И јас сум иста. Многу ослабев и неможев од кревет да станам веќе. Не е ден два, со недели трае. Двајца лекари ми рекоа да пијам реглан. Во денови кога сум ок не пијам ништо. Пробав антиметил но не ми помага мене. Сепак најдобро со доктор да се консултираш пред да земеш нешто. Со лесно!
И мене последна менструација ми беше на 02.02.2020, а сега терам 10-та недела, а термин ми е 06.11.2020. Според доккторот мој ми се овие пресметки и плус на два познати српски калкулатори за бременост истите ми ги дава. Elevit.rs и hipp.rs, па и на сајтот на Плива на српскиот...
Вчера сум го пишала тоа, денес сум подобро, само сабајлето имав малку мачнини и штом јадев некако ми дојде енергија. Него, не можам по 3 дена да одам по голема нужда. Суви сливи избегнувам зошто читав дека биле штетни, баш гледам потечна храна да внесувам, доручкувам овесни каши, јадам овошје... Иако не ми сака душата ќе испијам и по едно кафе во денот ама не секогаш ме тера за во вц. Не знам што да превземам веќе, ме утепаа гасови деновиве
Јас пак немам проблем со запек,редовно си овдам во вц. И исто така со мокрењето мн често одам во тоалет. Леле одткако влегов во 6 недела почнаа мачнините и преку ден имам гадење и мачнини. Леле ако е вака сите 3 месеци ц ц ц ц. Со првата бременост тАКА ми беше и се премачив.
И мене ми е втора бременост, минатата морав да ја прекинам во 12 недела заради аномалии на плодот. Но тогаш мислам дека не ми беше ни приближно волку мачно. Еднаш имав нагон за повраќање, до 7ма недела многу спиев и тоа беше се. После се си се врати во нормала. И апетит си имав нормален. Можеби па сега ми е вака зошто сум залежана, не излегувам од дома. На моменти и ужасни вртоглавици имам, посебно кога ќе станам од кревет. Се тешам дека ќе помине побрзо, мора да се истрпи
И јас бев со мачнини 7ма и 8ма недела над кофа ги поминав.. ме спаси Спрајт имал електролити и добар бил за вакви мачнини (врска немав)... вечерта кога мислев на инфузија ќе завршам 1 чаша спрајт ме освежи и смири. Пробајте па пишете дали ќе успее и кај некоја од вас
Здраво девојки, само кратко да напишам дека ќеја напуштам дискусијата во темата, го изгубив плодот. Се надевам дека ќе се читаме за скоро во поубави околности.
Баш ми е жал, искрено сочувствувам бидејќи сум минала еднаш низ слична загуба Во моментов нема зборови кои можат да те утешат и да ти ја намалат болката, но биди силна, штом еднаш се случила бременост, ќе се случи пак, верувај
Да ве прашам нешто, дали е нормално да го чувствувам бебето во 9та недела. Како мала вибрација во стомакот, како пеперутки. Ги прашав моите блиски викат е нормално, ама читам овде никој не осетил до 17 недела 18, па си викам да не се мрднувам јас од дома само шо седам, ама убо осеќам.