не, тоа е за да се спаси. И мене ми рече ние направивме се, терапија дадовме,другото веќе не е на нас. Ама бар терапија ми дадоа.
    Јас од моето искуство и кажувам на другарката, вели не, не ми даваат терапија никаква, ниту можам овде да најдам на своја рака да пијам. Другарка ми имаше спонтан. Ништо не и рекоа, само тоа е. Телото се исчистило само,имаш среќа и толку.
     
    На Martka, Alishan30 и eta им се допаѓа ова.
  12. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Решив да се приклучам во темата. Денес ми беше првиот преглед, петта недела сум, терминот ми е 02.11.
    Докторот виде гестациска кеса во матката, рече нормално е све ама треба да почекаме за срцева реакција. Ми рече да дојдам во среда пак. Ми стави Прогестерон Депо инекција и ми препиша Утрогестан вагиналети 2×1 и Прегназон таблети.
    Инаку имам миом во ѕидот на матката , сега за сега не смета ама ќе морам да одмарам повеќе.
    Не знам дали во среда пак ќе ме боцка со Прогестерон.
    Дали има некоја Феминка што е на овој стадиум како мене и ваква терапија да прима?
     
  13. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Има колку да сакаш,прво со лесно да си ја износиш бременоста до крај ,вагиналети прогестерон уште примам,а сум 15 та недела,прогестерон депо на 4 дена примав ама веќе ми ги прекинаа и плус миом имам,само на заден ѕид незнам кај тебе каде е..една бременост износив со миомот па ништо не се случи само овие Прегназон незнам колку се ок ги пиев во првата бременост нешто нешто посебно не бев задоволна,фемибион повеќе ми одговараат. Ајде ќе се пофалиш кога ќе слушнете срценце,се ќе биде ок.
     
    На kukla21, eta и Vojdana им се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Депо долго време боцкав, мислам до 16-та недела дека беше. А Утрогестан прво 3×1, па продолжив со 2×1 и уште ставам 2×1, а 28 недела сум.
    Слушај си доктор, примај си терапија, одмарај штом така ти рекол и чекај си преглед за срценце да чуете.
     
    На Alishan30, Vojdana и eta им се допаѓа ова.
  15. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Бременоста не е време за почнување со диети. Ќе си почекаш после породување.
     
    На Snowflake97 и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.083
    Допаѓања:
    119.221
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам проѕирниот секрет колку е нормално да го има?
    Кога лежам не го чувствувам, но низ дома ако се движам, веднаш како нешто да ми протекува.одам у вц, проѕирно, мокро, без мирис е.
    Не носам секојдневни влошки, менувам гаќи, строго памучни, 1 до 2пати дневно.
    Денес веќе втор пат сменив гаќи до сега, да не е многу?:wasntme:
    Како повеќе да е од претходните недели. Денес точно 9та недела сум и течности многу испив (компот, млеко, 3чаши вода досега и лимони 2 истискав).
    Дали имаат врска течностите или си умислувам:)
     
    Последна измена: 3 март 2020
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Alishan30 Од самиот почеток имам таков исцедок и уште го имам. Менување гаќи и тоа е тоа. И јас влошки не користам.
    Важно да не е во боја и да не мириса.
    И мене најчесто ми протекува кога ќе се раздвижам, но и во седење знае понекогаш.
     
    На eta и Alishan30 им се допаѓа ова.
  18. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Уште пред да дознаам дека сум бремена го имав истиот секрет и се чудев што ми е пошто сите брисеви и пап тестот ми беа чисти ,а гаќите локва секој ден...Еве и денес го имав , петта недела сум.
    Читав дека е нормално таков секрет бидејќи доаѓа повеќе крв во матката и вагиналниот канал.
     
    На Alishan30 и eta им се допаѓа ова.
  19. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Сосем нормално е да се има секрет во бременоста. Штити од инфекции. Проблем е ако го нема :)
     
    На Snowflake97, eta и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Го имам и јас. Посебно ако подолго лежам или седам па кога ќе станам. Првата бременост трчав во вц да проверувам сега оваа полесно ми е, не се замарам знам дека е ок. Само да не те чеша.
     
    На GolemaMala, eta и Alishan30 им се допаѓа ова.