Добар ден девојки, ви се придружувам и јас ! Вчера бев на доктор 5+2 дена сум до денес , ми закажа контрола за 10 дена за срцева акција . Меѓутоа од вчера навака имам зголемен ваг исцедок, цело време сум со мокри гаѓи, до прееска кога приметив и големи бели/малку зелени парчиња но немаа некој чуден мирис, малку можеби. Незнам дали да закажам од вторник да идам на преглед или да почекам 10 дена до закажаниот :/ Дали некоја од вас имала вакво нешто ?
Добре ни дојде Зголемениот вагинален исцедок е нормално да го имаш, ако не те чеша и ако не мириса не треба да се грижиш. Мој совет, да почекаш на следна контрола, и да имаш некоја бактерија ако мислиш на тоа, не е сега препорачливо да примаш антибиотици.
И јас не сум баш добро со психата Како во страв го поминувам секој ден (зад мене имам една ќерка со која бременост долго време имав крварење, и уште една бременост која лошо заврши во 6 ти месец) можеби од се тоа што го имам поминато. Се трудам да сум позитивна но претешко ми е
Јас синоќа во 3 заспав, не знам дали беше поради хормониве или дека премногу се мислев. Сега сам малку подобра само што сум доста нервозна. Не можам да толерирам ништо. И сакам Македонија кај мајка ми да одам, ама границите се затворени.
Многу ми р жал вака кога ве читам. Ова треба да ви се најсреќни моменти. Мислете на бебето и малку смирено. Не мислете на коронава избегавајте вести. Гответе средувајте читајте. Нема зошто стрес и паники
Добро утро девојки. 4та недела сум и 4 дена според календарот, сеуште не сум била на лекар, земам 50мг еуторикс на своја рака, пошо знам дека треба да се продолжи да се земаат во бременост. Од денес осеќам само гадење а повраќање нема. Стомакот не ме боли повеќе како пред добивање и градите исто, само ми се отечени. Дали е се во ред?
Се е во ред , честитки и со лесно.Јас почнав да повраќам од 8ма недела па до 14 та.Ама има трудници што никогаш не поврнале.Болки во стомакот немав.Не му ја мисли уживај и отиди си побрзу на доктор.Да види срцева акција(додуша е рано) и слично за да добиеш најубава слика од една точка што ќе те направи најсреќна на свет
Да ве прашам нешто. 11 недела сум повраќањето потпрестана скоро и да го нема, сеуште имам мачнини но издржливи имам одбивност кон храна ама пак се снаоѓам да каснам нешто затоа што уште повеќе ми се лоши ако сум гладна. Е сега ме мачи нешто друго воопшто немам енергија буквално ме мрзи да станам да средам низ дома да исчистам некои работи да суредам, дали е тоа нормално? Станав ептен мрзлива жена
И да не си бремена на ова лежење дома 2 месеци ќе те фати мрза Шала на страна, скроз е нормално. Бебето сега се развива со полна брзина, не е веќе гравче како до пред некоја недела Сега ќе те црпи максимално и ти мораш да се пазиш. Издржи уште малку има до второ тромесечие, лежи си и уживај, верувам никој не те тера да работиш по дома, па и да е хаотично, што? Ич да не се замараш, кога ќе можеш тогаш. И јас на рати чистев. Еден ден прашина, утредента перална... Близу си до второ тромесечие, тогаш е многу полесно. Искрено, мачнините најтешки ми беа. Со лесно
Ако не се лажам и твојата последна менструација беше на 02.02, исто како кај мене...Значи јас и ти сме потполно во ист стадиум со тоа што јас веќе влегов во 12 недела веќе. Можеби должината на циклусот игра улога , мене ми е 25 дена, а и времето кога е зачнато па затоа сум јас некој ден понапред од тебе... Истите симптоми ги имам и јас како тебе, немам енергија, поспана сум , ми се лежи по цел ден...Искрено и косата едвај влегувам во купатило да ја измијам... До сега ниту едно повраќање немав, ама затоа пак гадење и бел секрет на гаќите колку сакаш... Закажа ли скрининг? Јас сум следен понеделник на 27ми април.
Јас вечерва завршив на болница 4+3 сум, сеуште не бев појдена кај матичниот чекав да помине некој ден да има што да се види. Крај 18 часот на бришење имав малку крв, не беше ни кафеаво ни црвено нешто измеѓу. Ајде реков ке почекам малку да не избрзувам но веќе крај 20ч имав малку повеќе. Се слушнав со докторот ми рече дојди да те видам, се беше во ред плод си има, на место си е ми рече нема потреба за паника само пушти си ја душата и што е твое ќе си биде. Ме боцнаа прогестерон и плус ми препиша утрогестан 2х1. Се потсмирив малку но сепак стравот е голем
И јас го претрпев буквално истото во 5+3. Не грижи се, ќе пројде. Тогаш се изначитав наназад по форумов и сфатив дека на многу им се има случено.
Штом ти кажал доктор дека се е во ред не се секирај јас на почеток секој месец добивав околу датата кога сум имала последен пат, а све беше како што треба така да не се секирај и лежи одмарај максимум
Истото го поминав на 5+6. Мисли позитивно, таа е терапијата, само без нервоза и страв, гали меше. Ќе се избори јуначето. Многу често слушам за ова, и јас лично го доживеав.
Јас пијам Дабростан 3х1 (уште ги пијам, 9 недела сум), ама верувам дека и Утрогестанот има исто дејсво. Јас уствари 3 дена имав така кафеавкасто и четвртиот ден баш прокрварив темно црвена крв и тогаш отидов на доктор. 3 пати ставав прогестерон депо, а дабростонот го пијам цело време. Крварењето престана веднашз а кафеавиот исцедок продолжи уште 5-6 дена. Баш докторот ми рече дека истата работа ќе ја завршат и дабростанот и утрогестанот. Не се грижи и одмарај, не станувај.
Еве баш сега бев во вц и имав дури и на влошката, ме секира тоа што е баш свежа крв. Абе да не е човек раат. И со првата бременост така прокрварев ама баш многу и лежев цела недела во болница, не се откри од што а ќерка ми се роди здрава права. Незнам ни што да мислам веќе
Уфф се надевам дека ќе биде полесно. Јас искрено се уплашив да не ми е крвта слаба пошто не се хранам како треба па затоа немам енергија
Цела недела бев и јас со влошка. Се случува, заради хормоните. Ќе се среди, само одмарај и не се грижи