Девојки, јас сум точно 11 недела од утре, па ме интересира дали е нормално во овој период баш пецкање доле во матката од време на време?
Која недела си? Мене такво ми се појави кај 10та веќе во 12та ми исчезна..на брисевите во 12та нрмам ништо и ми кажаа дека е нормална таа појава штом нема чешањр иритација итн.. бар кај мене беше така од камилица си помина
Да, нормално е. Кај некои повеќе осеќаат, кај други помалку или ич. Се додека е издржливо не е страшно
10+2 сум. Можда згрешив што прекинав со премивките по 4/5 дена затоа пак се појавило. Еве сега пред саат време убаво се измив и нема ништо ново на бришење.
Значи како кај мене и тебе ти се појавило. Секако во 12та на брисеви ќе бидеш најсигурна дека не е ништо. Можеш и превентивно да намалиш со благо евентуално кандида да не ти е..кај мене се посомнева гинекологот на кандида ама испадна ништо не е . И самото ми исчезна за 10тина дена. Секон ден со камилицата чим проаѓа е добро
Еееее и за благичкото сум си крива. Кандида сум имала и порано само не со таква боја, нели бело само. Во секој случај на преглед ке инсистирам да ги направиме брисевите. Па и да е на 10+4 таман до прв скрининг ќе направиме проверка дали се исчистило што и да е. Ти благодарам на одговорот ме смири малце
Подобро ми е од одредена храна, супа, јаболко, банани, фанта, крекери, кисело млеко, ама проблем е што кога ќе јадам ми е подобро пола сат после пак чувствувам гадење. Во куњата не можам ни да влезам толку ми се гади да мислам дека ќе умрам секој момент. Еве и вечерва се мислам како ќе ја поминам ноќва.
Исто ми беше и мене. Што и да јадев, додека го јадев ми беше океј, после пола саат почнуваше да ми се гади. Од тие работи што ги набројав ми беше подолго време подобро. Пиј повеќе течности. Ако ти се гади и од пијалок, пробај помали голтки почесто.
Дали нане (пеперминт) чај е во ред да се пие? Сакам да се напијам пред спиење сега да можам да заспијам подобро, ама пишува дека провоцира менструација...
Јас пијам некогаш од тој на Алкалоид Good Nature чај од нане... не е толку јак и мислам дека нема штета од една шолја
здраво за сите мали мешиња , го чекав денешниот преглед за да се приклучам во оваа тема , минатата недела хцг 330 , а денес ја видов малата точкичка според апликацијата 6 недели и 2 дена ама јас мислам дека е малку подоцна овулација па се договоривме следна недела за срцева реакција , немам нешто посебни симптоми освен градиве мислам ќе ми експлодираат ❤❤
Добредојде во групава и ти посакувам лесна бременост до крај симптомите обично околу 8ма недела се појавуваат, а и сите се различно, кај некои поизразени, кај други не. Уживај си и гали меше
Јас цела бременост ја поминав со чај од нане. Многу ми кркореа цревата од почетокот кога телото се менуваше и тој ме смируваше и после тоа продолжив да си пијам повремено. Да не е претерано нормално..
Да само навечер ќе пијам за да можам да заспијам. Денес мажот ми праша во аптека за таблети и ми дадоа Itinerol B6, многу ми се гади многу повраќам, не знам дали ми е од тироиднава исто. Синоќа во 4 се разбудив и само жолто потвратив, немав јадено месо 2 дена и денес со мажот ми отидовме во мек доналдс се најадов еден чизбургер и помфрит, зедов кока кола за пиење и сега само лежам не смеам да повратам а ми се гади. Нека се обработи храната внатре. И му викам на мм повеќе бремена никогаш!!
Не си требала тешка храна да јадеш мислам полошо си правиш од утре биди само на течно и ќе се средиш..ќе помине и тоа се надевам нема да те држи долго
Бев на лесна храна два дена ама ништо не помага секој ден се полошо, мислам дека хормоните ми се дуплираат секој втор ден. Сакав месо да јадам зошто ми беше страв за витамините. Подобро сум сега малце ми се гади ама не повраќам, мислам дека е од таблетава.
Не се секирај витамини не губиш јас бев 7 дена строго на течно на пире на варен зеленчук манџи лесни правев супи домашни и се опрајв..има шанси апчето да помогнало
Која недела си? Не се грижи првите се тешки после ќе уживаш. Мене ми беше најтешко од 7ма докај 9та после се намалуваше интензитетот. Целата бременост не ми беше лесна ама само што се породив си реков едвај чекам пак За мачнините пробај со лесна храна,непечени бадеми,многу вода па кога ќе се намалат мачнините ќе си надохнадиш со здрава храна. Со лесно!!
Па не знам искрено не сум била сеуште на лекар, последен период ми беше на 18 Март е сега користам некои апликации и вика 5 недели и 6 дена. На мажот ми не можам да се пожалам ме третира како принцеза, се ми купува, нонстоп ме прашува како сум, ми зборува дека ќе помине да бидам јака. Многу голема подршка ми е. Ама другите околу мене мислам и не ме разбираат како ми е, ама и не е битно. Осеќам дека не сум присебе, многу ми се хормоните..