Јас сум 9 недела и уште ме болат градите. Не како претходно, и не постојано, но на допир ме болат и отечени ми се. Грчеви во матка имам поретко од претходно и послаби се. Веќе неколку дена мачнините ми се подобрени, скоро и да ги немам, дури се грижам дали е се во ред Утре сум на преглед се надевам дека се е добро...
Утрогестан примам, болките ми беа на пладне сега се помалку. Ги чуствувам како грч краток од страните на јајниците и еднаш на средина над папокот. Кога ќе се поднаместам ми се смируваат. Утре ќе ѕвонам на докторката за секој случај. Можда се само гасови Тоа еднаш кога ќе се изгориш и на ладно дуваш. Се трудам да немам црни мисли.
Бев денес на преглед, го прашав матичниот дали е нормално сега во 8ма,9та да ми исчезнаа мачнините, он ми вика до 12та недела ќе ги снема. Дали ме слушаше што зборам еве не знам
@Lovebug01 точно, не треба со никој да се споредуваме. Баш, супер ако сме се спасиле порано од мачнините , туку јас сум утре на втор преглед, дај кажи ми што се прави на втор преглед, проверуваат нешто крв , мокрача или небитно сега
Ништо посебно, вагинално ехо, мери должина CRL и гледа срцева акција, ми даде упати за крв, мокрача, ТОРЧ и Кумбс (дека сум 0 негатив). Упатите за крв, мокрача и ТОРЧ траат 1 месец, можеш кога сакаш да ги направиш, но до 12 недела би требало да ги направиш. Толку
Дека се појавуваат грчеви во мускули па така малце да не релаксира. Земи си нема гајле од магнезиумот. Само викаат до 36та недела да се зема , за да не ги покриел контракциите на матката.
Од хормониве што ми се в таван ми се направија акни на неколку места ама прилично боли,а во суштина имам чисто лице.Знам дека е ова нормално само не знам што да ставам на лицево да исчезнат?Дали сум ограничена во козметика?Смеам течност хлорамфеникол на памуче и после на лице? Пред бременост тоа користев и делуваше.
Даа еве сега читам дека е антибиотик.Нема да ставам и јас. А ставате нешто друго или да почекам сами од себе да си поминат?
Јас 2-3 пати неделно го чистам со пена на Афродита (обично под туш за да ми омекне прво од топлата вода) и презадоволна сум. Не знам дали е штетно ама го чистам со кружни движења 1 минута и одма плакнам. Цела бременост ми беше чисто и сега на крај ни ова не помага. Уствари ми помага пената ама ми излегуваат цело време нови веројатно и хормоните веќе играат улога.
4та недела сум, не ми е добро не знам зошто нонстоп плачам и многу стрес имам. Страв ми е да не му наштетам на бебето, ве молам погонете и кажете ми како да се смирам.
Мислам дека хормоните ме напаѓаат, направив чај од нане и камилица, се смирив малку. Ќе излезам сега кај јатрва ми ќе одам да се дистрактирам малку.