Мене тоа исцедокот на живци ми иде. Па и дека користам кринон, ко ќе се помеша мирисот, права бљувотина. Знам дека е од тоа. И минатата бременост, чим престанав со кринон, немаше ни исцедок ни специфичниот мирис. Још мало дана за мегдна и го откачувам.
Devojki zdravo pravev insemenacija pred 10 dena .Vcera na 9 ti den pravev beta i rezultat 3.43 so granicni vrednoti pomalo od 1 vo synlab.Verovatno e mn rano pa zatoa e betata tolku niska .Sto mislite ? Многу ти е рано, сепак
Срцева кога слушнавте? Вчера бев на 6 точно недели,сеуште немаше. Убава кеса оформена,ембрионот тука но ете немаше сеуште. За првото 5+5 имаше. За 2 недели сум па ке видиме.
На 5+6 само трепкаше на екран, звук не успеа да фати, на 7+3 се слушаше убаво, силен звук на срценцето. Индивидуално е, кај некои порано кај други покасно. За кратко ќе слушнете и вие срценце
Имате болки во стомакот? Има денови кога ме боли по цел ден, не знам дали има врска тоа што имам проблем со редовно одење во вц. А и, кафеавиот исцедок никако да запре. Го имам само на бришење. Ја започнав 11та недела.
Болки не, но редовно одам во вц (внесувај супа секој ден, компоти, многу течности),кафено само на бришење, барем еднаш дневно мора да го има.од 5та недела почна еве 9та сум и еднаш го има, па го нема, па пак го има. Не е интересно веќе, ама се трудам да не му обрнувам внимание.
Феминки денес бев на вториот преглед. Уште рано сабајле и ме гледа докторот , ме гледа на ехото вагинално , кога рече прави некои сериозни исплашени фаци...Вика ова изгледа како да не се развива...Ме праша дали имам болки и крварење, му реков крварење никакво, а болки слаби. Вика одма ајде за хцг да земеме крв. Дадов крв, се вратив на работа како претепана и после 4 саата пак назад кај докторот. Хцг ми е денес 2199, а петта недела сум, рече дека е одлично и кога пак легнав на ехо се покажа бебчето минијатурно ...Вика еве гоо, сабајле што му беше не знам... Ми ставија пак Прогестерон Депо инекција, ме предупреди за Утрогестанот да ги ставам редовно и следен преглед понеделник... Феминки жива несредена сум, ве молам дајте ми совет...Косата 2 прста подрасната , нефарбана а плава сум со долга коса...Плус недепилирана одам доле ми е страв да ме депилираат сега , а ни лак за нокти немам ставено. Кажете ми дали смеам да се средувам...И плус вереникот ме прашува секс дали може да имаме, а доктор рече не... Како во друга димензија сум искрено.
Првите три месеци не е препорачливо односи, за фарбање/бланширање не знам нека кажат останатите членки, за депилација ако се плашиш да одиш на козметичар исто првите три месеци обиди се со брич, па понатаму ќе си посетиш козметичар, а за лак кој ти брани да се лакираш. Бериш гајле за многу непотребни работи кои се решливи, гледај чувај се, слушај доктор, опушти се и радувај се на новата состојба
Смеам ли да се напијам магнезиум шумлива таблета, од утрово многу ми вкочанет мускулот на ногата и 2 пати грч ме фати.
Смееш, и магнезиум апче или магнезиум директ. Тие се пијат и цела бременост Само од тоа ти е,нередовното одење во вц прави болки во стомакот и се плашиш барем мене така ми беше и уште ми е. Кога ќе отидам после ми олеснува и не ме боли,за крварењето примаш терапија?
Можно е, вчера приметив подобро ми беше. Гледам да внесувам повеќе течности ама проблемот не ми е од сега. Примам прогестерон за исцедокот, утре сум на контрола па ќе видам што ќе ме советуваат.
Денес имам многу болки во стомакот и во кичмата. Не ми се постојани туку на саат-два ми се повторуваат.
Не, ама може да направи кандида јас од тоа прв пат во живот имав кандида. Значи од се ми се лоши. Аман! Дури и во телефонов кога гледам ми се лоши. Пукнав!
За се ова има поделени мислења. Лак мислам дека не смета јас и гел лак си ставав. За фарбање исто, некои се фарбаат некои не ама мислам некоја тука пишуваше за безбедни фарби побарај во search. Депилација не ти треба сега, среди се со брич зашто нема потреба од грчење и стегање. Мене гинекологот ми забрани секс во прво тромесечие, а од 4ти месец навака имаме само со кондом. Во принцип пази се во прво тромесечие најмногу бидејќи е клучно. Исхрана добра и правилна, повеќе одмарање, стрес на минимум и биди опкружена само со позитивни луѓе и мисли. Кога ќе го поминеш првиот скрининг ќе помине и стравот и сама ќе си осеќаш што треба да правиш. Со лесно
Јас ги пијам баш поради тоа. Пошто колку и да ти се чисти рацете додека да легнеш уште пар ствари ќе пипнеш. А да не праиме муабет под нокти што се има...