Во систина ми дадоа само таблетки дабростон а инекции не. А у нашава болница здрав да влезеш болен ке излезеш. Еве денес не е обилно ама чувството е исто како при циклус. Дали тебе престанаа и градите да ти бидат осетливи? Кога престана крварењето?
Јас прво 3 дена имав кафеавкаст исцедок, уште тогаш се консултурав телефонски со докторот бидејќи за преглед беше рано, ми кажа да не се грижам. Не пиев никаква терапија, освен витамините за трудници. И таман кога помислив дека се смири исцедокот, прокрварев убаво, темно црвена крв. За среќа веднаш се јавив и ме прими докторот (приватен), ме виде на ехо, видлив беше сакусот и yolk sak, веднаш ми ставија инекција прогестерон депо, ми препиша дабростон и по 4 дена ми рече ако уште крвариш ќе дојдиш на уште една инекција. Уште веднаш престана црвената крв, сврти на кафеаво. Кога поминаа 4 дена од инекцијата, уште имав кафеаво и примив уште една. Наредниот ден веќе немав ни кафеаво, значи се на се 5 дена траеше од кога прокрварев, односно 1 недела откако ми се појави прв пат кафеавиот исцедок. После тоа, наредната недела бев на преглед за срцева акција. Ок беше се, само што уште имаше во матката траги од крварењето, па затоа примив уште една инекција прогестерон депо и дабростонот ми го продолжи по 3х1. Ми рече дека е можно пак да ми се појави кафеавиот исцедок, но да не се грижам. Секој ден сум на штрек, но се надевам нема да се повтори. Градите уште ме болат, некои денови повеќе, некои денови помалку, но ме болат,да. Извини на подолгата порака, само нека ти е со лесно.
Здраво мамички, гледам и други имале проблем со крварење Јас сум со 1400 bhcg, плодот сеуште не се гледа но крварам веќе четврти ден... моментално сум на испитувања за bhcg за да видат дали правилно се дуплира, но не ми дадоа никаква терапија. Ме убива исчекувањето, имате некој совет, да се лежи, што да се прави?
Не секое крварење во рана бременост е знак дека нешто не е во ред со плодот или со бременоста, пробај да не паничиш и да не се плашиш, не размислувај негативно, но сепак одмарај колку што можеш повеќе за секој случај. Обично даваат прогестеронска поддршка на почеток (најчесто утрогестан или пролутекс), но ако докторот проценил дека нема потреба од тоа, треба да му веруваш. Пуштаме среќа да биде се во ред, те чекаме со убави вести.
Бев на скрининг по втор пат, се е во ред, го прашав за приска ми рече нема потреба и најверојатно нема да правам, не ми се оди по болниците во ваква ситуација. Во првата бременост не направив, реков во втората ќе правам ама ете така испадна. Ќе испитам брисеви неделава и тоа. Добро ми е, немам мачнини, седам дома, не сакам да размислувам за ништо додека не заврши вирусов.
Vo prvata bremenost tocno vo 14ta nedela magicno mi isceznaa,sega sum 10ta nedela,I po cel den imam Macnini,gadenje,malaksanost,samo nagonite za povrakanje mi isceznaa.se nadevam deka do kraj na prvo tromesecie Se ke se sredi zasto ova veke ne Se izdrzuva
Според хцг-то околу 4та недела. Според последна менструација е малку покомплицирано,доаѓа околу 2 недели бидејки добив на 21ви Март регуларно, со нормално крварење како секогаш. Откако ми заврше по три четири дена почнав повторно да крварам по малку и незнам што ме натера, решив да направам тест, сакав да исклучам бременост пред да одам на лекар. После два позитивни теста имам хцг 1400, бременост на ехо нема,и крварам, не многу но не ни малку, како за во 5ти, 6ти ден менструација...
Не знам друго што би ти кажала, освен да испиташ ХЦГ уште еднаш. Секако е многу рано за да се види било што на ехо. Во моментов ХЦГ ти е најрелевантно.
Јас имам мачнини поготово на сабајле, додека не ставам нешто во уста и попладне некој период ме фаќаат. Не повраќам но имам некогаш нагони, што дури ми прават да сакам да повратам со сила за да ми олесни, но никако не можам да повратам. Јадам со сила, ништо буквално не ми е вкусно. Дури и од помислата на некои јадења што ги сакам, ми се гади. Енергија нула, како камион да ме прегазил се чувствувам. Среќа што не е нон стоп. Спијам по 10-11 саати. Во 6та некаде почна да ми е вака, а утре влегувам во 8ма.
Не се плаши и мене со 1400 хцг ме извадија од памет требало да се види веќе,а уствари над2000 може да почне да се забележува така да без грижи и со лесно
Мојата последна менструација беше на 2.2.2020 веќе сум 9 недела. 8.11.2020 би требало да се породам. Така да тука сме со деновите. Срцева акција имаше во 6 недела.
Девојки ги бројам деновите до преглед. Потполно ме нарушија мачнини. Постојано гадење од се. Еве веќе три дена како што се будам во 3/4 и неможам да спијам од болки во желудникот. Некои кркорења од кои во секунда ме тера на повраќање а нема што. Како балон го осеќам стомакот секој момент ќе пукне. Мака мачам со апетитот, од вода ми се гади, како воз да ме покосил 24/7. Можно ли е ова да е ХГ? Што да и кажам на докторка за да ме разбере озбилно ми треба барем 1% олеснување.
И јас сум исто.. јадена нејадена ми се лоши и повраќам..треба да пијам вода многу ааа неможам и од неа ми се лоши.. мора да издржиме овие почетни месеци да се надеваме дека ќе завршат после 12 недела
9та недела сум, ама ова ко почна од 6та не престана, одев и на работа прекинав неможам само во вц сум... не си сама иначе ништо не пијам, не сакам да го трујам се трудам да издржам. Неможам ни да зготвам ништо од миризбата повраќам